Фудбалските фанатици понекогаш не се свесни за фактот дека колку луѓе има што следат фудбал, толку има и „нормален“ свет што не го занима како 20 и нешто луѓе трчаат по некаква топка како будали. Во ова се уверил и еден Нејт Патрик од Англија
Еден од најпрепознатливите и најславни фудбалски имиња од селекцијата на Хрватска денеска полни 49 години. Важеше за корпулентен напаѓач кој играше за Хајдук, Кан, Олимпик Марсеј, Лацио, Јувентус и Мидлсзбору. Најмногу трофеи освои во Рим, вкупно пет меѓу кои и Скудетото во 2000-та година. Погледнете ја оваа интелигенција.
Кога во 1997 година Буфон и Лилиан Турам беа главни во неверојатниот тим на Парма, овој вториот доби син кој сега игра одлично во францускиот прволигаш Генгам.
30-годишниот главен информатор на сајтот Football Leaks, Португалецот Руи Педро Гонсалвеш Пинто во моментов е во домашен притвор во Будимпешта и има електронска наногица.
Секоја чест за деби сезоната на Роналдо во Серија А и откритието Пјонтек од Џенова, ама пазете го и ова. На повидок е рушење на еден стар рекорд на легендарната 9-ка на Фиорентина, кој може да го урне ветеран кој за 10 дена полни 36 години.
Иако неговиот Феенорд изгуби со 3:1 на гостувањето кај Цволе, легендарниот Робин уште еднаш покажа дека левицата му е како шило. Во 34’ минута израмни на 1:1 од слободен удар.
Ако некој се посомнева дека свежината и брзината на Меси повеќе ги нема, а уствари ги има и воопшто не се избледени, сега тешко на тој што ќе си има работа со нападот на Барса кога и двајцата ќе се најдат во прв состав. Дембеле е фудбалер кој кога ќе тргне со топка одма уфрла во трета. Заклучок: Не се чува детево од што е брзо. Вчера пак даде гол, а пред четири дена му даде два на Леванте.
Знаете ли кој е прв во Германија, со еден пораз и со најмалку примени голови? Не е Баерн, туку клубот кој најмногу му пркоси на Баерн и кој никогаш не падна во криза и во очај и покрај тоа што им ги разграбаа најдобрите.
„Влегуваме во соблекувална на полувреме и се гледаме меѓу себе. Овие запнаа како да играат финале, а ние се договоривме да му ја даваме цело време на Кројф за он да игра пред публика.“
Тренерската кариера ја почна во Реал, го тренираше две и пол сезони и стигна до 9 трофеи од кои три историски во низа во ЛШ. Ама ЗиЗу е свесен дека и покрај успесите кои сепак ги постигна со врвен состав, има уште фурни леб да јаде за да го испече занаетот, па затоа внимателно го слуша “Лудакот“. Инаку видеово е пред година и кусур, ама фино е да се види желбата на едниот да слуша, а другиот да пренесе.
Иран влезе во четвртфиналето на Азискиот Куп на нации откако со 2-0 го победи Оман. Интересно, мечот само што почна а Оманците добија пенал кој голманот на Иран Алиреза го одбрани откако Сердар Азмун му кажуваше каде да се фрли.
Низа јаки, многу јаки голмански интервенции се за издвојување од колово во кое се истакнаа чуварите на головите на Сент Етјен, Лион, Атлетико Мадрид и Лацио. Која од која поубави одбрани.
Трка на денот, сеир на денот или татко на денот? Треба да го заобиколат теренот и потоа тој ќе што стаса прв дава гол. Таткото има голема предност и стигнува до целта, но...Инаку да, 5 милиони прегледи има видеово.
Не сме нешто многу по шпекулациите за трансфери кои кај нас на сајт може да ги прочитате скоро ич, ама ајде да видиме што има на тема Стефан Ристовски во Лацио. За неговиот трансфер во Рим, италијански печат пишуваше денес, пред три дена, а и пред две и пол години.
Барселона синоќа го совлада Леванте со 3:0 и го елиминираше од Копа дел Реј. Играч на мечот беше Осман Дембеле кој беше двоен стрелец. Но баталете му ги головите, бидејќи не се ништо посебно и пазате што им направи на Барди и уште двајца.
На сите клупски обврски со тренинзи, карантини и натпревари во згуснатиот распоред на англискиот фудбал, Шпанецот им посвети време на деца кои цел живот ќе ја паметат и раскажуваат оваа средба со него.
Алиреза Бејранванд, голманот на Иран има фасцинантна животна приказна. Неговата способност да фрла топка како каменче се должи на тоа што како мал бил добар во Дал Паран - традиционална иранска игра во која победува тој што ќе фрли камен најдалеку. Чесно е да се каже дека тоа многу му помогнало.
Џанфранко Ѕола на 35 години, на 16 јануари 2002-ра постигна легендарен гол против Норвич. Италијанецот, кој денес е помошен тренер во Челси, со „Сините“ како играч освои два ФА Купа, еден Лига Куп, еден Супер Куп, Куп на УЕФА и Супер Куп на УЕФА.
По 27 одиграни кола во едно од најтврдите првенства на светот, Лидс Јунајтед е прв со 16 победи, 6 нерешени и 5 порази. Тимот во кој број 10 носи нашиот Алиоски има врвен тренер со богато фудбалско минато.
Деновиве популарно на Фејсбук е да ставиш слика од тоа како си изгледал во 2009-та и една од 2019-та и да го пишеш хаштагот #10YearChallenge. Ајде и ние да бидеме популарни и да видиме што има на таа тема на спортски план.