Работнички со специјално видео се загрева за роденденот

Со 14 првенствени титули и 9 Купови, КК Работнички е најтрофеен кошаркарскиот клуб во Македонија. Магијата на Градски парк ја почувствуваа многу славни македонски имиња, а темелите ги удри легендарниот стратег Лазар Лечиќ со првата петорка во историјата на клубот составена од: КЊАЗЕВ, САВОВИЌ, ЃОРГИЕВ, ЃОРЃЕВСКИ, Ј.ЛУКОВСКИ.

Фановите на Работнички се сеќаваат и нема никогаш да ги заборават имињата од типот на: Марин Докузовски, Буштурот, Јорданчо Давидков, Петар Наумовски, Перо Блажевски, Дејан Јованоски, Душан Боцевски, Тони Симиќ, Врбица Стефанов, Влатко Владичевски, Ѓорѓи Књазев, Игор Михајловски, Перо Антиќ, Ѓорги Чековски, Тодор Гечевски кој инаку утре на роденденскиот меч против Фенербахче ќе се прости од кошарката.

Нека ви е среќен 70-от роденден и да дочекате уште поубави времиња во македонската кошарка.

 

29 септември 2016 - 21:50