Во 7. коло на италијанската Серија А, пред паузата за Лига Нации и репрезентации, Фиорентина и Милан се судрија во Фиренца и славеа виолетовите 2-1. Росонерите уште долго ќе жалат поради двата промашени пенали кои им ги одбрани легендарниот голман на Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа.
Стоперот на Војводина и репрезентативец на Луксембург Сеид Корач, може да најде барем малку утеха, дека не е единствен во правење на аматерска маалска грешка во сениорски фудбал.
Брајтон и Тотенхем одиграа луд меч во Премиер лига. Гостите водеа 0-2 во 37-ма минута а Брајтон направи тотален пресврт и со три гола во вториот дел славеше 3:2. Но овој натпревар ќе се памти и по еден неумешен обид за глума на домашниот десен бек Жоел Фелтман со гостинскиот фудбалер Медисон.
Челси имаше убава прилика да ја продолжи фината победничка серија но одигра само 1-1 дома против Нотингем Форест и покажа дека уште не се екипа за големи дела. Кол Палмер најдобриот играч на Челси на крајот од мечот при голема гужва на теренот испаднал господин.
Рен загуби од Монако 1:2, а она што задолжително мора да го видите од овој меч е лудоријата од проектил на домаќините, дело на Лудовик Блас. Што шут ќе беше ова мајсторе?
Реал Мадрид го совлада Виљареал 2:0 и се израмни со Барселона по број на бодови, која денеска му гостува на Алавес. Валверде и Винисиус постигнаа прекрасни голови, а Бразилецот се истакна со јак дриблинг. На Дани Карвахал не му се посреќи мечот. Ги повреди лигаментите и ќе мора да оди на операција.
Вејн Руни има 38 години на кои тешко може да им се верува сè додека не го проверите на Википедија. Од мај годинава го води Плимут, како четврта негова тренерска работа. Ај сега скролнете најдоле да кажете дали сме го погодиле насловот?
За Давид Алаба знаеме дека е капитен на Австрија против која Македонија се соочи на ЕП 2020 и дека може да игра и одбрана и среден ред. Уствари ништо не знаеме.
Откачено типче е Рудигер. Познат стана оној негов чуден начин на играње фластер кога му досаѓа на противникот со глава. Сега му одржа лекција на Ендрик, како треба да лежи за да не направи пенал. Малиов малку инает му тераше на почеток.
Во 2. коло од Лига Конференции, дебитантот во еврокупови Серкл Бриж од Белгија со 6-2 го растури швајцарски Сент Гален. Еден од головите беше интересен, падна после индиректен удар во шеснаесетник.
Фенербахче одигра 1:1 на гостувањето против Твенте откако Тадиќ фино го измами голманот на домаќините. Но аплаузите за израмнувањето ги заслужува најмногу Мароканецот Софиан Амрабат, кој му испорача топка во стилот на Андрес Иниеста. Асистенцииште за медал, преку цел тим.
Манчестер Јунајтед повторно и повторно има лош сезонски старт. Во Премиер лига имаат освоено 7 од можни 18 бода, а во Лига Европа одиграа 1:1 против Твенте дома и синоќа 3:3 на гости против Порто. И тоа до 20-та минута имаа водство од 0:2, а Хари Мегваер ги извади во 91-ва минута за да стигнат повторно до бод.
Капитенот на Лион и француски репрезентативец Александар Лаказет синоќа влезе на листата најдобри Топ10 играчи во историјата на Лига Европа. Има 27 гола и 24 асистенции на 50 натпревари. Синоќа Олимпик Лион со 1-4 го прегази Ренџерс на гости а Лаказет и младиот Малик Фофана дадоа по два гола. Едниот на центарфорот беше мајсторија.
Тотенхем некако го преброди гостувањето во Будимпешта кај Ференцварош во Лига Европа и славеше 1-2 со головите на Папе Матар Сар и Бренан Џонсон во 86-та минута. Тимо Вернер германскиот центарфор по којзнае кој пат промаши зицер како што само тој умее и никој друг.
Мечот меѓу Флуминезе и Крузеиро донесе акција со необична завршница по која Марсело имаше многу среќа што за влакно не си постигна гол. Да се збуни човек што ја гледа топкава, а не па да е во игра.
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов не можеше да посака поубав кам бек на терените. Со гол во последните мигови му донесе 3 бода на актуелниот шампипон на Полска.
Битката меѓу Интер - Црвена Ѕвезда беше повод за италијанските и српските медиуми да го побараат за интервју Златната копачка, кој инаку ги носеше и двата дреса. Во сред емисија Дарко го изненади популарниот Кеба со негова песна.
Има 23 години, роден е во Травник, игра за нисколигаши во трета и четврта лига на Босна и Херцеговина. Настапувал за НК Јајце, за НК Подгрмец и сега е во Бајер 99. Ние му посакуваме што поскоро да дојде на позната фудбалска мапа.
Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња Мохамед Салах постигна прекрасен гол во триумфот на Ливерпул над Болоња 2:0. Мо стрелаше прецизно во 75-та минута и стана рекордер како најдобар стрелец за англиски клуб во Лига на шампиони со 45 гола. Тој го држи и рекордот за најбрз хет-трик на играч кој влегол од клупа за резерви во Лига на шампиони кога против Ренџерс во 2022-ра за шест минути и 12 секунди даде три комада.
Астон Вила приреди сензација на дуелот со Баерн Минхен. Го доби 1:0 и тоа со идентичен резултат како на нивното претходно соочување во ЛШ, кое датира од 1982-та кога се судриле во финале. Во 96-та минута беше драма пред голот на Англичаните во која победник излезе фантастичниот Емилиано Мартинез.
Голема, историска победа забележа француски Лил против големиот европски шампион Реал Мадрид. Брат му на Мбапе, Етан Мбапе е повреден па го пропушти овој дуел. А Килијан влезе во игра од клупата за резерви во вториот дел но не помогна Реал да избегне пораз.