Фудбал

ВИП ложата на стадионот во Кратово

Силекс - Ренова, 3 март 2019. Натпревар од македонската прва лига. Добро е да напише бидејќи некој може, односно сигурно ќе помисли дека ова е селски фудбал, а не прволигашки.

Украинец исфрлен од репрезентација зошто потпиша со руски Зенит

Политиката никако не престанува да се меша во спортот. Последен ваков случај доаѓа од Украина каде долгогодишен репрезентативец бил избркан од националниот тим поради тоа што игра во руски клуб.

Фудбалер на Бордо пропуштил месец дена поради компликации со пресадување брада

Некој пресадува коса, некој прави разни естетски интервенции, а еден познат фудбалер во Франција решил да пресадува брада на места каде што не му растела. И се зезнал.

Зидан и Бекам во реклама за ретро копачки

Како дел од прославата на јубилејот 25 години од првите Adidas Predator легендарни копачки, Дејвид Бекам и Зинедин Зидан бираа кому да подарат таков пар копачки.

Ставете ми ја прославата и на ФИФА, не само на ПЕС

Само што дојде на крајот од јануарскиот преоден рок во Марсеј, Марио Балотели покажа зошто важеше за најголем светски талент во Интер, Милан, Манчестер Сити.

Мали, ти сериозно можеш да ја освоиш наградата „Пушкаш“

Младинците на Лион, играчи до 19 годни, се убедливо први во нивната лига. Во директниот дуел против вториот Дижон на гости при резултат 1-1, чудесниот Жаирињо Фумонт во 84’ минута постигна неверојатен гол.

Супер мотивациско видео на Ајакс пред реваншот со Реал

Тренерот на клубот од Амстердам во неколку наврати деновиве спомена дека тоа што Серхио Рамос, капитенот и главен играч на Реал не игра на реваншот поради жолти картони, Ајакс би можел да го искористи и направи чудо.

Како Кристијано Роналдо му суфлираше на Алегри да тргнат понапред

Јувентус го преброди најтешкото гостување кое го има во Серија А и со три бода си замина од градот под Везув. Алегри постави добра дефанзивна тактика со полу-контри и контри, па Роналдо најчесто напред бркаше сам.

Добра финта

Високиот холандски центарфор, соиграч на нашиот Стефан Ристовски од Спортинг, Бас Дост проба да проигра невидлив играч на мечот со Портимоненсе (3:1).

Ќе има ли триплета во Европа сезонава?

Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.

Фудбалер од турска трета лига со жилет ги сечел противниците

Варварски потег за кој нема место ниту во војна, а не на фудбалски терен меѓу два клуба кои играат пред илјадници гледачи. Што требало, да убие некој?

Во САД првпат се играше прволигашки фудбал на -7 степени

Во саботата на 2 март стартуваше регуларниот дел од сезоната во МЛС - најдобрата американска фудбалска лига. Фокусот го привлече мечот во Денвер, меѓу Рапидс и Портланд Тимберс.

Бонучи и Бернардески се судрија - фаул за Јуве

На големото дерби Наполи - Јувентус (1:2) синоќа видовме два црвени картони, гол од слободен удар, промашен пенал и многу многу стартови. Смешен момент беше кога судијата Роки (одлично судеше цел меч) досуди фаул за Јувентус кој наводно го направил Инсиње.

Изгласани нови фудбалски правила, нема веќе стоење во противнички жив ѕид

На 2 март меѓународниот совет на фудбалски асоцијации IFAB (организација која што се занимава со регулирање на правилата во фудбалот) се собрал во Абердин и утврдил неколку измени во правилата.

Балотели како Тоти - даде гол и правеше селфи на терен

Олимпик Марсеј ја заживеа кариерата на Марио Балотели, а Италијанецот го врати клубот на победнички патеки: 4 гола на 6 меча откако дојде од Ница. Синоќа постигна преубав гол против Сент Етјен а го прослави уште пофраерски.

Дете што собира топки го иритираше Клоп

Големото градско дерби завршува 0-0, тренерот на Ливерпул Клоп тргнува кон соблекувалната, кога едно дете почнува иронично да му аплаудира во лице. Германецот сфати дека малиот го зафркава па тргна накај него по објаснување.

Кепа Аризабалага се искупи

Челси многу тешко стигна до важни три бода во трката за место во Лига на шампиони, откако со 1-2 славеше кај Фулам попладнево. Победа остварена најмногу благодарение на најскапиот голман на светот.

Дуелот Рамос - Меси

Барселона одново, во рок од само четири дена го победи Реал среде Мадрид, овојпат со 0-1 со гол на Ракитиќ. Фудбалерите на Реал повторно се исфрустрираа што не можеа да дадат ниеден гол, па Рамос бесот го истресе врз Меси кој не му остана должен.

Нова сезона - нов гол на Ибрахимовиќ за победа на ЛА Галакси

На отворањето на 24. сезона во американската МЛС, ЛА Галакси со 2-1 го совлада Чикаго. Резултатот беше 1-1 додека на сцена не стапи најголемиот во 80' минута.

Што мисли Гатузо за Инстаграм?

На прес-конференцијата после мечот кој Милан го доби со Сасуоло, Рино на едно новинарско прашање одговара: „Алегри го напуштил Инстаграм? Не, не, јас не ни помислувам да го имам тоа нешто. Веќе и онака ме навредуваат доста. За мене на мобилниот има само зелено да кренам и црвено да спуштам.“

Кога Иле не гаѓа тука е Алекс

Палермо има водство против Лече од 2:0. Стрелец на првиот гол е Александар Трајковски на кој му треба само 4 минути да го отвори резултатот.

Тролачко фото на денот

Имаме четири екипи од Премиер лига и телефони кои биле ин во времето кога станале шампиони. Тотенхем најмногу го изеде и го јаде уште.

Кога ќе пораснам сакам да бидам Дел Пјеро

Десет години подоцна: Пораснав, ве молам избришете го видеово и вратете ми ја топката од кров, ветувам дека од утре само ќе бранам. Јас ќе ја залепат ако се дупнала од керамидите, без гајле.

Епска изведба на пенал

Изведува Џејсон Квињонес Ангуло, колумбиски фудбалер во тимот на Пасаквина од Ел Салвадор.