Англичаните и до сега имаа строги правила за нивните фудбалери поврзани со кладењето, но отсега тие не смеат ни да помислат да се кладат на фудбал.
До сега на фудбалерите не им беше дозволено да се кладат на тимовите во кои играат или за кои настапувале, како и на натпревари од лигите и натпреварувањата во кои учествува нивната екипа.
Но Фудбалската асоцијација на Англија реши да ги заостри правилата, па така од 1 август професионалните фудбалери од првите осум лиги во Англија нема да смеат да се кладат на било кое фудбалско натпреварување во светот. Освен тоа, тие не смеат да се кладат и на други работи поврзани со фудбалот, како на пример опциите за кладење на следен тренер, трансфер на играч, избор на тим...
До сега во Англија за недозволено кладење беа казнети Таунсенд, Џером и Гослинг, а највисоката изречена казна ја плати Камерон Џером кого уплатениот тикет го чинеше 50.000 фунти.