Ниту 43 поени на Расел Вестбрук, ниту пак предноста која во еден дел од натпреварот изнесуваше 17 поени, не беа доволни за Оклахома да го избегне поразот.
Кошаркарите на Мајами во втората четвртина направија серија од 16:0, а конечно дојдоа до водство дури на почетокот од второто полувреме.
Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл со 26 поени, 12 асистенции и 9 скокови, но се повреди на почетокот на последната четвртина. Сепак тој се врати на паркетот во последните минути и на крајот Мајами славеше со 104:98.
Марио Челмерс и Двејн Вејд постигнаа по 25 поени, а Крис Бош 13. Кај Оклахома освен Вестбрук, на висината на задачата беше само уште Кевин Дурент со 28 поени, а трет стрелец беше Џејмс Харден со само осум поени.
Следниот натпревар на кој Мајами може да ја освои првата титула по пауза од 2006-та година, а Леброн Џејмс својот прв шампионски прстен по девет години во НБА лигата, ќе се одигра во петок наутро.
Најдобрите потези од натпреварот: