Американците ги избраа најдобрите од Европа

Кошаркарскиот портал HoopsHype направи листа со 25 најдобри европски кошаркари на сите времиња.

Без никакво појаснување за изборот, но и без некое поголемо изненадување, специјализираниот портал за кошарка HoopsHype ги набројаа најдобрите 25 кошаркари од Европа на сите времиња.

24 од нив играле во НБА лигата, а единствен од оваа листа кој целата своја кариера ја поминал во Европа е Дејан Бодирога. На првата позиција е Дирк Новицки, пред Тони Паркер и Пау Гасол.

Најдобрите европски кошаркари на сите времиња:

25. Николас Батум
24. Горан Драгиќ
23. Хозе Мануел Калдерон
22. Хуан Карлос Наваро
21. Данило Галинари
20. Дејан Бодирога
19. Мехмет Окур
18. Предраг Даниловиќ
17. Хидает Туркоглу
16. Дино Раџа
15. Шарунас Марчулионис
14. Рик Смитс
13. Зидрунас Илгаускас
12. Андреј Кириленко
11. Тони Кукоч
10. Жоаким Ноа
9. Марк Гасол
8. Детлеф Шремф
7. Владе Дивац
6. Арвидас Сабонис
5. Предраг Стојаковиќ
4. Дражен Петровиќ
3. Пау Гасол
2. Тони Паркер
1. Дирк Новицки

1 април 2014 - 10:25