Во средата пишавме за Грег Браун III кој ги има најлудачките забивања досега сезонава. Има 20 години, ама сега се појави уште еден негов бесен врсник. Од Минесота.
Минатата сезона Ентони Едвардс го имаше најдрското куцање на годината, па сакаше да го повтори и сезонава. И му успеа и тоа преку Гејб Винсент кого го искористи како трамполина.
Само неколку секунди пред неверојатното забивање, Џими Батлер како по обичај мораше да направи некој екцес на теренот и го изнервира Едвардс:
just like old times pic.twitter.com/KE0eq9FVKd
— Rob Perez (@WorldWideWob) November 25, 2021
Еве како им одговори 20-годишниот кошаркар:
Но судиите не ги признаа поените поради фаул на Едвардс над противничкиот кошаркар.
Настрана неверојатното забивање, Едвардс беше убедливо најдобар поединец на мечот со 33 поени, 14 скока и 6 асистенции за 43 минути (најмлад играч во клупската историја на Минесота со ваков учинок на еден меч). Едвардс сезонава има просек од 22 поени, 6 скока и 3 асистенции и многу е веројатно дека ќе се појави на својот дебитантски Ол Стар догодина ако Минесота врзе уште некоја победничка серија до тогаш.
Во НБА се појави играч кој забива неверојатно и сите му се чудат