Фудбал

Најмоќната жена во светот на фудбалот и десна рака на Абрамович

Ако не сте голем љубител на англиската Премиер лига во ред е никогаш да не сте го слушнале името Марина Грановскаја. Ако не сте страстен навивач на Челси, речиси сигурно не знаете како таа изгледа.

Вардар слави 70 години постоење

Фудбалската приказна на Вардар започнала на 22. јули 1947 година кога во киното ’Вардар’ во Скопје се направила фузија од двата клуба Македонија и Победа и се родил Вардар.

Гладијаторски маски, очила, мимики и гестови за прослава на гол

Во еуфорија и налет на емоции многу од фудбалерите не знаат што да направат од среќа па многу често се глупираат. Но има некои смислени и оригинални прослави на гол кои навивачите добро ги прифатија.

Зошто Чех одби да го крене пехарот освоен во Кина?

„Дечки, ова не е реален трофеј што треба да го креваме. Ајде да го кренеме најголемиот на крајот од сезоната, а не овој“, им рекол капитенот на Арсенал на помладите соиграчи после победата против Баерн Минхен на пријателскиот меч од Меѓународниот фудбалски Куп во Кина.

Македонскиот клупски фудбал во европскиот крем

По одиграните натпревари во квалификациите за Лига на шампиони и Лига Европа, нашиот клупски фудбал конечно живна во рангирањето и во моментов се наоѓа пред најсериозните фудбалски лиги на континентот според освоените бодови на рејтингот.

Звукот на пречката по бомбата на Адриано

Во септември 2004-та Интер го пречека Палермо на “Џузепе Меаца“ и дуелот заврши 1-1, но ќе се памети по звукот на неверојатниот шут на Адриано кој заврши во пречката.

Како тренира Реал Мадрид пред Скопје

Втора сезона по ред, кондиционите тренери на европскиот шампион со помош на уредот под маиците за тренинг, ја мерат работата на срцето и физичката подготвеност на секој играч.

Кој е новиот тренер на Борусија Дортмунд

За разлика од студениот Тухел, Петер Бош носи лавина емоции, чудни гримаси, тензија и пресинг на теренот, расправии со судиите и сè она што во Дортмунд го немаше по заминувањето на Јирген Клоп.

Рабоната која го претумба стадионот на Бока Јуниорс

Во 52’ минута од мечот Бока Јуниорс - Килмеш, шпицот Џонатан Калери го постигна можеби најубавиот гол на легендарниот стадион Бомбонера во Буенос Аирес.

Вардар ќе игра во својот дом против Копенхаген

Откако стадионот „Младост“ во Струмица ни крив ни должен се изнагледа европски фудбал летово, УЕФА реши од неколку причини да ја прифати молбата на Вардар да игра на Националната Арена.

Таткото на италијанскиот изум катеначо и творец на славниот Милан

Во историјата на Милан секогаш имало големи тренери благодарение на кои клубот освојувал скудета, Лига на шампиони и многу други европски и светски трофеи. Но човекот кој ја почна бербата на трофеи е творецот на катеначото.

Што мака ги тера да гризат на корнер

На дуелот од реномираниот Голд Куп меѓу Сад и Ел Салвадор, стоперот на Салвадорците Хенри Ромеро прво го гризна центарфорот Жози Алтидор а потоа и си играше со неговите гради. Фатен е од камерите и ќе му следува суспензија.

Сисињо, густиот сок и кожната јакна на Бекам

Бразилскиот десен бек беше дел од генерацијата ’Галактикос’ во која играа Фиго, Зидан, Бекам, Роберто Карлос, Роналдо и многу други ѕверки. Во едно гостување на бразилска телевизија Сисињо раскажа за првата средба кога му исфлекал скапоцена кожна јакна на Бекс па морал да се снаоѓа.

Што треба да знаеме за следниот противник на Вардар

А ќе го дознаеме некаде околу 21:15 вечерва кога би требало да заврши реваншот меѓу Копенхаген и Жилина. Словаците пред невозможна мисија, Данците поблизу до Вардар.

Двата најубави поништени гола во историјата

Едниот го дал Кевин Киген во 1981 година како играч на Саутемптон против Манчестер Јунајтед кога линискиот судија сметал дека Дејвид Армстронг претходно бил во офсајд. Вториот го даде Уругваецот Кавани на пријателската Барселона - Наполи при резултат 0-0 кога наводно Хамшик беше во офсајд. Кој од кој поубав.

УЕФА дава, но УЕФА може и ќе земе од Вардар

Во ситуација кога работат дигитроните и се пресметува колку ќе се наполни касата на Вардар по успешниот скок во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, малкумина размислуваат за евентуалните казни поради сериозните пропусти во организацијата на мечот во Струмица.

Сјајниот Вардар го прегази Малме и оди во трето коло!

Пред околу 5.000 гледачи на стадионот „Младост“ во Струмица, фудбалерите на Вардар го одиграа можеби најдобриот меч во последните неколку години и сосема заслужено му одржаа лекција на шведскиот шампион Малме 3-1 (0-1)

ФФМ ли е, јулски оперски вечери ли се?

Најпријатна вест деновиве е трансферот на големиот фудбалски талент Ељиф Елмас во гигантот Фенербахче. Тоа ги инспирираше луѓето кои ја водат Фејсбук страницата на Фудбалската федерација на Македонија да го испратат бисерот со песна на далечен пат.

Последиците на играњето со топка во кујна

Кај што не сака да ѝ се мешаш додека спрема ручек, па уште да и тапкаш со топка тука додека мие садови. Готов си.

Бидете фер, сменете им го новиот дрес на Бонучи со друг

Здружението за заштита на потрошувачите во Италија вели дека има луѓе кои давале по 105 евра за нов дрес од Леонардо Бонучи а управата паралелно договарала негова продажба и тоа не е фер.

Светскиот шампион Ѕакардо бара клуб на ЛинкдИн

Во 2006-та беше член на неверојатната генерација на Италија која што го освои Мундијалот и стана светски шампион, а денес праќа апел преку познатата социјална мрежа за да најде нов клуб.

Уапсен претсдателот на шпанската фудбалска федерација

Првиот човек на шпанскиот фудбалски сојуз и потпретседател на ФИФА и УЕФА, Анхел Марија Виљар е уапсен заедно со неговиот син Горка и уште десет други лица во истрагата за коруптивни зделки.

Митот за 2-0 како најнезгоден резултат

Неретко кога една екипа ќе даде втор гол за водство од 2-0, се наоѓа некој што ќе каже ’мајсторе, ова е најзаебан резултат’. Дали навистина е така или се тоа само празни кладилничарски муабети?

Потпишува со Милан и му се испушти Forza Lazio

Едно од највредните засилувања за Милан летово (а дојдоа многу), Аргентинецот Лукас Биља имаше мал гаф кога го водеа да потпише договор. По навика во Рим викал Форца Лацио, па уште ненавикнат на новиот клуб, се посрамоти во Милано.