Фудбал

Роналдо му испрати дрес на Трамп со порака

„Playing for Peace“ гласи пораката на Кристијано Роналдо која ја напиша на дресот, кој заврши во рацете на Претседателот на САД, во овие бурни и многу нестабилни воени времиња.

Во Неапол веќе има сладолед по име Кевин де Брујн

Наполитанците или поточно лудаците по фудбал, пред неколку дена добија мега засилување. Тоа е Кевин де Брујн, тешкаш со 19 трофеи од Манчестер Сити. Му посакаа слатко добредојде.

Кога ти фали шести човек за фудбал и мора да го викнеш овој

Односно не сакаш да го викнеш, ама мораш за да не пропадне фудбалот.

Добиле неплатен одмор за да одат на Светско, а фудбал играат за 66 фунти неделно

Оукленд Сити е приказна за себе. Се работи за разновидна постава на луѓе, која е во силен контраст со професионалните екипи. Тие всушност не се фудбалери и имаат други професии. Еден од нив е бербер, а друг ќе полага испит на факултет за време на турнирот. Но, им се падна Баерн.

Бонучи на хуманитарен меч покоси фудбалерка

Поранешниот италијански стопер беше дел од тим составен од ѕвезди кој ја совлада женската репрезентација на Англија со 5:4. Мечот се одигра од хуманитарни причини, ама Лео без осет, и влезе на Стеф Хутон, па мораше да интервенираат лекари.

Кога голманот ќе ти гестикулира дека си луд каков гол си дал

Колумбискиот фудбал го извади волејот на летото, а можеби и на годината. Мајсторот се вика Иван Берио Пења од Индепендиенте Меделин. Реакцијата на голманот од неговата екипа кажува сè.

Сте виделе ли некој вака да им ја крие топката на Манчестер Сити?

Океј, ова е најдоминантниот Сити кој во 2023-та освои 5 трофеи и го доби убедливо Флуминенсе со 4:0. Но, од тоа финале на Светското клупско првенство според стариот формат, се појави видео во кои момците на Пеп, се соочија со нешто што вообичаено тие го правеа додека беа во најјакото. Две минути не можеа топка да им земат на Бразилците. Белите дробови им се исцрпија. 

Баерн дебитираше на Светско со 10:0

Чудно звучи насловот како за Светско, но така сакаше ФИФА со новиот систем, а противниците на европскиот гигант и не можеа да поминат поинаку со оглед на енормно големата разлика во класи на двете екипи.

Сон играше кој прв ќе се насмее

Јужна Кореа се пласираше на Светско првенство 2026 откако синоќа со 4-0 го растури Кувајт. Корејците имаат 22 бода и се убедливо први на табела во групата Б во азиските квалификации пред Јордан кој има 16 и Ирак кој има 15. Капитенот и лидер на репрезентацијата Сон не даде гол а кога излезе од игра му се насмеа на камерманот.

Почна тоа фамозно Светско клупско првенство, Меси и Суарез се спасија со Ал-Ахли

На отворање на новото Светско клупско првенство кое ќе се игра во формат како Лига на шампиони до скоро, со 32 клуба, 8 групи, нокаут фаза до финале, играа Интер Мајами и египетски Ал Ахли. Мечот заврши 0-0 најмногу благодарение на голманот на тимот од МЛС Оскар Устари кој имаше неколку неверојатни одбрани, а фати и пенал изведен од 38-годишниот Трезеге.

Капитенот на Манчестер Јунајтед со порака до Стефан Ристовски

Големите другари кои на времето го носеа дресот на Спортинг Лисабон, капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и македонскиот бек Стефан Ристовски, имаа убаво поминато време кај „лисабонските лавови“ со кои освоија неколку трофеи. Од тогаш без прекин трае нивната дружба и комуникација. Сега Португалецот објави видео и порака до Ристовски на италијански јазик.

Стоперот на Тотенхем висок 1.93 е најбрз спринтер во Премиер лига

Дваесет и четири годишниот холандски стопер од Тотенхем, Мики ван ден Вен важи за најбрз играч во цела Премиер лига. Верувале или не, иако е висок 1.93 и е еден од повисоките стопери, тој има неверојатен спринт. Најбрзиот трк на сезоната Ван ден Вен го забележал кога го бркал Гарначо од Манчестер Јунајтед.

