Дарио Бенедето му се кривеше на Гонзало Монтиело кога Бока поведе со 1:0 против Ривер во финалето од Копа Либертадорес. Потоа примија три гола, весниците се наполнија со пофални зборови за пресвртот и трофејот, а еден навивач на Ривер Плејт ги листаше на многу јак начин.
Тотенхем, Интер, Ливерпул, Наполи, ПСЖ, Лион и Хофенхајм ќе се борат за единствените четири слободни позиции за нокаут фазата во ЛШ. Само Валенсија, Бенфика и Клуб Бриж се сигурни патници во ЛЕ. За таму има уште пет слободни места.
Најдобриот бомбардер во Ла Лига игра за Жирона. Се вика Кристијан и станува збор за центарфор кој постигна 11 гола на 12 меча досега во Примера. Меси по мајсториите против Еспањол има исто толку голови, а Аспас и Суарез имаат еден помалку.
Светски фудбал, шпански тренери, кралско искуство. Од 14 до 18 јануари фондацијата на најтрофејниот клуб на планетава, Реал Мадрид организира камп во Охрид во хотелскиот компекс " Аквалина".
Лука Модриќ има 14 трофеи со Реал Мадрид од кои 4 титули во ЛШ, а скоро ја освои и Златната топка. Но човек кој игра за Кралскиот клуб со кој згази низ годиниве, не значи дека знае сè за фудбал.
На мечот меѓу Заласпорт и Сиофок од унгарската втора лига, кој заврши 6:1, падна еден од поубавите голови сезонава во Европа. Творец на ова ремек дело е Бабати Бенџамин кој го постигна петтиот гол за домашните.
Ај сега да го оставиме на страна за момент лудилото на Суперкласико и слободните удари на Меси. Има нешто посебно и во оваа акција и тоа многу посебно. Поентата лежи во маестралниот финиш кој никој не го очекуваше. Аплаузи друже.
По 16 минати кола Манчестер Сити го претрпе првиот пораз сезонава во Премиер лигата, можност за Ливерпул конечно да избие прв. Сега бандата на Клоп е единствената која нема загубено меч. По тој повод имаме екстра добро измонтирано видео.
Ако некој ви го спомне името Питер Девин, веројатно нема ништо да разберете. Потоа може да ви рече „Абе оној Питер Девин“ и за да не бидете како паднати од Марс, најдобро да го најдете видеото по кое Питер Девин уствари стана славен.
Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Манчестер Јунајтед славеше против Фулам 4:1, а последен пат му дал 4 гола на Јеовил пред скоро една година. Но друго ни е муабетот. Што е со пасов на Крис Смолинг???
Фернандо Гаго важи за еден од омилените фудбалери на Бока Јуниорс меѓу навивачите. На времето како голем талент заигра и во Реал Мадрид, но кариерата му се памети само по чести повреди и отсуства од теренот. Синоќа во најважниот меч за секој жив навивач на Ривер и Бока, Гаго влезе во 89’ минута место капитенот Пабло Перез и веднаш ја доби капитенската лента како заменик капитен.
Ривер Плејт и Бока Јуниорс ја потсетија Европа како се игра фудбал со страст и срце. Пред скоро полн „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид „милионерите“ славеа 3:1 и се радуваа на пехарот во Копа Либертадорес.
Си биле еден турски трагичар и еден турски херој. Замислете ваква глупост да направеше некој на Бока - Ривер. Ниту ќе заспиеше, ниту ќе го оставеа да заспие. Абе два на еден бевте ало, а голманот беше само гледач.
Фудбалерите на Милан можат да жалат што синоќа не ги собраа трите бода против Торино со кои ќе беа на -1 до градскиот ривал Интер кој загуби од Јуве. Во последните минути од мечот Патрик Кутроне промаши зицер и реагираше како да е играч од одбрана.
Големото финале конечно го доби својот шампион. По разни перипетии, Ривер синоќа во реваншот од Копа Либертадорес со 3-1 го совлада најголемиот ривал Бока Јуниорс. Гостите поведоа преку Дарио Бенедето кој при прославата му се кривеше на противничкиот бек Гонзало Монтиело.
Пред помалку од еден месец, фудбалерот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ постигна прекрасен гол со ножички. Вечерва пак на ист начин ги наполни насловните страни. Динамо му гостуваше на Интер во Запрешиќ и славеше со 0:2.
Парадоксот на современиот фудбал отиде до таму да ја искомпритира и најголемата страст на луѓето во Јужна Америка - континент на горди луѓе, убави култури и верни традиции кои долго се бореле за своја слобода од угнетувачите.
Иако важи за еден од најдобрите и најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, Гвардиола важи за човек со незгоден карактер кој не секогаш знае да признае пораз. А Маурицио Сари синоќа му одржа лекција.
Синоќа се одиграа најлудите средби од досегашниот тек на Серија А. Прво на Сардинија Рома имаше убедливи 0-2 против Каљари, за домаќинот со двајца играчи помалку (црвени картони), дури во 95-та минута да израмни на 2-2 и да направи сензација. А уште полуд меч се одигра на „Олимпико“ во Рим каде Лацио и Сампдорија одиграа 2-2 со два гола длабоко во судиското продолжение.
Внимавајте на податоков. Лионел Меси во последниве четири години постигнал 18 голови од слободен удар. Само еден тим ја има таа бројка во истиот период од топ 5 лигите, а тоа е Јувентус, но со шест изведувачи. Барса синоќа го декласираше Еспањол на гости со 0:4, а Меси имаше не едно, туку две ремек дела од прекин. Гениј.
Прво ја губи топката, па му се сипува на Стерлинг како оса и му ја зема. Потоа на другата половина од теренот пак се случува некоја брканица во која пак и пак победник излегува Канте. Сето ова во 10 секунди. И после како да не му продолжил договор.
Како старее сè повеќе му зрее тоа левицата. Александар Коларов има 33 години, а на таа возраст ни Синиша Михајловиќ не ги изведуваше вака слободните удари. Заслужи аплаузи и од навивачите на Каљари за ова ремек дело.