Обично тој ден не го викаат ниту поправен, туку тоа е шлаемот останат од богатата викенд понуда и тогаш има на шалтер двајца без тројца.
Откако синоќа го објавивме малерот за 22.000 евра и махерот кој погодил четири луди нули во систем, ни стигна тикет со две утакмици кој на прва не бевме ни сигурни од која лига се.
Се работи за Холандија 2. И двете одиграни кец у два и двете фатени. Првата 1:0 полувреме, 1:2 крај, а втората 2:0 полувреме, 2:3 крај. Ги гледаш и си викаш, па добро бе ја 3+ не можам да погодам.
Уште еден момент за одбележување. Главниот актер со два гола на пресвртот за Фортуна Пресврт е наше дете. Се работи за Стефан Ашковски, кој игра на левата бековска позиција.
25 годишниот Ашковски има играно за Партизан, Шкендија, а кога во сезоната 2015/2016 постигна 3 гола на првите 6 кола за Нови Пазар во Србија, тогашниот селектор на Македонија Љубинко Друловиќ го повика за репрезентација.
Да се вратиме на кладилница. Истиот махер кој ни го прати тикетот, два пресврти во втората холандска лига закачил и пред 4 години.