Фудбал

Како Јуве ги мобилизира навивачите за ЛШ од цел свет

Во пресрет на големата осминафинална битка против незгодниот и искусен Атлетико Мадрид на кој прво му одат на гости, италијанскиот првак спреми многу добра најава за мечот кој утре им престои. Вклучија повеќе навивачи, отколку играчи, а последниот збор го има Марио Манџукиќ и тоа на хрватски. Одлично видео.

Од каде и од кога потекнува прекарот на Валенсија - „лилјаци“?

Пишаниот збор често останува од колено на колено и тешко се менува. Во многу земји фудбалскиот клуб кој некогаш царуваше во Европа е поврзан со цицачот кој го има на својот грб и амблем. Но во Шпанија ретко кој ги вика така.

Најгерманскиот тим во Англија кој гази на патот кон Премиер лига

Англискиот чемпионшип е најбогатиот, најнеизвесниот и најинтересниот тунир меѓу сите втори, а богами и меѓу многу први лиги во Европа. Сезонава таму будно се следат потезите на Бјелса, Лампард и другите познати лица.

Пречек и пол за човекот кој реши да игра фудбал од љубов

Висла Краков синоќа го совлада Шлонс Вроцлав со 1:0, а стрелец на голот беше Јакуб Блашчиковски, јунакот на домаќините кој му врза шамар на модерниот фудбал.

Што бара бе таа камера таму?

Шпицот ти крева рака, се обидуваш да го најдеш со дегажирање и наеднаш некој наеднаш ти ја враќа топката од небо. Да земе уште 1.000 пати да ја гаѓа нема да ја погоди.

Лудачки волеј во Аргентина

Елиаз Гомез од Аргентинос Жуниорс покажа дека и тие балон топките знаат да бидат многу корисни во шеснаесетник. Ама треба да знаеш како да ги искористиш и да имаш малку Златан во себе. Феноменално изведено. Голманот споменик.

Ферски потег на Арда Туран, призна дека била од него

Башакшехир успешно ја продолжи трката за титулата во Турција откако на гости ја совлада Анталијаспор со 0-1. Интересно, во 18' минута од мечот бекот на домаќините Назим Сангаре изби една топка од Арда Туран во аут, ама судијата досуди аут за гостите. Тогаш на сцена стапи некогашниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Барселона.

Комична сцена при кавга со внесување лице во лице

За време на мечот Рома - Болоња, капитенот на домаќините Флоренци влезе во еден дуел со далеку повисокиот и покрупниот противнички бек Мичел Дајкс. Овој виде не виде, се насмеа од комичната сцена.

Играш во ЛШ и ти доаѓа баба ти на 90 години

Марко Асенсио е роден во Шпанија, ама по мајка е Холанѓанец. Ја загуби кога имаше 15 години. Баба му е жива, има 90 години и цела холандска фамилија од страната на мајка му беше на стадион во Амстердам за да го гледаат на мечот Ајакс - Реал во ЛШ. На 90 години дојде да го гледа, царица. И тоа за голови и асистенции му збори, не за апчиња, чаеви и серии.

Го видовте ли циркусот со ВАР на СПАЛ - Фиорентина и во Полска?

Во Италија на мечот од Серија А имаше досега невидено толкување на ситуации за ВАР. А слична приказна и во Полска на дербито Легија - Краковија каде играч доби втор жолт, па му го избришаа и му дадоа директен црвен.

Играм за Фрозиноне ама пак сум фаца

Андреа Пинамонти е 19 годишен напаѓач со 14 настапи и 3 гола. Фрозиноне до сега има 14 порази на 24 средби во Серија А, ама затоа Андреа има многу добра утеха по име Никол.

Како навивачите на Бока со песна ја ставија топката во гол

Синоќа во аргентинското првенство, Бока поведе 1-0 во 55’ минута. Само четири минути подоцна примија гол за 1-1, но фамозната La 12 не падна туку згрме уште погласно. Неколку секунди подоцна го прославија победничкиот гол на Мауро Зарате.

