Фудбал

Кој е малиот голман за кој Сити даде 40 милиони евра

Дошол на грандиозниот „Луж“ на 16 години од Бразил и за него немало место во пеколната голманска конкуренција, па го дале на третолигаш. Таму Едерсон покажал зошто ќе биде иден долгогодишен голман на „Кариоките“ и зошто Гвардиола потроши 40 милиони евра на него.

Највредниот неважечки лист на избори во Сплит

Наместо да црташ непристојни работи и глупости, ако решиш да им ставиш до знаење на кандидатите за кој ќе гласаш, земи слика од својот идол. А Трифон Иванов на сите ни беше идол.

Здравко Мамиќ доби бокс и падна во море

Поранешниот претседател на Динамо Загреб кој сега работи како советник во клубот се соочи со непријатен инцидент и во еден момент останал без свест.

Податокот кој го прави Реал Мадрид повеќе од екипиште

Ако се прашувате како Кралевите стигнаа до трофеј во Ла Лига и Лига на шампиони, а ги освоија и Супер Купот на Европа и Светското клупско првенство, еве го одговорот. Имаат сезона за историја.

По дуелот во Скопје, Арда Туран давел постар новинар во авион

Фудбалерот на Барселона на својот Инстаграм напиша долг пост во кој вели дека не се правда, само ја информира јавноста за инцидентот што го направил синоќа.

Двата најубави гола во Лига на шампиони

Неверојатниот гол на Марио Манџукиќ во финалето на ЛШ против Реал е прогласен за гол на сезоната 2016/2017. Веднаш зад него е оној на Бразилецот Каземиро на меч против Наполи во раната фаза.

Храбро реми на Македонија со 25-то рангираната Турција

Македонската фудбалска репрезентација заслужува честитки за играта на пријателската средба со Турција во Скопје. Тимот на Мрме целосно ја надигра селекцијата која 111 позиции е подобра од нас на ФИФА, но за жал не видовме голови на толку шанси.

Потоп на Јуве, Реал Мадрид испиша нова историја во ЛШ

Кралскиот клуб стана прв во елитното натпреварување кој успеа да го одбрани трофејот. Јувентус потфрли, сонот на Буфон се сруши со трето загубено финале. Роналдо со два гола стигна до 105 и 4 трофеи во ЛШ. Во Скопје на 8 август ќе ги гледаме Зидан и компанија против Манчестер Јунајтед.

Роналдо или Буфон?

Ако вечерва во Кардиф треба да се изберат двајца потенцијални клучни играчи на финалето, тоа сигурно се најдобриот голман во светот и најдобриот фудбалер во светот. Ракавиците на Џиџи или нишанот на Кристијано? Нема пораелна прогноза од тоа човек да каже 50 - 50.

Сите досегашни битки меѓу Јуве и Реал во ЛШ

Финалето во Кардиф ќе биде 19-то соочување меѓу титаните на европскиот и светски фудбал кои само еднаш се сретнале во финале. Колку се овие екипи изедначени покажува и нивната историја. 8 победи на Реал, 8 на Јуве и две нерешени средби.

Една поинаква најава за финалето во ЛШ

Со самото тоа што нивнините имиња се Јувентус и Реал Мадрид, финалето го носи епитот на епска битка која е инспирација за некој да направи вакво видео. Зборуваме за 33 кратниот шпански против 33 кратниот италијански првак. Појако финале не можевме да посакаме. 

12 непознати факти за финалето Јувентус - Реал Мадрид

Во пресрет на дуелот кој нестрпливо се чека во целиот свет, неколку факти кои не се многу познати во јавноста.

Најава за финалето во Кардиф

Европа, па и светот брои два дена до што би рекол Калински, дуелот на титаните. Шампионот на Шпанија против шампионот на Италија. Меч на кој не се трепка и не се грицкаат семки, туку се гледа во еден здив 90 минути. И да има пенали не се љутиме, битно да има голови и убав фудбал. Се ближи сабота, 20.45.

Најверните 8 фудбалери од најсилните европските лиги

По 24 години Франческо Тоти и Рома се разделија. Има и други играчи кои им одолеале на понудите и останале во ист дрес покрај истите навивачи, но никој толку време како него. Ова се осуммината актуелни фудбалери од кои треба да се учи лекцијата по верност.

Крвавиот хет-трик на Роналдо

Имал 16 години, го решил мечот со хет-трик, ама за секој гол попил по една. Мистериозната приказна за ќотекот ја раскажува самиот Роналдо.

Цела Италија стиска палци за Парма

Клубот од Енио Тардини едноставно не го личи да биде во трета лига. Со тоа ќе се сложи секој неутрален навивач. Како стојат работите овој клуб кој беше извор на славни фудбалски имиња и кој освои 8 трофеи во 90-те, за некое време може повторно да го гледаме во елитата.

Штип во сабота ќе биде центарот, како кога гостувал легендарниот Еузебио

На 3. јуни кога се игра ракометниот Фајнал Фор и финалето на Лигата на шампионите, во Штип ќе биде откриен споменик во чест на најславниот Штипјанец, Драгослав Шекуларац, човекот кој го донесе Еузебио во родниот град.

Како изгледаше првиот ден на Серхио Рамос во Реал

Во летото 2005-та Реал Мадрид плати 27 милиони евра за тинејџерот од Севиља.

Ибрахимовиќ почна да работи со топка

Откако на крајот на април тешко се повреди на дуелот со Андерлехт, лекарите на Манчестер соопштија дека Златан може да пропушти 8-9 месеци. На почетокот на мај му го оперираа коленото па Лига Европа славеше на штаки. А веќе на 31. мај на Инстаграм приложи видео на кое се гледа како работи со топка.

Македонија падна три места на рангот на ФИФА

Според најновата ранг листа на ФИФА објавена утрово, македонската фудбалска репрезентација се спушти од 133-та на 136-та позиција.

Фудбалер од одбрана се претвори во Буфон

Ако на американскиот прволигаш Орландо Сити некогаш му се повреди голманот ич да не му чуе, бидејќи има резервен кој игра во одбрана. По оваа не успешна акција на гостите, тренерот треба да ги носи на вечера и дефанзивецот и голманот. Море што сторивте?

Колку е тешко да се биде фудбалер – муслиман за време на Рамазан

Погба, Емре Кан, Кедира, Озил и ред други познати играчи, особено од репрезентацијата на Турција секоја година се соочуваат со истиот проблем. Како да се издржи 90 минути на терен со гладен стомак од верски побуди? Еден фудбалер вели дека се работи за навика, но со тренерите се нема разбирачка.

Компилација на најхаотичните голови на сезоната

Дел сме ги објавувале во текот на сезоната, дел сме ги пропуштиле, дел сме ги гледале на тв. Ако сакате клип со најсмешни видео инсерти ова е тој со голем микс на автоголови, грешки на голмани, голови со рака, колено, рамо, голови од карамбол и сл. Општ хаос.

Писмото на тренерот на Кротоне до загубениот син

Тренерот на најголемото изненадување во последните 10 кола на Серија А, Кротоне, Давиде Никола на Фејсбук објавил емотивно писмо посветено на загубениот син.