Дани Алвеш пристигна во Сао Паоло и се блокираше аеродромот. Колку само работа му се отвори на обезбедувањето за да го контролира хаосот, ќе видите сами на видеото.
За неговиот кам бек настана потполно лудило. Со бакљада го пречекаа. Прави кам бек во бразилското првенство после 17 години во кои собра рекордни 40 трофеи од кои 22 во Барселона. Другите му се со Севиља, Јувентус и ПСЖ.
Алвеш ја почна кариерата во Бахиа, а интересно е што на 36 години потпиша за Сао Паоло, не на една година, туку до декември 2022-та. Се зборува и дека ќе има највисока плата во бразилскиот шампионат.
За вечерната фешта која ќе се одржува на стадионот Морумби за сега се продадени 21.000 билет, но клубот очекува таа да биде поголема од 45.000 навивачи кои го пречекаа Луис Фабијано.
😍🇾🇪 O meu craque veste a 10! É isso: @DaniAlvesD2 é o novo camisa 10 do Tricolor. Corre para comprar a sua, personalizada com o nome e o número dele: https://t.co/FqSdXLRPMh#DaniEstáAqui pic.twitter.com/MvM15DlIj8
— São Paulo FC (@SaoPauloFC) August 2, 2019