Таг: стефан ашковски

Бегството на Ашковски од Иран кој морал да ја плати слободата

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски имал тешко патешествие на патот од Техеран до Скопје долг 3.200 км. Се соочил со затворени аеродроми и долго и неизвесно копнено патување со многу проблеми, без виза, а на почеток и без пасош. Клучен играч кој му помогнал од почеток до крај бил Мердар, шоферот на албанскиот репрезентативец Јасир Асани.

Видео од евакуацијата на Ашковски со ирански војници

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски е извлечен од Иран, откако САД и Израел извршија воздушни напади. 34 годишниот бек се пресели во оваа земја во јануари и стана член на Мес Рафсанјан, но фудбалот во Иран е стопиран и тој преку Турција бил успешно евакуиран од загрозените подрачја. Ашковски има 40 настапи за Македонија и се очекува да настапи на 26 март против Данска.

А спринтот на Стефан по цел терен го видовте?

Во згуснатиот викенд на спортски настапи и стотици голови, нешто сме пропуштиле од наш човек, а не оди да го пропуштиме. Повремениот македонски репрезентативец Стефан Ашковски кој игра за Ботошани на дуелот против Стеауа се претвори во Мбапе.

Провокација на македонски фудбалер во стилот на Меси

Стефан Ашковски игра во одлична форма во втората холандска лига каде стигна до гол број 10 сезонава. Фортуна Ситард славеше 3:0 над МВВ Мастрихт, а откако нашиот фудбалер го постигна последниот гол на средбата, го навлече гневот на гостинските навивачи кои го гаѓаа со што ќе стигнат.

Во Холандија ич не ги местат кец у два а?

Сте фатиле ли пари во кладилница во понеделник? Ама 40.000 и тоа на два утакмици од втора лига? Е има и такви.