Анегдота со Лазо Лечиќ од гостување во Франција

Не е една анегдота, 1001 е, само треба да се најдеш во негово друштво, да слушаш и да уживаш, бидејќи во денешно време не се доживуваат вакви случки. Гркот ти е незаменлив лик.

На натпревар во Франција позади тренерската клупа веднаш до Лазо седела отмена госпоѓа со бунда и мало кученце. Екипата губи, Лазо нервозен, а кучето постојано лае. Не може да се концентрира. Се врти, го зема кучето и го фрла во публиката. За несреќа, госпоѓата е сопруга на претседателот на Франција и можете да замислите што следело потоа.

Ама Лазо не останува должен. На реванш натпреварот носи шарпланинец кој прави хаос на теренот во Скопје и го добива мечот со 17 поени разлика. Никогаш не е здодевно дружењето со Лазо.

Виа

КАКО ЛАЗАР ЛЕЧИЌ ГИ СТРОЕШЕ ВЕТЕРАНИТЕ НА РАБОТНИЧКИ

22 септември 2020 - 14:24