Фудбал

Шишај ме кратко, утре дебитирам во Премиер лига

Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.

Аргентина нема ниту играчи ниту селектор за Рио

Фудбалската федерација на Аргентина објави список од 18 играчи кои треба да патуваат на Олимписките игри за еден месец, но не добија сите зелено светло од своите клубови. Ситуацијата е хаотична и можно е воопшто да не учествуваат.

Ефектот Роналдо

Кога на некој ќе му тргне од сабајле на монтажа излегува вакво видео.

Кварезма не е за старо железо, прашајте го Џо Ален

Некогашната ѕвезда на португалскиот фудбал си поигра со резервистот на Ливерпул.

Португалија е првиот финалист на Европското!

Португалија ќе игра во своето второ финале на Европско првенство, откако вечерва со 2:0 го совлада Велс. Португалците во Париз во недела ќе се обидат да го заборават болниот пораз од Грција пред 12 години.

Малиот што се сликаше со Португалија пред мечот

Во најдосадното полувреме од досегашниот тек на Европското, најинтересен момент беше дечкото кој застана да се слика со Португалците пред мечот.

Најдраматичното полуфинале на ЕП со 9 гола и Југославија како победник

На денешен ден пред точно 56 години Франција и Југославија го одиграа првиот меч на Европските првенства кој всушност остана еден од највозбудливите и заврши со лудачки пресврт за 4 минути.

Полуфинале во знакот на колегите од Европскиот првак

Иако фудбалот е тимски спорт произведува епски битки меѓу некои од нејзините најистакнати експонати. Најновата се игра вечерва во Лион каде се среќаваат двајцата најскапи фудбалери во историјата кои пред 40 дена заедно се радуваа на пехарот во Лигата на шампионите.

Меси и татко му осудени на 21 месец затвор

Ѕвездата на Барселона на почетокот на јуни се појави на суд, заедно со татко му поради сериозните обвинувања за затајување данок, а денес ја слушнале пресудата и ќе мора да платат 2 милиони евра.

Старо ама многу добро

Џанфранко Ѕола вчера наполни 50 години. Дресот на Челси го носеше од 1996-та до 2003-та, а кога му одеа тројца од Ливерпул имаше вакво чаре:

Кристал Палас има повеќе играчи на ЕП од Реал и Барселона

Статистиката покажува дека 25% од играчите на Европско биле од англискиот фудбал, а од француското првенство имало помалку играчи отколку од англиската втора лига.

Зошто ретко кој навива за Португалија

Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?

Првиот ден на Гвардиола во Манчестер Сити

Пристигна на Етихад на 3 јули во 13:43 и за едно час и 15 минути направи обиколка во базата на клубот. Се запозна со вработените, ги виде како тренираат децата на Манчестер Сити до 13 години и на крај се појави пред навивачите. Од фудбалерите налета на Илкај Гундоган кој го донесе како засилување од Борусија Дортмунд. 

Сите слободни удари на Роналдо на ЕП 2016

Изведе 10, не даде ниту еден гол од слободен и сите му се ужас, освен вториот против Унгарија, единствен на кој се помачи голманот да му ја фати. 

6:1 за Германија против домаќините во полуфинале

Светскиот првак освен што има квалитет, моќ и прилика да врзе и Европска титула, има и една опасно добра статистика која е на нејзина страна и од која треба да се плаши Франција.

Најголемите шест фудбалски изненадувања во годината

2016-та на фудбалски план уште сега се знае дека ќе се памети по тоа што малите им покажаа заби на големите и им демонстрираа дека поранешен четвртолигаш или фармер може да му одржи лекција на оној кој спие на пари и мисли дека е најдобар.

Кој е најмногу елиминиран на пенали

Поразот на Италија од Германија е шестиот несреќен меч за Италијанците кои го загубиле на ЕП и СП на пенали. Со тоа станаа рекордери во друштво на Англија и Аргентина. Ѕаѕа и Пеле не се единствените пациенти, Ди Бјаџо зема краток залет против Франција, а тоа со Баџо против Бразил не се заборава.

Што сè треба да знаеме за Антоан Гризман?

Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.

Кога ќе ти се погоди неделата

Имаш 22 години, дебитираш за репрезентација на Европско и тоа во четвртфинале, а три дена претходно те купува Барселона. Да, има и такви приказни во фудбалот за кои треба к`смет, но и квалитети.

Авторот на исландската бајка кој го скроти Ибрахимовиќ

Човекот кој девет години ја водеше Шведска на големите натпреварувања имал авантура и во Нигерија каде сфатил дека фудбалерите успехот или неуспехот го гледаат низ призма на религијата. Денес, на 67 години е творец на чудесната бајка на Исланд на Европското.

Епската 119 минута меѓу Италија и Германија

Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Германија не е единствениот повод да се вратиме на претходниот нивни меч на кој имаше продолженија, туку тоа си го стори и јубилејот од точно 10 години.

Податокот кој го краси тимот на Исланд

Островот со 300 и кусур илјади жители кој импресионираше на ова Европско првенство, стигна до топ 8 со играчи кои немаат богато фудбалско педигре, туку одиграа со срце и едноставно се незаменливи. Еве во што се први.