Џошуа Кимих е бекче кое шиба во напад и кој секој тренер би го посакал во екипа. Ланската сезона во Баерн Минхен му беше топ со 40 средби и 9 гола на сите натпреварувања.
Селекцијата на Германија во понеделникот ја прегази Норвешка со 6:0 за 8 од 8 во овој квалификациски циклус, а Кимих на оваа средба стигна до 21 натпревар кој го почнал и завршил за својата земја.
22 годишниот фудбалер кој држи и одбрана и средина со тоа го израмни сопствениот рекорд на легендата Франц Бекенбауер стар 44 години (1973-1975). Пред нив е само Берти Фокс кој во периодот од 1968-ма до 1971-ва има одиграно 34 натпревари по ред 90 минути.
Младиот фудбалер на Баерн стана составен дел од селекцијата предводена од Јоаким Лев и тој го играше како десен бек на Европското првенство минатото лето. Негово деби за Германија се случи во мај 2016-та на пријателски натпревар против Словачка. Лев за него рече:
„Џошуа е еден од најголемите таленти кои ги имам видено во последните 10 години. Има глад и желба за играње и сака да биде во топ форма на секој тренинг. Мислам дека ќе направи голема кариера“.
Често го споредуваат со Филип Лам кој годинава замина во пензија, но Кимих не смета така.
„Филип уживаше во една совршена кариера и никогаш не можеш да замениш играч како него. За мене е важно да одам по својот пат. Не сакам да ме гледаат како негов клон. Сакам да ги направам работите како Џошуа Кимих.
Инаку тој е член на Баерн Минхен од 2015-та, а кариерата ја почна во Лајпциг во 2013-та година. Со Баварците има две титули во Бундеслигата, Куп и Супер Куп на Германија, а со репрезентација до 19 години години во 2014-та стана Европски шампион. Изминатово лето со сениорите го освои Купот на Конфедерации.