Фудбал

Фејсбук челинџот на Рома, Тотенхем, Ливерпул и Вардар

Деновиве популарно на Фејсбук е да ставиш слика од тоа како си изгледал во 2009-та и една од 2019-та и да го пишеш хаштагот #10YearChallenge. Ајде и ние да бидеме популарни и да видиме што има на таа тема на спортски план.

Циркузантски пенал од буткање на двајца соиграчи

И најдобриот глумец меѓу фудбалерите не може да изнуди ваков смешен, непостоечки и банален пенал каков што се случи на дуелот меѓу Сирија и Австралија на Азискиот Куп. Среќа Австралија победи 3:2 со гол во 93-та минута, инаку ќе требаше да со помири со реми поради овој аматерски судиски превид. 

Зошто големите холандски бисери го носат бројот 34?

Ајакс редовно вади ретко талентирани фудбалери од својата школа, а генерацијата на Џастин Клајверт и останатите редовно се сеќава на нивниот омилен другар кого го поддржуваат во тешката животна состојба.

Карамбол со најсреќната можна завршница за едните

Ова е и онака напето за гледање, а замисли резултатот да е 1:1 и ти ја чекаш ГГ3+ за пари. 

Објаснувањето на Валдес за тоа дека кај Пеп нема никогаш рогачката

Некој ќе рече дека таа игра со пимплање е здодевна за око, ние ќе речеме дека е најубава, а Пеле во една прилика додаде дека играта со куси додавања е најтешка за имплементирање на терен. Голманот со 21 трофеј во Барса ја раскажува првата лекција со човекот кој најдобро ја практикува.

Во либералните земји паѓале повеќе голови по натпревар во просек

Дали има вистина во тврдењето дека слободата ги полни стадионите, а диктатурата освојува првенства, не знаеме, иако оваа премиса има доста поборници.

На лето фудбалот го остава уште една голема легенда

Чешкиот голман Петр Чех има неколку вселенски достигнувања во англиската Премиер лига. Држи рекорди кои тешко дека во догледно време некој друг голман ќе ги достигне.

Топката е поголема од него, ама ја владее

Што се вика уште моча во гаќи, ама со топка е бетер од возрасен. Како не го здоболи нога од жонглирање вака бос, нас видот ни се умори, а броењето ни се измеша од што го прави ова брзо. За малце не стаса до 100-ка, околу 90 треба да се. Ваљда.

МЛС 2008 vs МЛС 2018

Најквалитетната фудбалска лига во САД има сериозно добар напредок во период од само 10 години. Бројките кои ги постигнале за една деценија се фасцинантни и пример како се успева кога ќе запне човек да работи. А знаете дека фудбалот не им е спорт број 1.

Извежбан корнер на денот

Не се нервирајте кога тој што изведува корна, не ја нафрла директ, туку му ја додава на тој што стои до него. Има и во тоа логика, особено кај селекцијата на Јордан.

Спаси една топка, му настрадаа најважните две

Пожртвуваноста на денот ни доаѓа од Индија, каде исто така за запазување е и коментаторот кој многу директно и сликовито ја опиша оваа болна интервенција: Не само што самиот се жртвуваше за оваа топка, туку ја жртвуваше и идната генерација. Ја спаси топкава, ама исто така загуби две.

Фудбалер од Бахреин преживува голгота поради протести и револуција

Еден од најдобрите играчи во Бахреин пред неколку години бил обвинет дека учествувал во демонстрации против властите во земјата. Оттогаш до денес се моли само да не го вратат зошто знае што го чека.

Какви пари какви бакрачи, гратис ќе ви играм и плус јас ќе ви дадам пари

Ако мислите дека она „фудбал се игра за љубов“ е само една убаво замислена научна фантастика или бајка, се најде јунак кој успеа да докаже дека и тоа постои.

За успехот на Јунајтед не е заслужен само Солскјер, туку и еден човек од сенка

Неговото влијание во Јунајтед било големо уште во ерата на големиот Сер Алекс кој лично се заложил Фелан да се врати во клубот затоа што ги познава состојбите од внатре. Идејата на Ферги била полн погодок.

Јирген Клоп ја призна својата најголема грешка

Фудбалерите на Ливерпул сезонава играат неверојатен фудбал. Ги мелат противниците во Премиер лига и Лига на шампиони и заслужено се меѓу главните фаворити за освојување.

И Мануел Ноер посака да биде Едерсон

Знаете како велат, од многу стоење на времево голманот може да настине, па не е на одмет некој спринт нели? Едерсон се опушти против Вулверхемптон и воопшто не беше лош, напротив Пеп сигурно е горд на неговите куси и разумни додавања.

А дали го видовте на Гатузо клизачот?

Лизгачкиот старт на Гонзало Игуаин врз Џенаро Гатузо е хит од вчерашниот тренинг на Милан во пресрет на Супер Купот на Италија против Јуве закажан за 16-ти. Ништо не е тоа, гледајте го вие царот како му влезе на Ромањоли. Во Караорман не влегуваат вака со две нозе.

Игуаин бери памет на следниот тренинг

Гонзало Игуаин не е повеќе виден жив, откако му направи клизачи на Гатузо на тренинг, вели описот по кој ти е јасно зошто од денес ќе фрчат силни заушки. Не ти проаѓа ова кај шефот туку така.

За спонзорот Teka на легендарните дресови на Реал Мадрид

Логото на дресовите кои ги носеа Раул, Роберто Карлос, Гути, Фиго и другите легенди остана запаметено со успесите на „кралскиот клуб“.Во ситуација кога интернетот не беше доминантен, ретко кој знаеше нешто повеќе за Тeka, спонзорот на Реал Мадрид.

За 15 годишник ова е преимпресионирачки дриблинг

Иако има 15 години Рајан Черки е дел од тимот на Лион У-19. Не знаеме дали идол му е Нејмар, ама од него појако го прави овој потег, својствен повеќе за тоа нинџите од сала како Фалкао и Рикардињо.

Давид де Хеа - Спајдермен меѓу голманите

Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.

Де Хеа брани како што ќе посака

Оле Гунар Солскјер има стартни 6 од 6 со Манчестер Јунајтед од кои 5 во Премиер лига. На нагазната мина на препородениот Јунајтед нагази и Тотенхем пред своите навивачи, а херој на мечот без конкуренција беше Давид Де Хеа. Полуде дечкото на гол.

Многу чалам не е на арно

Џонатан Калери од Депортиво Алавес требаше да го има голот на сезоната во Ла Лига, ама се претвори во трагичар на мечот Жирона - Алавес кој заврши 1:1. Ова и вака е ремек дело, а камо ли да влезеше. Кај со рабона, па уште и кроз нозе. Жирона - Алавес конечни 1:1.

Голман башка будала или голман крал?

За време на мечот Жирона - Алавес (1:1) на кој Кристијан Стуани постигна прекрасен гол, голманот на домашните Јасин Буно направи многу ризичен дриблинг во стилот на Зинедин Зидан. Има среќа што му успеа.