Фудбал

Ламин Јамал рекол дека без баба му не се слика за новиот договор

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, младиот 17-годишен бисер на Барселона Ламин Јамал кој веќе има шампионска титула од Европско првенство и 2 шампионски пехари во Шпанија, неодамна потпиша договор со Каталонците до 2031 година.

Мертенс го стави син му во пехар на прослава на титула

Галатасарај одигра уште една историска сезона откако ги освои и шампионската титула и Купот на Турција. Синоќа славеа на нивниот „Рамс парк“ пред своите навивачи откако со 2-о го совладаа Башакшехир во последното коло од турската Супер лига. Дрис Мертенс знаеше како да прослави со син му.

Денот кога Халанд години даде 9 гола на 1 натпревар

На денешен ден на Светско младински првенство пред шест години, Норвешка У-20 го совлада Хондурас 12-0 во полскиот град Лублин. Тогаш светот првпат слушна за некое норвешко фудбалско чудо за кое наскоро рипнаа светските фудбалски гиганти да го доведат во своите редови.

Шибеник - Хајдук низ објективот на апарат со развивање филм

Чува ли некој дома вакво ретро и му работи ли? Одиш на одмор и се знае, филмот ако има 25 слики, спомените од одморот ги имаш во 25 слики, а не како сега по 600, па ти се губат по телефони и компјутери. Навивач се појавил на стадион во Хрватска во последно коло, токму со ваков олд скул апарат.

Една шева од најдобрата екипа во историјата на Барселона

Кога во живо на „Градски“ во Скопје сме гледале како се загрева Шпанија сме верувале дека тоа е најневеројатна шева некогаш одиграна. А сега излезе видео од загревање на Барселона на „Вембли“ пред финалето на Лига на шампиони во 2011-та против Манчестер Јунајтед. Најдобра генерација во историјата на клубот која освои сè што можеше да се освои.

Две убавини од слободен удар, една во Полска, друга во Турција

Висла Плок со 2-1 ја совлада Полонија Варшава со гол во 90-та минута од слободен удар на 34-годишниот шпански ветеран Дани Пачеко. Висла со оваа победа е трета во втора лига, на место кое води во доигрување за прва лига. А во Турција Фатих Караѓумрук го совлада Тексут Бандирмаспор со 3-1 во првиот меч од баражот за прва лига. Ама што гол даде гостинскиот фудбалер Хикмет Чифтчи.

Шутирај од таму колку сакаш

Реимс остана без прва лига на драматичен начин. Примија гол од 50 метри во 114 минута. Првиот бараж дуел против Мец на гости го одиграа 1:1 и вториот дома 1:1. Но примија два комада во продолженијата и загубија 1:3. Гостите плачеа од радост што ќе влезат во Лига 1.

Наполитанците го сместија Мектоминеј на свето место

Навивачите на Наполи се фанатици за фудбал, нешто најблиску до Аргентинците. За нив Скудетото е нешто божествено и општо фудбалот како спорт. Скот Мектоминај официјално стана дел од неаполскиот фудбалски пантеон со свое светилиште. Се наоѓа во храмот Вико Сан Никола ал Нило, сместен во центарот на Неапол.

Нејмар е тутурутка, не знае кој е Флориан Вирц

Титула со Баер, Куп у Супер Куп на Германија или во превод еден од главните ликови на тимот кој изгази минатата сезона и стигна до тројна круна. Втора сезона по ред избран за најдобар играч во Бундеслигата. Зборуваме за иднината на германскиот фудбал по која се грабаат најголемите. Нејмар како вчера да се родил.

Еден од најлудите слаломи во кариерата на Меси

863 му се во кариерата и тој сам не може да се сети колку само малтретирања им правел на противниците, а не па неговата публика. Но, ова сигурно котира многу високо, како еден од неговите најјаки ремек дела на кој сме се чуделе. Се работи за финалето од Копа дел Реј против Атлетик Билбао пред точно 10 години.

