За време на мечот Жирона - Алавес (1:1) на кој Кристијан Стуани постигна прекрасен гол, голманот на домашните Јасин Буно направи многу ризичен дриблинг во стилот на Зинедин Зидан. Има среќа што му успеа.
Уругваецот Кристијан Стуани е најголемо изненадување во шпанската Ла Лига сезонава. Тој постигна 12 гола досега и го дели второто место на листата најдобри стрелци со Суарез кој има исто 12. Лионел е прв со 16 погодоци.
Толку се спонтатни и добри зафрканти, што просто ти е мерак редовно да го следиш англискиот фудбал во пониските лиги. Она што се случи со Лидс Јунајтед и Дерби е многу смешно.
Немања Матиќ и Златан Ибрахимовиќ важат за добри другари. Кариерата во еден момент ги спои на славниот „Олд Трафорд“ каде Србинот остана а Швеѓанецот со балкански корени замина да игра во Лос Анџелес. Но сега Немања го кани Ибра на македонски ајвар.
Ако некогаш се пишувал прирачник за младите и незрели фудбалери, првата страница ќе почне со примерот на Ројсон Дренте, Холанѓанецот за кого Руд Гулит предвидуваше Златна топка, а заврши како рапер во маалски барови.
Деновиве се игра Азискиот Куп на Нации кој се одржува на секои четири години. Во овој дел од светот сите со големо внимание го следат Купот, па така и јорданскиот крал Абдула II. Откако се појавила фотографија како еден чистач на улици преку излог го гледа мечот Јордан - Австралија 1-0, јорданскиот крал решил да го покани следната со Сирија да ја гледаат заедно.
Кристал Палас го направи сезонава можеби најголемото изненадување во Премиер лигата откако со 2-3 го совлада Сити на гости и му ја прекина серијата од 18 победи по ред дома. Вториот гол за Палас го даде Андрос Таусент. Страшен погодок:
Во 1/8 финалето од шпанскиот Куп Барселона изгуби 2:1 од Леванте. Каталонците играа со втор состав, а од првотимците истрчаа само Бускетс, Видал и Дембеле. До 18’ минута Леванте водеше 2-0 а Барса намали од пенал дури во 85’ минута. Реваншот е на „Камп Ноу“ на 17 јануари. Но оставете тоа:
Новата сезона во американската фудбалска лига МЛС започнува на 2. март. Тимот на Ибрахимовиќ Лос Анџелес Галакси започнал со подготовки а Златан ги загрева со нешто балканско.
На денешен ден, 11 јануари 2009 година еден од најталентираните фудбалери во францускиот фудбал кого претходно во Милан повредите го спречија да покаже што знае, го постигна голот на кариерата.
Дерби во Колумбија меѓу Меделин и Толима. Гостите водат 0-1 и во 25’ минута Хуан Давид Валенсија решава сам да тргне во напад. Првиот дриблинг при приемот му е чудесија.
Легендарниот коментар на Таско, совршено ќе легне како наслов за овој обид за слободен удар на Јордан против Сирија, кој за жал остана само обид. Колку и да му беше лоша завршницата на кутриот Муса, пак да си пробате, бидејќи фората е супер.
Бекот на Манчестер Сити влезе во листата на стрелци на историскиот триумф на Сити против Бартон од 9:0. За него ова е втор гол за Сити и вкупно осми во кариерата. Гол со кој им кажа на двете супер ѕвезди дека годинава не можат со него.
Во тоа време дојдоа на „Сан Сиро“ како големи засилувања затоа што со Ајакс доминираа во Европа под водство на Ван Гал. Тифозите на Милан имаа големи очекувања но добија тешки разочарувања.
Стратегот на англискиот третолигаш Бартон, Најџел Клаф не падна во депресија по ултра високиот пораз во Лига Купот од 9:0 против Манчестер Сити. Напротив, излезе цар со изјавата.
По бедните резултати во домашното првенство и грчевитата битка за опстанок, на Тиери Анри конечно да му тргне нешто од рака. Неговиот тим се пласираше во полуфиналето од Лига Купот благодарение на едно лудо младо голманче.
Во Серија А сезонава за прв пат играчите добија зимски распуст од нова година па до 20-ти јануари. Марик Хамшик не знаеме каде го поминува, ама очигледно имаат премногу слободно време со другар му, па ги фаќа и с`клет.
Нема крај на анегдоти од кујната на Милан, ама од оној носталгичниот со легендите предводени од Анчелоти. Токму Карло има една за раскажување за роденденот на Рино кој денеска полни 41 година.
Со легендарниот Драгослав Шекуларац на посебен и уникатен начин се опрости неговиот градски ривал од Партизан и голем пријател, со зборови кои само му даваат тежина на името на вечниот фудбалски ас.
Голман е во австралискиот прволигаш Велингтон Феникс, по националност е Пољак, името му е Филип, а презимето Курто. Толку од нас, остатокот вие ќе треба да ни го објасните.
Џердан Шаќири или што би рекле коментаториве од Спортклуб, Џердан Шачири, последен пат е виден во прегратките на Јирген Клоп. Да не го видел некој после тоа?
Скоро да нема редовен обложувач кој не слушнал за маалскиот муабет: „Утнал пенал во 90-та? Прати му го ливчето да ти ги исплати парите сега“. Овој муабет се случил и во реалноста и тоа после натпревар од англискиот ФА Куп.