Фудбал

Наежување на Енфилд, YNWA ја надгласа химната на ЛШ

Пред почетокот на дербито во ЛШ меѓу Ливерпул и Баерн Минхен (0:0), „црвените“ од КОП ја почнаа, а целиот стадион ја заори химната You''ll Never Walk Alone. Ја надјачаа онаа стандардната на Лига на шампиони.

Претерано добар гол

Во австралиската фудбалска лига, Бризбејн Роар со дури 5:3 го победи Централ Коуст. Првиот гол на мечот го даде гостинскиот играч Ерик Баутеак. Гол? Голчиште!

Дали го видовте првиот гол на Динамо?

Ако треба да се издвои акција на колото и една од најубавите сезонава во Лига Европа ние би гласале за оваа на Динамо Загреб. Понекогаш многу поубави се ваквите едноставни голови од изработена акција во која ги изораа како бавча. Барселона акција.

Судија не му давај црвен жити очи

Играчот на Динамо Брест Александар Нојок на мечот со Астана го држел за рака судијата да не му покаже црвен картон на неговиот соиграч Кисљак кој брзински доби два жолти.

Што купи 19 годишен фудбалер на Манчестер од прва плата?

На тие блесави години, најголемиот дел играчи сигурно ќе ја купат најбесната кола која им доаѓа на памет, ама дете од Манчестер Јунајтед покажа многу сенс и благодарност кон тие што му ја дале шансата после од каде си го трасираше патот.

Челси доби едногодишна забрана за трансфери

Англискиот премиерлигаш во следните два преодни рока, летниот и зимскиот, нема да може да купува засилувања на трансфер пазарот. Ова е одлука на ФИФА.

Како факс му го зезнал трансферот на Словенец во Италија

Миха Мевља е словенечки висок, крупен, снажен стопер кој од Зенит требаше да премине во италијанскиот прволигаш Емполи и да почне да гради кариера на Апенините. Но трансферот му пропаднал поради факс.

Парола за германскиот министер за внатрешни работи направи хаос

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава прават прекрасни кореографии во Лига Европа и навиваат фантастично, ама синоќа журката и прославата им ја уништи полиција.

Една од причините за поразот на Јуве од Атлетико

„Јорганџиите“ му дадоа 2 гола на Јувентус во самиот финиш и скоро да ја завршија работата околу пласманот понатаму. Во разните анализи се појави и податок околу тоа колку време фудбалерите на Атлетико се во клубот а колку оние на Јуве.

Лудница на Динамо во соблекувална со знамето на Македонија

Фудбалерите на Динамо Загреб слават историски пласман во осминафиналето на Лига Европа. Овој тим го красат не само Хрвати, туку и многу интернационалци како што може да се забележи по знамињата. Капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Браво.

Браво несреќо

Фудбалер на Атлетико Национал се бореше со стативата на празен гол во Копа Либартадорес. Тренерот од мака колено си исчаши.

Гомис смени ја прославата, почна деца да плашиш

Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион и Галатасарај, сега игра во Саудиска Арабија. Таму дава голови ама ги слави со истата прослава како дива мачка. Синоќа постигна гол и го исплаши детето што собира топки со неговата необична прослава. По натпреварот му го подарил дресот на малиот и колку толку го смирил.

Интер игра подобро без Икарди, детето на Челси конечно заигра и даде гол

По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.

Голман, да не си пивнал?

На белгиски Генк не му требаше многу за да го отвори резултатот на реваншот со Славија Прага. Кум на тоа водство беше гостинскиот голман Колар кој направи голема глупост по што Тросар лесно даде гол.

Динамо Загреб ја продолжува бајката, Ристовски испадна со Спортинг

Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.

Фудбалер на Рапид ќе патува во Милано за ЛЕ со копачки, ама и со кондоми

На вечерашните средби во Лига Европа во Милано не треба да се пази само Интер, туку и манекенките во Милано, бидејќи доаѓа фудбалер со двојни намери. Сака да погоди нешто и надвор од терен.

Полиција му ги искрши слушалките на навивач на Селтик

Валенсија вечерва игра реванш против Селтик во Лига Европа, а шкотските навивачи вообичаено во голем број отпатувале да го бодрат својот клуб. Ама шпанската полиција им ја прекинала забавата. Синоќа биле уапсени шест Шкотланѓани поради нарушување јавен ред и мир.

Чудесниот проектил на Сидорф со кое го реши миланското дерби

На денешен ден пред точно 15 години Милан и Интер имаа нерешен резултат 2:2 до 85 минута, се додека Кларенс Сидорф не реши да испука еден топ кој ретко се гледа. Како ли само го изведе овој удар од толку далеку?

Господин со големо Г

За ваков мангуплук треба своевидна фудбалска интелегенција. После потегов не треба да играат веќе, нека се разодитат.

Романска мотивација на денот

Романскиот клуб Поли Јаш се наоѓа во зоната за разигрување за опстанок во првата лига. Бодови им требаат како лек, па затоа на тренинг им дошла група „молдавски разбојници“ да ги поддржат пред мечот во сабота со лидерот ЦФР Клуж. Клубот е од реонот Молдавија.

Научи се да прифатиш пораз

Секоја чест на петте титули во ЛШ, петте Златни топки, рекордните 450 голови за Реал, рекордните 121 во ЛШ и ред другите фасцинантни успеси кои ги постигна со ненормалното темпо на работа и труд, ама тоа не значи дека си го допрел Господ за муда.

Сите одлуки по консултација со ВАР во Лига на шампиони

Ова е првата нокаут фаза во историјата на Лига на шампиони во која се користи технологијата на видеоповторување. На првите средби меѓу Атлетико и Јувентус, како и Шалке и Ман. Сити имаше неколку прегледувања на спорни моменти.

Нема потврда екипа од Атлетико Мадрид

Најголемиот проблем кога играш против Атлетико под водство на Симеоне е да му дадеш гол, особено дома. Oна „Битно да не примиме гол, а дадеме барем еден“ кај нив е светост. Шест сезони им успева.

Диего Симеоне едно две па збори за мадиња и гестикулира мадиња

Не му е прв, а со оглед на неговиот бурен темперамент, ни последен пат да се фаќа за јајца и да демонстрира машкост.