Возач во магацин ќе брани против Кејн и Меси на Светско клупско првенство

Конор Трејси води двоен живот - работи повеќе од 40 часа неделно во магацин на најголемата фармацевтско-ветеринарна компанија во Оукленд, Нов Зеланд, а во слободно време тренира и игра фудбал. Поточно брани. Голман е.

Сандерленд до крајот - јак документарец за пласманот на „црните мачки“ во Премиер

Сандерленд испиша нови страници во клупската историја откако во големото финале на баражот за пласман во Премиер лига, преку Чемпионшип, го совлада големиот ривал Шефилд Јунајтед со неверојатен пресврт 1-2 во финишот. Сезона за незаборав за „црните мачки“ кои сега сакаат што подолго да останат во најсилното и најбогато друштво.

Трент Александар-Арнолд везе шпански на претставување

Ако до денес навивачите на Ливерпул се прашуваа што нивното дете ТАА се запнало да оди во Реал Мадрид по секоја цена, сега е јасно. Англискиот репрезентативец е воодушевен што има можност да игра за Реал. „Горд сум многу што сум овде. Голема благодарност до претседателот Флорентино Перез и клубот Реал Мадрид за оваа можност. Голема одговорност е да се настапува за Реал Мадрид“, на одличен шпански зборувал Трент.

Голема тепачка меѓу словенечки и босански навивачи

За време на пријателскиот меч меѓу Словенија и Босна и Херцеговина во Цеље кои Словенците го добија 2:1, пред крајот избила голема тепачка меѓу навивачите на двете селекции.

Наполи пак на нозе, масовен пречек на Де Брујне

Во жешки места како Истанбул или Неапол фудбалот е повеќе од страст. Затоа кога таму доаѓа нова ѕвезда на потпис со екипата, ја пречекуваат стотици навивачи уште на аеродром. Во Истанбул Лирој Сане потпиша со Галатасарај, во Неапол ѕвездата Кевин Де Брујне со Наполи.

Милиони навивачи на Галатасарај го следеле летот на Лирој Сане

Дваесет и девет годишниот фантастичен германски репрезентативец Лирој Сане сезонава учествуваше во шампионската титула на Баерн Минхен со 11 гола и 6 асистенции на 30 натпревари. Сане даде и по 1 гол во Лига на шампиони и во Купот на Германија. Тој со години беше меѓу клучните играчи на Баварците а летово се реши да не го продолжи договорот со Баерн и се одлучи на необичен чекор - да оди во турски Галатасарај кој за него ќе одвои повеќе од 15 милиони евра.

На Хепи ТВ прилог на вести од спорт - Сони Плејстејшн игрица

Некој во режија или се мајтапел или пробал да најде алтернатива на тоа што немаат видео од натпреварот.

Мајсторијата на Луис Дијаз среде Монументал против Аргентина

Колумбија одигра 1-1 против Аргентина на гости во Буенос Аирес на стадионот „Монументал“ и со 22 бода го задржи 6-то место, последно кое води директно на Светско првенство 2026. Колумбијците во водство ги донесе Луис Диаз со преубав гол после соло-продор во 24' минута.

Од мал фудбал на игралиште во Штип до Лига на шампиони и дуели со Мбапе - Бојан Миовски

Во интервју за американскиот „РГ“, македонскиот репрезентативен центарфор број 1 раскажува дека во многу брз период му се случиле најубавите работи во животот, дека уште не е свесен како од маалско игралиште во Штип стасал до една од најдобрите фудбалски лиги на светот. Но не е задоволен од сезонава во целост. Има и причини зошто.

Сенегал стана прва африканска репрезентација што ја победила Англија

Пред 26.322 гледачи на стадионот на Нотингем Форест „Сити Граунд“, Сенегал и одржа права фудбалска лекција на Англија во пријателски меч. Хари Кејн го отвори резултатот во 7' минута но Сенегалците направија голем пресврт со головите на Николас Џексон во 40-та минута, Калиду Кулибали во 62-ра и Камара во 90'+3 минута.

Винисиус ги однесе Бразил и Анчелоти на Светско првенство

Бразилците некако ги преживеаа квалификациите за Мундијал 2026 и со новиот селектор Карло Анчелоти ќе настапат во САД, Мексико и Канада следната година. Кариоките синоќа во првиот натпревар на славеникот на 66-ти роденден Анчелоти, пред домашните навивачи на Коринтијанс Арена славеа 1-0 против Парагвај со гол на Винисиус во 44' минута. Ова значи дека Бразилците ќе учествуваат на сите Светски првенства, немаат пропуштено ниту едно уште од првото организирано во 1930-та година.