Расел Вестбрук и фаул во напад за девојчето што ја пее химната

Ненамерно секако. Во НБА за Божиќ традиционално се играат натпревари кои започнуваат со интонирање на американската химна. Пред мечот Хјустон Рокетс - Оклахома Сити, некогашниот МВП од Оклахома, Расел Вестрбук случајно ја собори на земја 15-годишната Сара Грејс која се спремаше за химната.