Ако некој човек ja одбележа Копа Америка 2019, тоа дефинитивно е Дани Алвеш, човекот кој од сезона во сезона си го поместува личниот светски рекорд и со тоа ги поместува границите во фудбалот.
Синоќешниот трофеј со Бразил му беше број 40 во кариерата, а капак на се беше што го прогласија за најдобар играч на првенството, 36 години. Учете деца.
Алвеш е пример за издржливост и посветеност, еве можеби и среќа што секогаш е на победничката страна, ама за тоа да е така се докажал и се изборил. Цела планета меле за Меси, Роналдо, Мбапе, Азар, Ибрахимовиќ, Буфон и ред други светски класи, ама никој како Дани.
Заигра во Бразил, Шпанија, Италија и Франција и заедно со репрезентативните успеси стигна до 40-ка. Од нив 23 трофеи му се со Барселона каде играше најдолго (2008-2016).
Договорот со ПСЖ му истече и сега само прашање на време е кој ќе го лапне ова неуморно човече кое ги дробеше и Аргентинците.
Славјето на Бразил
Хајлатс од финалето