Фудбал

Интересен проштален меч на јапонски судија

Додека го испраќаа 52-годишниот јапонски судија Нобуцуку Мираками со шпалир и аплаузи, еден фудбалер се сетил како да му пружи прилика за последниот жолт картон во кариерата. Го соблекол дресот и така му посакал среќна пензија. Си доби жолт картон а некои во мајтап велат дека го пропуштил следниот меч поради парни картони.

Фудбалска Англија се буни зошто Германец ќе им биде селектор

Фудбалската федерација на Англија (ФА) денеска и официјално го претстави новиот селектор на репрезентацијата, германскиот тренер Томас Тухел.

Да решиш градско дерби со мајсторија во 90-та

Големото градско дерби меѓу Данубио и Пењарол во Уругвај завршило 0-1 со гол на гостите во 90-та минута од мечот. И тоа каков гол од слободен удар на Лео Фернандез.

Се претера со прославата на Роналдо

Плус со копачки на паркет, каков сакаш да биде резултатот бе дете?

Моќно филмско видео за „Слемот на шесте кралеви“

Карлос Алкараз и Јаник Синер ги елиминираа Холгер Руне и Данил Медведев во четврфиналињата на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“. Полуфиналните двојки се Синер - Ѓоковиќ, Алкараз - Надал. Домаќите ги пречекаа шестмината тениски асови со по 1,5 милиони долари само за учеството, а победникот во Ријад, Саудиска Арабија ќе си замине дома со мега премија од 6 милиони долари. За споредба, на УС опен како најбогат Гренд слем, шампионот заработува 3,6 милиони. Уживајте во филмското ремек дело Six Kings Slam направено во стилот на Game of Thrones.

Кој е Омар Мармуш - Египќанецот кого го бара пола Европа?

Мохамед Салах, најдобриот египтески фудбалер на сите времиња, ги разби предрасудите за „мрзеливи“ египетски фудбалери а сега се појавува и негов потенцијален наследник кој игра во Бундеслига.

Кога Пикси даде гол од пола терен, од аут-линија

На денешен ден пред 15 години, тогаш како тренер на Нагоја Грампус, Драган Стојковиќ - Пикси кој сега е селектор на Србија, здрви еден волеј додека стоеше во тренерскиот простор крај аут линијата на пола терен.

Фото на денот со новиот голман на Барселона

Поради зорт со голмани, Барселона го врати од пензија Војчех Шчесни за да го замени Тер Штеген кој ќе го нема долго поради повреда. Ама се крена врева зошто пушел.

Тони му се жали на Гвардиола за тактиката со лажна 9-ка

Лука Тони, Пеп Гвардиола и Един Терзиќ во опуштено издание со винце од кафана. „Лажните 9-ки го уништија фудбалот. Четири години не можев да најдам тим. Пеп ти се допаѓаат напаѓачите?“, го прашува Тони. „Штом Халанд има 60 гола“'... одговори Гвардиола.

Миленко Неделковски: Вардар е леш кој треба да се оживее со долг од над 7 милиони евра

„Од летоска до сега во Вардар се влезени и потрошени над 500.000 евра. За 3-4 недели следува собрание на акционери на кое ќе ја назначат новата управувачка структура. На Панчев, Попов, Седлоски....до крај на живот им е забранет влез на Северна трибина, бидејќи тие го блокираа Вардар“, вели Миленко.

Кристијано Роналдо бесен го напушти стадионот на кој првпат играше

Португалија одигра само 0-0 против Шкотска на гости. Кристијано Роналдо во кариерата има играно на стотици стадиони, но интересно е што никогаш не настапил на „Хемпден Парк“ во Глазгов. Синоќа за првпат истрча на овој терен и не постигна гол. На крајот беше бесен ко рис затоа што судијата Лоренс Висер од Белгија досуди крај на мечот и не дозволи Португалците да изведат корнер.

Го прашуваат Озил: Меси или Роналдо?

Месут Озил играше три сезони со Кристијано во Реал, ама даде мангупски одговор на прашањето и доби аплаузи од сите.