Статистички, Џиџи Буфон е најдобар голман во Европа во моментов

Иако би рекле дека брани против послаби противници, ако Лион и Лил може да се дефинираат како слаби противници, 41-годишниот Џанлуиџи Буфон има статистика подобра дури и во некои негови одлични сезони во минатото. Како е можно и како се мотивира на таа возраст?

Безвременскиот Клаудио Пизаро со историски гол во 96-та минута

Имаше еден Пизаро во Бундеслигата во времето на Штефан Ефемберг, Оливер Кан, Марио Баслер и Лотар Матеус. Се сменија генерации, дојдоа нови клинци, а истиот тој Пизаро сè уште е дел од лигата. Да, истиот е.

Рекордерот по број на автоголови во Холандија

Стоперот на Феенорд, Стен ван Бек важи за талентиран, снажен одбранбен фудбалер, ама има една маана - едно, две па си дава автогол. Веќе е рекордер.

Уште осум победи и Јувентус е шампион на Италија

На 14 кола до крајот на сезоната во Серија А, Бјанконерите веќе ја имаат направено математиката за освојување на нова осма титула по ред. Осма. Како тргнале, изгледа треба да паузираат некоја година со неиграње за да гледаме неизвесност.

Човекот кој избегна паѓање од мостот Моранди во Џенова, го урна Лацио

Некогашниот италијански репрезентативен бек Доменико Мимо Кришито ја привршува својата фудбалска кариера во Џенова каде уште игра на ниво како пред 10 години.

Добро ти глуп си или што е работава?

Голманот не е крив, туку тоа 6-ка која треба да јаде чврги. Ја гледа топката и се шетка лабаво, како да е на пазар. Се работи за полскиот прволигаш Заглембе Лубин.

Верувајте, италијанската трета лига не е ништо поарна од нашата

Играле Кунео и Про Пјаченца. Гостите дошле само со 7 играчи и сите седморица имале 16 и 19 години. Дошле без тренер. На крајот Кунео ги  совладал со 20-0 ама цела Италија им честита на децата од Пјаченца кои дошле машки да одиграат.

Неверојатен гол падна во Унгарија за победа во 93-та минута

До 93’ минута од судиското продолжение резултатот на мечот Дебрецен - Ференцварош беше 1-1. И тогаш на сцена стапува 18-годишниот Даниел Жори кој дебитира за клубот, го игра првиот меч и го дава најубавиот гол на сезоната можеби во цела Европа.

Фантастичен гол на Жињак

Францускиот центарфор Пјер-Андре Жињак растура во мексиканскиот фудбал. Синоќа на мечот кој неговиот Тигрес го доби со 3-2 против Некакса, постигна два гола од кои едниот беше лудница од погодок.

Мајсторски голови на Пјонтек и Чалханоглу

Кшиштов Пјонтек растура за Милан и само на првите четири средби стигна до 6 голови. Милан синоќа освои многу важни три бода на гостувањето против Аталанта која ја доби со пресврт (1:3). Два гола даде Пољакот, едниот страшно добар од многу тешка позиција, а не е за потценување ниту шајката на Турчинот.

Принципиелните потези кои Марота ги повлече во Интер

Можеби некој ќе сака да го оспори, но резултатите се на негова страна. Откако Џузепе Марота стана спортски директор на Интер не може повеќе главен да биде Икарди или таа плавата што секој ден се прчи со голи газови и истовремено дели ум за фудбал пошто му е менаџерка.

Кам бек на Нестогол со гол на асистенција на Алекс

Само 4 минути му требаа на Илија Несторовски да биде во терен за да се врати на голгетерските патеки. По отсуството поради повреда, капитенот на Палермо влезе во игра во 75-та минута, а во 79-та го отвори резултатот против Бреша на асистенција на Трајковски од корнер. Гостите сепак успеаа да израмнат во 92-ра за 1:1 и да ги симнат од тронот. Сицилијанците сега имаат 42 бода, еден помалку од Бреша.