Фудбал

Кавур ја основа Италија, Масимилјано Алегри ја обедини

Уште од голот на Гросо 2006 во Дортмунд Италија не била обединета како синоќа. Камбекот на Јуве против Атлетико го славеа и честитаа и оние од Рим и од Неапол и од Калабрија. А сè благодарение на човекот кој изнесе најголем товар на грб и ја сработи својата работа.

Паролата на Јувентините за Макс Алегри

Во ситуација кога со месеци се збори дека ќе биде заменет те со Зидан, те со Конте, те со Гвардиола, тренерот на Јувентус фасцинантно ја спреми екипата за најважниот меч во сезоната и се врати после негатива од 0-2. Тифозите застанаа во негова одбрана.

Кристијано му врати на Симеоне со истиот гест

Откако тренерот на Атлетико на првиот меч непримерено гестикулираше големи мадиња, Португалецот синоќа после еден од трите гола возврати со иста мерка. Симеоне за гестот беше казнет со 20.000 евра.

Циркузант на колото

Се вика Сони Бредли, игра за Лутон и појма немаме што сакаше да направи. Веројатно само циркуз. Ова е секако посимпатично отколку да легне и да офка, како што прават други.

Зар уште има со вакви фори?

Мислевме дека триков е останат во 80-те, максимум во 90-те, ама некој уште го користи. Ова е од синоќа, а се случи во четврта лига Англија. Цепки. Па зарем никој не го виде за да му каже на голманот пази леџа.

Кјелини и ти ли бе вака?

Џорџо Кјелини е играчиште нема збор, ама што глума извади вчера како да му ја скршија кичмата. Прво за момент и напред се допре со раце, па потоа се свитка уште еднаш и се предомисли. Не бе сепак позади ме боли.

Роналдо го прати Коке кај Верка по тулумби

Кристијано Роналдо вечерва го постигна осмиот хет-трик во ЛШ и се израмни со Меси. Ова беше перфектна партија за португалскиот ас каква што можеше само да посака. Пазете му ја играва еден на еден со Коке.

Херојски хет-трик на Роналдо за елиминација на Атлетико

Ако вечерва Кристијано Роналдо, како и секој навивач на Јуве побараше режисер за да им го напише најпосакуваното сценарио за реванш осминафиналниот дуел од ЛШ, тоа ќе изгледаше токму вакво. 3:0 и три гола токму на Роналдо против довчерашниот градски ривал. Па има ли послатко?

Со гол технологија до 2:0 за Јуве

Ништо не е невозможно кога е во прашање Кристијано Роналдо. И покрај тоа што Атлетико е најтврдиот можен противник, сепак Јувентус за сега има резултат вреден продолженија. Два гола на Роналдо со глава. За вториот технологијата ја заврши работата, инаку ќе беше врвка работата.

Миленикот на Палермо полни 29 години

Илија Несторовски синоќа промаши пенал на гостувањето против Венеција кое заврши 1:1, а колку го сака сицилијанската публика ова наше момче доволно е само да се види според стотиците коментари кои му ги оставаат на Фејсбук. Еден напишал: И Роналдо промашува пенали, а друг: Исто и Роберто Баџо. Никој не му мрчи.

За секој фан на Ман.Јунајтед, директ во срце

Преубава изведба во овој преубав период со Оле Гунар кој не само што се бори како куче во Премиер лига, туку им пркоси и во ЛШ. Ова е ептен допадливо и за неутрален навивач, а камо ли за оние на Јунајтед. Glory Glory Man.Utd е една од најубавите фудбалски химни, особено кога вака ќе ја навежба некој.

Зидан повторно може да биде херој на Реал Мадрид

По 284 дена Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид. Но како сега ќе може да го подобри совршенството? Па не мора да го прави тоа.