Снимка од карантинот на Ѕвезда на 40 км од Бари

Таков е 29-ти мај. Потсетник на една уникатна и неповторлива фудбалска приказна од Југославија. Европската титула на Црвена Ѕвезда 1991 со нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски. Имаме историски снимки од замок во близина на Бари, каде јунаците се релаксираат.

Што гол ќе беше ова?

Извесен Марко Илиќ од германскиот четвртолигаш Хавелсе, изведе експлозија од волеј кој вреди да се погледне неколку пати. Она што фали во клипот е снимка од друг агол за да сфатиме како успеа вака да си ја намести.

Преубав документарец за Пауло „Хоја“ Дибала

Аргентинецот кој освои Светско првенство во 2022 со „гаучосите“, своето гнездо си го најде во Рома каде игра добро по заминувањето од Јувентус. Во долгометражна документарка за Спортс Илустрејтед раскажува за своите почетоци.

34 години од Дарко, Дарко, Дарко!

На денешен ден пред точно 34 години, белградска Црвена звезда оствари историски успех откако стана шампион на Европа. Црвено-белите на 29. мај 1991 на стадионот „Свети Никола“ во Бари во финалето на Куп на европски шампиони (денес Лига на шампиони) го совладаа силниот Олимпик Марсеј на пенали 5:3 откако во основното време резултатот беше 0:0.

Аргентински коментатор пееше после секој гол во финалето од Конференциска лига

Уште ова го немавме видено, тоест чуено. Па уште и другиот му се убацува. Какви цареви.

Видиќ раскажува што се правело после тренинг во Манчестер Јунајтед

После две сезони минати во Спартак Москва, Немања Видиќ во јануари 2006-та стана играч на Манчестер Јунајтед на 24 години. Ги фати најубавите денови со Фергусон и освои 15 трофеи. Во првите недели бил збунет и не можел да сфати зошто по завршувањето на тренинзите, обично соблекувалната била празна.

И за Манчестер Јунајтед имало отворен автобус и парада за 15-то место

Најтрофејниот англиски клуб одигра очајна сезона за заборав. Завршија на 15-то место во Премиер лига и само поради тоа што екипите што испаднаа, испаднаа бајаги порано, Јунајтед се спаси од срамот да заврши во втора лига. Изгубија и во финале на Лига Европа од Тотенхем, останаа без еврокупови. Сега се во Малезија каде изгубиле од тамошна екипа на сите ѕвезди на Азискиот фудбал 1-0. А им направиле и парада со отворен автобус како да се шампиони.

Карло проба бразилско мевце и ја крена веѓата

После 30 годишна величествена кариера со титули во топ 5 лигите, како и рекордни 15 со Реал Мадрид, Анчелоти на свои 65 години, може слободно да ужива и да си игра со внуците. Но тој се одлучи за првиот селекторски предизвик кој се вика Бразил. Го запознаа со нивната кујна. Штом ја крена веѓата, тоа е тоа.

Нов дар мар со Меси и Суарез, головите на Лео празник за очи

Публиката во Мајами е благословена што го има ова дуо. Особено докторот за фудбал Лионел Меси. Сами го растурија Монтреал со 4:2. Два гола и асистенција на Меси, два гола и асистенција на Суарез. Аргентинецот со две прекрасни голчишта, посебно вториот.

Челси пиша историја: Голема победа во финале и обединети сите европски трофеи

Во големото финале на Лига на Конференции во полскиот град Вроцлав, вечерва Челси после голем пресврт го разби шпански Бетис со 1-4 откако Андалузијците први поведоа со гол во деветта минута. По Лига на шампиони и Лига Европа, Челси сега дома го носи и пехарот од Лига на Конференции.

Само во Романија го има ова

Мислиш на матура отишол.

Асистенција на Рикелме која не можеш да ја предвидиш

Хуан Роман Рикелме дами и господа. Фалат мајсторите од тоа време.

Не му шутирај јако, дете е

Вујче после петто пиво, ајде така се челичи: