Македонскиот репрезентативец одигра одличен натпревар во денешното 17. коло од Чемпионшип лигата и беше најзаслужен за освоените три бода со кои Лидс славеше против Мидлсброу со 2:1. Гол број 3 за Алиоски во дресот на Лидс Јунајтед, кој со 26 бода е на делба на шестата и седмата позиција, токму со денешниот нивни противник.
Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски конечно го прекина постот од 8 месеци за својот тим Јокохама Маринос и тоа со мајсторски гол од 25 метри. Ова е трет негов сезонски погодок со кој го отвори резултатот против Осака уште во 13-та минута. Браво за потегов, дрско и милиметарски прецизно во агол.
Толку беше со репрезентациите, сега острете се за клупски фудбал и тоа уште од 13:30, за кога е закажано градското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем. Ве враќаме назад точно 15 години. Виера очекувано го натскока својот чувар во шеснаесетник, Анри ја собра таа топка на своја половина и потоа гледајте што им направи.
Фудбалски навивач кој веројатно имал доста слободно време, фатил да прави статистика на тема која репрезентација во просек имала најмногу публика на мундијалските квалификациски мечеви. Резултатите за Македонија се погубни. Бангладеш е пред нас. Исланд и Хаити држат лекции.
Легендата на Лацио и Интер заедно со Оливие Доља беа гости во фудбалската академија на ФФМ во својство на предавачи. Станковиќ кој заедно со својот колега се дел од Одделот за развој на фудбалот во УЕФА, ја пофалија ФФМ за нивната посветеност во младинскиот фудбал во Македонија.
Коинциденцијата не се однесува само на Италија и нивното фијаско, туку на вкупно четири едни исти факти кои постојат шанси да станат пет. Зависи што ќе направат Нејмар и другарите.
Ако некој најдобро може да ги опише првите мигови на Меси во Барселона, тоа се неговите тогашни соиграчи кои признаваат дека бегале од него кога требало да се игра еден на еден. Еднаш се договориле да го клоцаат сред игра, ама не успеале да го стигнат.
Оваа есен беше полна со разни новости за Нејмар кој летово 2017 за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ. Бразилецот стана најскапиот играч во историјата, но во Париз му се случуваат чудни работи.
Џексон Фолман сега ќе биде голман на параолимписката репрезентација на Бразил. Ногата му ја ампутираа набрзо по авионската катастрофа и во февруари годинава решил да стане параолимпиец.
И покрај дождливото време Академија Пандев и Вардар ги наполнија мрежите во Битола и Тетово на денешното 15-то коло во македонската Прва лига. Струмичани славеа против Пелистер со 3:4, а македонскиот првак ја декласираше Ренова 2:5. Имаме два гола за издвојување.
После Светското првенство 1958-ма - последно на кое не играла Италија, местото на голот на обновената репрезентација го добил Лоренцо Буфон. Втор братучед на дедо му на Џиџи Буфон. Уште е жив и се крсти во Џиџо Донарума.
Без разлика на сериозноста на повредата и на годините со кои го носи епитетот ветеран, Златан не е Златан ако не даде ваква изјава, како вистински маж. Капа доле за упорноста и решителноста. Слушајте и учете.
За квалитетите на селекторот кој има тренирано екипи како Пиза, Бари, Месина, Лече и Венеција, а врвот му се Торино и Сампдорија, доволно говори и содржината на оваа порака која играч на Италија му ја пратил на свој колега.
Со триумфот на Перу над Нов Зеланд, комплетирани се 32-те земји учеснички на Мундијалот кој ќе се игра од 14 јуни до 15-ти јули во Русија. Домаќинот се падна во најлесната можна група. Англија против европскиот првак.
Од Нов Зеланд до Перу според Гугл мапс има 19 часа летање со авион, но за гостинската селекција патешествието траеше уште подолго. Перуаинските аеродромски власти од необјасниви причини слетувањето им го одложија за три часа и поради тоа Нов Зеланд за момент запре во малото градче Икике во северно Чиле. 36 годишниот Шеин Смелц тоа го искористи за сув краток тренинг.
По пауза од 36 години Перу се враќа на Светските првенства, а земјата до толку е во транс што од преголемо славје се активираше апликација за мерење на земјотреси.
Легендарниот колумбиски фудбалер кој нема кој не го памети по фризот на трите Мундијали на кои учествуваше (1990, 1994 и 1998), е вклучен во реклама за борба против ракот. Ама ептен оригинална реклама.
Младинската репрезентација на Норвешка ја совлада Ирска У21 со 2-1 во квалификациите за Европско првенство. Мартин Одегард го отвори резултатот уште во 19’ минута. При резултат 1-1, надежта на Реал со страшна асистенција проигра свој соиграч но тој не реализираше. Норвежаните победија после голот на Ивер Фосум во 90’ минута од мечот.