„Фала ти моја прва љубов. Ми веруваше низ подеми и падови, беше моја константа кога се други изгледаше неизвесно. Ми покажа што љубовта навистина значи. Теренот го претвори во мое светилиште, дом во кој можев слободно да се изразам.
На тебе секогаш можев да се потпрам, ти ми покажа за што сум способен. Ме запозна со места и култури кои момче од Чикаго не ни можел да ги замисли. Ме научи дека секој пораз е лекција и причина да се биде благодарен. Ми понуди мудрост, не само за играта, туку за животот, дисциплината, напорниот труд, истрајноста. Ми објасни дека страста се неува, ме осигура во секој дриблинг, шут, акција да влезам со полно срце. Беше со мене и кога ми се чинеше дека сиот свет е против мене. Нашето заеднички време е подарок кој ќе го ценам цел живот. Ми кажа дека е во ред да кажам збогум, ме увери дека секогаш ќе бидеш дел од мене без оглед каде животот ќе ме однесе. Засекогаш твој, Дерик Роуз“.
Ди Роуз во НБА стигна преку драфтот 2008-ма година кога како прв пик беше избран од Чикаго Булс. Зад него тогаш на драфтот останаа играчи како Мајкл Бизли, Расел Вестбрук, Кевин Лав...
Дерик уште во првата сезона стана руки на годината, па МВП во сезоната 2010/2011 кога бележеше по 25 поени во просек со по 7,7 асистенции по натпревар. Булси таа година играа во финалето на Истокот а светот беше импресиониран од неверојатниот атлетицизам на 22-годишното дете на Чикаго.
Но за жал веќе следната сезона на почетокот на плејофот доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото поради кшто ја пропушти буквално цела сезона а во следната собра само 10 настапи додека се опоравуваше.
Од тогаш кариерата му ја следеа чести повреди. Дерик Роуз беше принуден да заборави на атрактивни скокови и забивања, да биде потрпелив, да биде играч од ротација наместо прва суперѕвезда и лидер.
Играше уште и за Њујорк, Кливленд, Минесота, Детроит и на крај за Мемфис каде ја заврши кариерата. Со репрезентацијата на САД освои 2 светски злата на Светските првенства 2010 во Турција и во 2014-та во Шпанија. 3 пати настапи на Ол-Стар натпреварот.