Во прво коло варира. Дури 8 меча имале посетеност помала од 50%, а најмногу публика имало на средбите Реал Мадрид - Ал Хилал, Ал Ахли - Интер Мајами и Ал Аин - Јувентус. Најслабо посетен бил мечот Улсан - Мамелоди Сандаунс. Тоа се прваците na Јужна Кореја и Јужна Африка. Дошле 3.412 гледачи на стадион со капацитет од 25.000 или 13%.
Првакот на Јужна Америка, Ботафого, го совлада првакот на Европа, ПСЖ со 1:0 со голот на Игор Жезус. Бразилците се први на табела со 6 бода, ПСЖ и Атлетико имаат по 3, а Сиетле Саундерс 0. Во делириум се. Славеа како веќе да го освоиле Светското. Погледнете им ја најдолу статистиката. Со 25% посед на топка го добија силниот тим на Луис Енрике. И Снуп Дог ќе ви се појави на едно од видеата.
Секој негов настап плус е само додатна убавина за фудбалот. Минатиот месец се поздрави со навивачите на Бернабеу, ама уште не раскрстил со Реал Мадрид. И на Светско отиде да игра, а 40 години полни во септември. Со овации го пречекаа.
Таков е овој месец. Потсетник на незаборавни летни фудбалски мајстории низ историјата на Европските и Светски првенства. На денешен ден на Мундијалот 1990, легендарниот Баџо против Чехословачка, тргна од центарот на игралиштето и толку му требаше.
Чекај ова Барса ли е, Ал Хилал ли е? После овој клип не треба да се чудни оние 1:1 на Реал Мадрид. Чаби Алонсо си имал маки на дебито против Милинковиќ-Савиќ, Митровиќ, Рубен Невес, Кулибали, Жоао Кансело, Малком и цела таа банда предводена од нивниот нов стратег Симоне Инѕаги.
Џенаро Гатузо денеска на прес во Рим е претставен како нов селектор на Италија. Ова е за него десетти тренерски предизвик или прв селекторски во 12 години кариера. Ги водеше Сион, Палермо, ОФИ Крит, Пиза, Милан, Наполи, Валенсија, Марсеј и Хајдук. Рино всушност го живее сонот. Во 2010-та изјави дека посакува еден ден да ја води Италија на Светско како селектор. Ја доби таа шанса и сега ќе мора да ја брка преку квалификациите.
Чаби Алонсо и Симоне Инѕаги дебитираа на клупите на Реал Мадрид и Ал Хилал со 1:1. Тие се во групата Х заедно со Салцбург и Пачука од Мексико. Одиме со головите на Гонзало Гарсија и Рубен Невес, но претходно со Винисиус кој по само 15 минути доби жолт за глума, а потоа распали со проектил за морници.
Ал Аин од Обединети Арапски Емирати налета на незгодна италијанска мина во првото коло од Б група на Светското клупско првенство. Во Вашингот пукна петарда зад која стојат Коло Муани и Консеисао како двојни стрелци и еднаш Јилдиз.
Мексиканката Лизбет Овале не треба да ја кандидирате за наградата Пушкаш во женска конкуренција, туку под итно треба да и ја доделите. Па зарем може да има конкуренција ова чудо од голчиште? Златан да оди да и ја врачи. Одма.
Не знаеме дали е ова намештаљка. Не ни изгледа на тоа. Холандската фудбалска легенда е снимена како посматра боем кој дегустира вино, со фаца која и да сака човек не може да му ја намести.
Џенаро Гатузо утрово слета во Рим каде в четврток и официјално ќе биде претставен како нов предводник на италијанската репрезентација. Кој би рекол дека баш Рино ќе го повикаат. Задачата му е многу тешка. Да не дозволи трето фијаско по ред на мундијалските квалификации.
Финалистот од Лига на шампиони одигра само 1:1 против Монтереј од Мексико на првиот меч од Светското клупско првенство. Се изнапромашија фудбалерите на Интер на дебито на Кристијан Киву.
Сте чуле ли за Улсан и Мамелоди Сандаунс. Првите се од Јужна Кореја, а вторите од Јужна Африка. Тепаа вториве 1:0, а инаку се во група Ф заедно со Борусија Дортмунд и Флуминенсе. Африкански новинар на Твитер објави дека на нивниот меч во Орландо изброил дури 97 навивачи. Ама сепак тоа е пред стартот на мечот. Официјалната бројка стасала до 3.412, на капацитет од 25.000.
Поранешната ѕвезда на Наполи, а сега на ПСЖ со кој ја освои тројната круна, го доби едно од најстандардните фудбалски прашања во изминативе 15 и кусур години. Тешко дека некој може да му најде забелешки во одговорот.
Кристијан Киву не успеа да му донесе победа на Интер на првиот меч од Светското клупско првенство против Монтереј од Мексико. Проблемот им се викаше недоиграниот Серхио Рамос кој и на 39 години ја натскока цела одбрана на Интер. Конечните 1:1 ги постави Лаутаро Мартинез, по една одлично смислена комбинација во три потези.
Такви времиња дојдоа, со висока технологија. Кај секој гол од Узбекистан до Америка може да го видиме на јутјуб од повеќе камери, како и од навивачки агол снимен од трибини, сега и судиите ни ја овозможуваат нивната перспектива. Челси во Д групата на Светско го совлада Лос Анџелес со 2:0. Ова е првиот гол кој го постигна Педро Нето.
Легендарниот Пјерлуиџи Колина, кој е претседател на судискиот комитет на ФИФА, даде објаснување, за тоа како топките на Светското клупско првенство, во некои ситуации, ќе им помогнат на судиите да носат попрецизни одлуки.
Иниеста, Бускетс, Иско, Давид Силва, не гледам дека имаат нешто повеќе од мене. Имаат една глава, две раце и две нозе, вели Елмас, секогаш полн со самодоверба. Вечните мрчатори му прогнозирале дека може само семкар да стане, а тој Скудето освои.