Една симболична измена - некогаш и сега

Реал Мадрид - Реал Сосиедад, Ла Лига. Сантијаго Солари излегува од игра, влегува Зинедин Зидан. Март 2019 година: Солари излегува од игра, влегува Зизу.

Многу е лошо да си Икарди во моментов во Италија

Случајот Мауро Икарди е една тешко поднослива сапуница за следење која Господ знае како ќе заврши. Кај се погоди да има ултра досадна жена, па уште и менаџерка му е. За човеков не се знае дали е повреден или суспендиран, само се знае дека веќе цела Италија тера мајтап со него. Пазете што му прават.

Што правел Зидан за овие 9 месеци откако го напушти Реал Мадрид

Легендарниот Французин официјално замина од Реал Мадрид на 31 мај 2018 година. За девет месеци без него, Мадриѓаните изгубија сè што можеше да изгубат а Зизу наместо ред и поредок, сега начекува неуредна состојба во клубот.

Copy Пасиенсиа paste Пасиенсиа

Шпицот на Ајнтрахт Франкфурт, Гонсало Пасиенсија пред неколку дена со гол во 90+6’ минута му донесе важна победа на клубот против Хофенхајм (3:2). Интересно, сосема ИСТ гол постигна и синоќа во триумфот на Ајнтрахт од 0:3 кај Фортуна Дизелдорф.

Една незаборавна партија на 18 годишниот Азар

За тие што не паметат, Еден Азар пред да пристигне на Стемфорд Бриџ за 32 милиони фунти, играше за Лил (2007-2012). Една вечер им доаѓа на гости Лион владетел во тоа време во Франција со 7 титули по ред. Малиот Азар одигра перфектен натпревар за паметење со гол и две асистенции, а тоа значи 3:2 за Лил.

Јуве и ПСЖ се да речеме веќе шампиони, а веројатно и Барса

Манчестер Сити му бега на Ливерпул еден бод, а Баерн и Борусија се на исто. Само тука може и треба да се очекува пеколна неизвесност до крај. Во Шпанија Барселона полека ита кон титулата, а во Италија и Франција тие што се втори џабе везат.

Спалети, стави ја Ванда нека игра против Ајнтрахт на реваншот

Тренерот на Интер ќе има тешка задача да склопи екипа за реваншот со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа во четврток. По првите 0:0 во Германија, на „Меаца“ нераѕурите ќе бидат практично без пола екипа поради повреди и суспензии.

Видео на денот за кое како да ви кажеме

Одиш во балон да играш со другарите фудбал, ама стигаш малце порано за да се загрееш и мислиш дека никој не те гледа. Не знаеме што друго да ви кажеме, а и не мора ништо да ви кажеме. Веднаш на плеј.

Гатузо до новинар: Да не те тепал некој што личи на Чалханоглу?

На волку многу испади на прес конференции во неговата до сега куса тренерска кариера, да не знае човек кој е побудала: фудбалерот Џенаро Гатузо или тренерот Џенаро Гатузо?

Играчите на Арсенал се загреваа, публиката побара да легнат за пеналот

Додека Пјер-Емерик Обамејанг се спремаше да изведе пенал за 2-0 против Манчестер Јунајтед, крај аут-линијата се загреваа Гендузи, Алекс Ивоби и Суарез. Гледачите од првите редови им бараат да легнат, за да може да го видат пеналот.

Херојската одбрана на Лено vs Лукаку

Манчестер Јунајтед синоќа имаше шанси за да се спаси од пораз и да ја продолжи успешната низа на Солскјер, но проблемот се викаше Бернд Лено. Обрнете внимание како му одигра еден на еден на Лукаку откако овој доби топка со очи од Рашфорд. Многу јака одбрана со нога е ова, шпага направи.

Како да го ослепиш голманот, а голот да биде регуларен?

Не се Швеѓаните толку поштени колку што мислите, особено кога ќе видите со колку вешти измами се служат на фудбалот. Па уште им пројде бе ова и никој не се побуни. Како така?