Јак маалски потег на Лука Дончиќ

Фантастичниот словенечки репрезентативец реши и под повреда и силни болки да игра против ЛА Клиперс. Неколку дена паузираше поради повредата, но изјави дека многу е нервозен кога седи на клупа а не може да помогне. Неговиот Далас Маверикс го урна фаворитот ЛА Клиперс 112:104 после продолженија. Лука уфрли 26 поени со по 9 скока и асистенции. Во трет период постигна дури 16 поени.

Во првата четвртина по еден сјаен продор и дриблинг, поентираше преку Теренс Мен и му порача дека е премал да го чува („too fucking small“).

Судијата го слушна и го казни веднаш со техничка грешка.

Словенечкиот репрезентативец одигра сјајна партија дури и под повреда. Клиперси за продолжение се изборија со тројка на Пол Џорџ со звукот на сирената во регуларниот дел, но во продолженијата Далас Маверикс одигра подобро и заслужено славеше па ја прекина серијата порази.

Поентерски најефикасен кај Маверикс беше Кристапс Порзингис кој постигна 30 поени со 7 скока, а кај ЛА Клипрс Џексон запиша супер дабл-дабл учинок со 31 пон и 10 скока, а Пол Џорџ 26 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Мавси сега се трети на табела на Западот со учинок 10-7, а Клиперс петти со учинок 10-8.

 

24 ноември 2021 - 09:07