Фудбал

Голем триумф за Ристовски и Адеми, дебакл за Миовски во Лига на шампиони

Динамо Загреб игра како препороден во Лига на шампиони откако на клупата го вратија човекот кој во минатото им носеше титули, тренерот Ненад Бјелица. Со капитенска лента околу раката Стефан Ристовски вечерва одлично командуваше со одбраната а Динамо Загреб на крај со 1-4 го растури Слован Братислава за 3 златни бода во Лига на шампиони.

Големи почести за новиот тренер на Манчестер, во Лисабон овации за Аморим

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим (39) вечерва за последен пат го води Спортинг Лисабон пред своите навивачи. И тоа против Манчестер Сити во Лига на шампиони каде „лавовите“ водат 3-1. Пред натпреварот навивачите кренаа огромно покривно знаме во чест на Аморим со неговиот лик и трофеите кои во изминатите години му ги донесе на Спортинг каде направи права ренесанса.

Детската желба за фудбал не умира во Валенсија

Шпанија се бори со една од најголемите природни катастрофи во историјата на земјата. Последните бројки се 217 мртви и уште исчезнати. Најсилното оружје кај децата е топката.

Брилијантна фудбалска анализа на Димитар Бербатов

Тоа е тој балкански муабет во британското студио на Скај. Водителот вели дека не очекувал таков коментар, а Џејми побара пауза.

Како изгледа едно убаво неделно попладне на фудбал во Италија?

Болоња игра историска сезона затоа што екипата минатата сезона успеа да обезбеди пласман во Лига на шампиони после повеќе од шест децении. Некогашниот шампион на Италија им овозможи на навивачите да уживаат на три фронта, во Куп на Италија, во Серија А и во Лига на шампиони. Еве како изгледа еден меч на стадионот „Ренато Дал’Ара“ во студентскиот град Болоња.

Савичевиќ ја коментира легендарната фотка со Панчев, Пикси и Роби

 „Има еден добар цитат кој вели: Србин, Хрват, Македонец и Црногорец беа најдобри во светот, а не е виц. Така што, тоа е вистински виц. Сега оваа слика би вредела милијарда евра“.

Имаме фер плеј на сезоната - Пепе од Порто

Порто во 10. коло од португалската лига Примеира со 4-0 го совлада Ешторил и ја продолжи потрагата за лидерот Спортинг кој има 30 бода (10 меча 10 победи). Јунак на натпреварот беше Бразилецот Пепе (не легендарниот ветеран кој неодамна се пензионираше). Пепе ај што даде гол во 28-ма минута туку и во еден момент додека имаше 100% шанса за гол испадна фер пред повреден противнички играч кој лежеше на земја.

Видео од громот кој усмрти фудбалер во Перу

Језиви сцени доаѓаат од фудбалски натпревар во Јужна Америка кој заврши трагично.

Новинар сафра го удави Рубен Аморим

Најдобриот португалски тренер во моментов, Рубен Аморим (39) во пресрет на мега дуелот Спортинг Лисабон - Манчестер Сити се соочи со она што веќе за неколку дена го чека. Англиските новинари. Знаат да бидат досадни ко крлеж. Аморим потпиша богат договор со Манчестер Јунајтед кој за него плати 11 милиони евра обештетување за да го откупи од Спортинг Лисабон. Аморим уште некој ден ќе биде на клупата на Спортинг а после се префрла во Манчестер.

Меси раскажа како би сакал да го паметат луѓето

Така како што сакаат, вели Лионел откако кажа дека е благодарен на Бога за кариерата каква што ја има и откако освои сè што можеше да освои.

Поплава во домот на Левандовски во Барселона

Невремето кое беснешее во југоисточна Шпанија и кое зема над 200 животи, се префрли и во Барселона, но во поблага форма. Поплави има во градот, на аеродромот, но и во куќата на Роберт Левандовски кој не се појавил на синоќешниот тренинг пред гостувањето против Црвена Ѕвезда.

Балотели после долго време пак заигра во Италија

Марио Балотели пред неколку дена потпиша со Џенова. Се врати во италијанскиот фудбал после 1,701 ден односно 4 години. Влезе од клупата за резерви синоќа на мечот со Парма, одигра 4 минути и доби жолт картон.

