23-то коло од француското фудбалско првенство почна во петокот со мечот меѓу ПСЖ и Рен кој заврши 1:0, а заврши синоќа со дербито на колото Монако - Лион кое заврши без голови.
За тие што доста време се всадени во кладилниците и што пратат каде најмногу, а каде најмалку паѓаат голови, тие два резултати не би требало да се изненадување, бидејќи им е познато дека во Франција не паѓаат многу голови.
Но ако играле 3+, ГГ3+, 1-1 3+ или некоја друга игра на која чекале дека ќе паднат минимум три голови на било кој меч во Лига 1, тогаш го искинале тикетот. Викендов не паднаа три голови на ниту еден натпревар во француското првенство.
Како мераклии на типување во кладилница и водење на Типстерот, ископавме да видиме кога последен пат имало коло во кое сите натпревари во Франција завршиле 0-2 гола. И покрај тоа што помисливме дека колово не треба да е изненадување, откривме дека ваков неефикасен ден немало дури седум сезони или поточно од 2007/2008.
Најголема можност да се повтори вакво коло со малку голови имало токму оваа сезона во второто коло кога со исклучок на мечот Ница – Бордо 1:3, на сите останати мечеви имало од нула до два гола.
Претходно тоа се случило во сезоната 2009/2010 и тоа во три кола каде исклучок секаде бил резултатот 1:2. Средбиле со тој резултат кој спречиле цело коло да заврши 0-2 гола биле Лорен – Марсеј, Ле Ман – Марсеј и Нанси – Сент Етјен.