Со развивањето на онлајн кладењето во светот, целата „индустрија" со кладење доживува огромна експанзија во последната декада. Новите иновации како кладењето во живо и развивањето на мобилните платформи на кладилничарите им нуди шанса да вложуваат кога сакаат и од каде сакаат и во последниот период кладилничарската индустрија доживеа целосна трансформација. Кладилниците очекуваат за време на Светското првенство ова лето да примат повеќе уплати преку мобилни телефони одколку на шалтер во кладилница.
Освен тоа, за време на Светското првенство кладилниците очекуваат да го достигнат и врвот според уплатените суми. Само за време на најголемото фудбалско натпреварување тие очекуваат да примат уплати од 1 милијарда фунти.
За време на Светското првенство кладилниците ќе понудат 700 различни опции за кладење, па ќе можете да се кладите на сè и сешто, од кој прв ќе даде гол, број на картони, до кој последен ќе му удри шамар на Роналдо.
Најпопуларно е кладењето на победникот. Фаворит е домаќинот Бразил со коефициент 4 пред Аргентина (6), Германија (6,5) и Шпанија (8).