Нејмар се врати и цупка

Бразилецот после 1 година пауза поради повреда, операции и опоравок, се врати на фудбалските терени. Во 4. коло од азиската Лига на шампиони Ал-Хилал со хет-трикот на Александар Митровиќ го совлада Ештегал од Иран со 3-0. Немар влезе во игра во 58’ минута од клупата за резерви но излезе во 87-ма минута поради ситна повреда. Се плашеше, избегнуваше контакти што е и нормално после тешко враќање. По мечот изјавил дека докторите му кажале дека се можни ситни повреди додека влезе во форма.

Бекам го објаснува импактот на Меси во Мајами

„Отсекогаш сакав да направам нешто за фудбалот и за Америка која ми даде многу. Лео ни е подарок. Инспирација за младите. Уште сум возбуден кога го гледам како игра. Уште не можам да поверувам дека игра кај нас. Знаев дека ќе биде успешен на терен, но знаев дека ќе ни помага и надвор од него. Затоа беше важно да биде опкружен со правите луѓе како Серџо, Луис и Жорди. Со нив си сигурен дека и семејството му е среќно. Сите елементи се важни кога носите таков играч“.

Нова циркузијада во режија на Мурињо кој победи во 102 минута

Фенербахче го доби Трабзонспор на гости со 2:3 во натпревар со два пенали за домаќините и лавина критики на Мурињо за судијата од ВАР собата кој го нарече невидлив човек.

Нови чудесни потези на Ламин Јамал

Без да се претера може да се каже дека бисерот на Барселона и европскиот шампион Шпанија Ламин Јамал е нешто најблиску до Меси откако Лионел замина од „Камп Ноу“. Барса сезонава ги меле ривалите во сите натпреварувања, игра најубав фудбал во Европа како некогаш на времето. Во неделата го совладаа градскиот ривал Еспањол 3-1 а Ламин Јамал имаше сјајна асистенција за Олмо.

Сјајното шоу на дербито Пелистер - Вардар

Во Битола синоќа под рефлектори се одигра најголемото македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар. Како ретко кога во претходните две децении пред мечот имаше голем интерес па стадионот „Петар Милошевски“ беше преполн. Дојдоа и Комити кои му дадоа шмек на дербито. Пелистер славеше 1-0 со гол во длабоко судиско продолжение на крај во 90+3’ минута. Мирко Ивановски постигна гол, го прослави со Чкембарите па набрзо доби втор жолт и црвен картон.

За некои автоголови не постои објаснување

Веројатно ГГ ја имал на ливче или па им кажал на другарите да се обложат дека ќе постигне автогол.

Тренерот на Жирона појасни зошто не му дал на Миовски да го шутира пеналот

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, Бојан Миовски беше дел од триумфот на Жирона од 4-3 над Легањес но не постигна ниту еден погодок а немаше ни една асистенција иако 63 минути беше на теренот.

Во наше време се играше во маало стари на млади

Ако си дебел браниш, а сега дебелите 9-ки се на цена. Инаку со пици му е дресот.

Жени, сега е појасно така?

Не за друго, целиот е живот е поедноставен ако го избегнете горниот пример.

Опасно ретро старо 20 години: Адриано и Рекоба, против Пандев и Роки

30 октомври 2004, Лацио - Интер 1:1. Горан е во прв состав на 21 година и игра против Занети, Камбјасо, Станковиќ, Кордоба, негови идни поранешни соиграчи со кои ќе ја освои тројната круна. Во Интер е и Синиша Михајловиќ со тазе направениот трансфер од Лацио. Па уште и Давидс и Верон им се во состав. Какви времиња.

Резултатите на сите тренери на Манчестер по заминувањето на Фергусон

И во 1.500 натпревари, Сер Алекс Фергусон е подобар според процентот на победи (59,7) од сите негови наследници, ако го исклучиме Карик кој ги водеше на само три меча. Но со него безпредметно е да се прават споредби бидејќи создаде респектабилен тим со страшни фудбалери во кој секој гледаше со страв и почит. Бренд и гигант со 38 трофеи.

Канте е Французин со јапонска култура

Откако замина од Челси на уште побогата печалба во Саудиска Арабија, Н’Голо Канте не е актуелен како претходно. Но кај него всушност ништо не се сменило. Навивачите на Ал-Итихад фрлаа кеси на терен и додека натпреварот беше во прекин, тој го чистеше теренот.