Не ја пипкајте топката, нека направи малиот трипл-дабл

На мечот Хјустон Рокетс - Оклахома Сити Тандер кој заврши 102-89 за „ракетите“, се случи интересен момент. На 90 секунди пред крајот, на 15+ поени предност за Хјустон, гостите промашија шут за три поени, топката се одби близу до Алперен Шенгун но сите соиграчи бараа Кевин Портер Џуниор да ја собере за да може да го комплетира својот прв трипл-дабл во кариерата: 11 поени, 10 скока и 11 асистенции (4/17 од игра)

30 ноември 2021 - 13:33