Кога ќе се рече „Им ја сокрија топката“

Ова не е Бразил, ниту Аргентина или Шпанија, туку Романија У-21 на клучен квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2025 против Швајцарија. Со што ли ги ранат децава? Паметот им го земаа.

Чудниот црвен картон за Ливаковиќ

Полска и Хрватска одиграа луд натпревар со дури 6 гола. Полјаците први дојдоа до водство рано уште во 5’ минута, а Хрватите направија луд пресврт со 3 гола за шест минути во вториот дел и поведоа 1-3. Полска се врати до крајот и се избори за бод (3:3) а чудна беше една судиска одлука да го исклучи хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ после една интервенција надвор од шеснаесетникот.

Мајсторијата на Баена и големото промашување на Митровиќ

Европскиот првак Шпанија ја оправда фаворитската улога против Србија и ја доби со 3:0. Мората промаши пенал, а Србите најголемата шанса ја имаа на 1:0 преку Митровиќ, израмнување кое можеше да донесе голема возбуда и неизвесност. Најубавиот момент на мечот е слободниот удар на Алекс Баена.

Англија си најде нов селектор

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) три пати измери па еднаш пресече. Не избрзаа со изборот за нов селектор и на крај изборот падна на германскиот тренер Томас Тухел.

Акробации во режија на Бразил и Коста Рика

Бразил го доби Перу со 4:0, а Коста Рика беше подобра од Гватемала со 3:0 во квалификациските средби за СП. Ги издвојуваме атрактивните голчишта на Андреас Переира и Франциско Калво.

Нов блесок на Меси за Аргентина со хет-трик, 6-0 со Боливија

Три гола и две асистенции за најдобриот фудбалер на светот според многумина, и тоа пред своите Аргентинци на голем јубилеј. Во квалификациите за Светско првенство 2026 Аргентина ја згроми Боливија, остана неприкосновен лидер на табелата и практично со една нога обезбеди пласман на Мундијалот.

Сега гледаме ваков карамбол па за 100 години

Се знае ли овде кој јаде, кој пие, а кој плаќа?

Како Роналдињо на итар начин ја тестирал соблекувалната на Барселона дали има шпиуни?

Човекот кој не открива тајни се вика Андрес Иниеста, а Роналдињо се служи со финти во стилот на Џаро.

Изеде 5 комада, па избега од новинарите

На Норвешка и се случи потоп во Австрија од 5:1 и сега овие две селекции заедно со Словенија се израмнети во група. Кога реди голови и победува е насмеан, а кога губи не ги рецка новинарите. Ни здраво, ни чао, ни изјава во микс зоната, каде е должен да соработува со печатот. Плус зборуваме за големо име. Ерлинг Халанд. 

Како Фабио Канаваро дознал дека ќе освои Златна топка?

Вистинска реткост или како што вели самиот Фабио скоро невозможно е играч од одбрана да ја освои најпрестижната индивидуална награда, без која остана и еден Златан Ибрахимовиќ. Канаваро беше ѕид во 2006-та кога Италија стана светски првак. Дознал на необичен начин.

Претседателот на Бразил гневен на репрезентацијата, сака само играчи од домашна лига

Фудбалската репрезентација на Бразил минува низ многу сериозна резултатска криза, па така на 9 одиграни натпревари во квалификациите за Светско првенство има 4 порази и 1 нерешена средба со гол разлика 11:9 што до скоро беше сосема незамисливо. Излезот од кризата која започна пред Светското 2022-ра уште не се гледа.

Новите луѓе во Јунајтед му ја откажуваат платата на Фергусон, Сер Алекс мирно прифатил

Легендарниот Сер Алекс Фергусон (82) важи за еден од најголемите тренери во историајта на фудбалот. Тој од Манчестер Јунајтед направи трофеен, славен клуб кој стекна милиони навивачи ширум светот. Но клубот сега со нови луѓе во управата решил максимално да штеди на секое поле, па така му ја стопира и платата/пензијата на Фергусон.