Славниот германски гигант првпат ја почуствувал власта пред половина век, кога хрватскиот тренер Бранко Зебец ги водел Франц Бекенбауер, Милер и останатите легенди на баварскиот клуб. Но страста за чашката му била поголема од страста за фудбалот.
Рома со двата гола на Тоти и еден на Монтела пред точно 13 години го совлада Интер на гости со 2:3. Тренер им беше токму Спалети кој сега седи од спротива. Ако некој гол треба да се издвои, величи и потцрта од кариерата на легендарниот Франческо Тоти, тогаш ова е тој. Ги изеде Камбјасо и Ѕе Марија, а потоа Цезар џабе се истегна. Му аплаудираа и навивачите на Интер.
Водиш 2:3 на гости, се игра последната минута од судиското продолжение, противникот ти изведува аут на твоја половина, а прашањето е како да ги искористиш сите механизми во одбрана? Едноставно е, ќе се претвориш во споменик.
Не знаеме да си објасниме како му успеа ова, ниту вие ќе сфатите, а верувајте дека па тој најмалку знае да објасни и едноставно ќе сака некако ако може ова да не се случеше. Сандро Рамирез во епизодата “самоубиство“.
Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ во саботата одбил на дресот да го носи симболот црвен мак со којшто во овој период од годината се обележува спомен на настраданите британски војници во Првата светска војна.
Џо Брајант има 10 години, живее во Лондон и навива за Нирнберг, екипа која му ги освоила симпатиите со убавиот стадион. Малиот решил да спои корисно и убаво и брзо станал хит меѓу германските бундеслигаши.
Јувентус плати летово 40 милиони евра за бек, а кога сериозно раководство како нивното ќе даде толку пари за играч од одбрана тогаш стварно има нешто кај детево. Имаме среќа што можеме ова чудесно додавање да го видиме од најдобриот агол и тоа во забавена снимка.
И точно 10 години подоцна, сигурно дека нема навивач на Јуве кој не ужива, не се гордее и не се ежи на ова видео. Ваквите фудбалски сцени се ретки за гледање.
Во холандското фудбалско подземје, на мечот меѓу Рингсбургс Бојс и Амстердам (2:6) една навивачка на домашниот тим упаднала на терен и на кратко, а и на задоволство на гледачите, го прекинала мечот
Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.
Еден од најголемите дерби дуели во парагвајскиот фудбал донесе сензационална вест: 14-годишно дете влезе во историјата на јужно-американскиот и светскиот фудбал.
Тие што не го разбираат и не го сакаат фудбалот обично велат: 22-ца будали трчаат по една топка. Така од прилика може да се опише оваа чудна акција во која се ушепртљаа бајаги луѓе во шеснаесетник. Ај овие од Сити ќе ги разбереме, бараат некоја дупка во бункерот за да ја шутнат, ама гостиве како шахисти делуваат. Оди земи му ја, што го гледаш?
Ако во Галиција, еден од најубавите реони во Шпанија кој излегува на Атлатнскиот океан прашате кој е подобар, Меси или Роналдо, ќе ви одговорат: „Јаспас“. А Јаспас е човекот-икона на Селта Виго кој се врати од Ливерпул само да биде дома меѓу своите.
Англискиот Sky Sport ги собрал сите емотивни моменти од историската титула на Лестер во Премиер лига, освоена во најголем дел благодарение и на убавата атмосфера која околу клубот ја направи неодамна загинатиот тајландски милијардер Вичај Шриваданапраба.
Пеле, Роналдињо, Роналдо и другите бразилски легенди сигурно се срамат од тоа што го прават пар репрезентативци на оваа земја. Прво Нејмар цело Светско паѓаше како да е покосен, сега Фред од Манчестер Јунајтед го заменува.
Легендарниот Алберт Морган станал гардеробер (кабинер) во Јунајтед во 1996 година - тогаш Бекам стана суперѕвезда, Фергусон го купи Солскер, а Норман Дејвис, првиот гардеробер задолжен за дресови во историјата на Манчестер, заминал во пензија.
Најпосакуваниот фудбалер од среден ред кој игра фудбал од љубов, а не за Инстаграм има напредок во кариерата кој секој негов колега би го посакал. Неговите успеси не се заслужни, туку најзаслужни, а отскочна даска му е француското првенство и едно незаборавно издание против Марсеј.
Додека голем дел од фудбалерите вечерта на Халоувин облекуваат маски да изгледаат што е можно пострашно, Бразилецот од Баерн Минхен се решил за арапска наметка и марама но и еден детал кој ги погодил луѓето од тој дел на светот кој се облекуваат така.
Малото градче Лезама се наоѓа на 10 километри надвор од Билбао и е дом на 2.400 жители, но и на еден од најинтересните фудбалски клубови на светот: Атлетик Билбао - гордоста на автономната покраина Баскија.
Што ли да се каже за ова видео? На Твитер, ѕвездата на ПСЖ вели вака: На 31 октомври 2018-та го доживеав едно од најосетливите и неверојатни искуства во животот. Силата на волјата.
Сити стана глобално семејство кое се протега во Манчестер, Њујорк, Мелбурн и Јокохама. Има еден перуански клуб кој не е дел од нив, ама пустиот гори од желба да биде.