1.Шведски стил? Не. Југословенски? Не. Мора да биде златанов стил.
2.Златан не оди на аудиции. (Кога на Венгер му го понудија како тинејџер од Малме на проба).
3.Тоа што го прави Карју со топка, јас го правам со портокал.
4.Прво отидов лево, па тој тргна по мене. Потоа свртив десно и тој пак по мене. Следно повторно се залетав на лево, а тој отиде по хот дог. (Кога го извози стоперот на Ливерпул, Хенчоз).
5.Кога ме купувате мене, тогаш сте купиле Ферари. Кога возите Ферари го полните исклучиво со врвно гориво, излегувате на автопат и го газите. Гвардиола го наполни со дизел и тргна по селски пат. Требал да купи Фиат. (Во единствената сезона во Барселона и односот со Пеп).
6.Како мислите што и купи? Па го доби Златан. (За вереничкиот подарок)
7.Барам стан. Ако не најдам нешто што ќе ме задоволи, ќе купам хотел. (На презентацијата во ПСЖ).
8.Не знам многу за играчите тука, но тие дефинитивно знаат кој сум јас. (Кога пристигна во Франција).
9.Ја слушавме неговата плејлиста во соблекувална на која имаше многу песни од Џастин Бибер и Селена Гомез. Убаво е да се знае дека дури ни Дејвид Бекам нема добар вкус за се.
10.Се зборуваше дека неуспехот на овие натпревари ќе ме испрати во пензија, а јас им ја пензионирав земјата (Откако со два гола против Данска и обезбеди на Шведска пласман на ЕП 2016.
11.Ветувам дека ќе останам тука ако Ајфеловата кула се промени во мој споменик.
12.Интервју пред СП 2014
Златан: Само Бог знае кој ќе помине.
Новинар: Тешко е да се праша него.
Златан: Во моментов зборуваш со него.
13.Откако Шведска загуби од Португалија во плеј-оф: Светско првенство без мене не вреди да се гледа.
14. Апсолутно не. Нарачав авион, многу е побрз. (Одговор на прашањето дали купил Порше)
15.Се чувствувам како да има околу мене 11 бебиња кои плачат. (Коментар за барањето играч на Челси да добие црвен картон во четвртфиналето од ЛШ во 2015-та.
16.Повредата на Златан е сериозен проблем за целиот тим.
17.Не те повредив намерно и тоа го знаеш. Ако ме обвиниш повторно ќе ти ги скршам и двете нозе и тоа ќе биде намерно. (По обвиненито дека Ван дер Варт го повредил намерно).
18.Онију е како боксер во тешка категорија. Тој е голем и тежок, но не може да ме чува.
19.Трезеге е крив, тој ме натера да пијам една по друга вотка по што заспав во када. Сега многу подобро ја поднесувам вотката. За прославата на Јувентус во 2005-та.
20.Кога Гвардиола почна да филозофира, не можев да го слушам тоа срање за крв, пот и солзи.
21.Мурињо е нешто спротивно од Гвардиола. Жозе ја осветлува просторијата, а Пеп не.
22.Спектакуларни голови како на Златан не можете да дадете ниту во видео игра.
23.Уште не сум ја запознал, но кога ќе ја запознав ќе ми стане девојка. (Одговор на прашањето која е неговата најубава жена во светот).
24.Дојдов како крал, си одам како легенда. (Кога го напушти ПСЖ).
25.Нема да видам крал на Манчестер, туку Бог на Манчестер. (Одговор на Ерик Кантона, дека Златан може да биде само принц)
26.Ја сум како вино, колку постар, толку подобар.
Број на голови откако влезе во 30-та година