Фудбал

Алегри се мајтапи на првиот прес како тренер на Милан

По пауза од 11 години, Масимилијано Алегри се врати во Милан и ја одржва првата прес конференција во друштво на новиот спортски директор, Игли Таре. Првата цел вели дека е кам бек во ЛШ, а кога го прашаа за формацијата, разговорот течеше вака: Ќе се оди со 4-3-3? Каде?, одговори Макс.

Роби Вилијамс пееше на концерт за Жота

Никого не остави рамнодушен фудбалерот на Ливерпул Диого Жота, кој замина прерано со брат му, во кобна сообраќајна несреќа. Еден од најголемите хитови на Роби, во негова чест.

Хименез му донесе титула на Мексико и ја посвети на Жота

Најдобриот мексикански центарфор последниве години, Раул Хименез од Вулверхемптон, синоќа беше главен играч во финалето на Голден Куп меѓу САД и Мексико. Тој излезе на терен со дрес со број 20 и презимето Жота на грбот во знак на сеќавање на неговиот трагично загинат другар и соиграч од времето во Вулвс. Хименез потоа постигна гол за израмнување и го посвети на Жота со имитација на џојстик како потсетување на дружбите со Португалецот.

Слалом на Меси како од времето во Барселона

Интер Мајами го совлада Монтреал со 4:1 во натпревар од МЛС. Два гола на Меси, кој после вакви соло мајстории, не личи дека има 38 години. Ја шина цела одбрана.

Акробација на Мбапе со посвета за Жота и нов убав гол на Гарсија

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со 5 гола од кои 3 паднаа во судиско и донесоа драма. Следува пеколно полуфинале. Кралевите на мегдан со европскиот првак.

Потег за огромна почит: Ливерпул ќе го исплати целиот договор на Жота на семејството

Фудбалскиот клуб Ливерпул првично по страшната вест изрази длабоко сочувство до семејството и најблиските пријатели на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, потоа апелираше да се зачува приватноста на семејството, а сега ќе направи и голем човечки гест.

Рубен Невеш и Кансело заплакаа на минута молк

Португалските репрезентативци и големи пријатели на Диого Жота, фудбалерите на Ал Хилал Рубен Невеш и Жоао Кансело заплакаа за време на минута молк пред мечот од Светско клупско првенство против бразилски Флуминенсе.

Пријателите и непријателите на Балотели меѓу фудбалерите

Имам убаво пријателство со Боатенг, Нејмар и Матераци. Ама Матераци те тепал? Не е точно. Како не, кога тој вели дека е вистина. Непријатели имам многу, ама од играчите не би одел со имиња. Од тренерите Брендон Роџерс. Од кого сум го добил најгрдиот фаул? Тоти.

Извадете му ги голманските ракавици на детево

Сите сме пробале да дрибламе од гол на гол, од личен ќеиф. Ама степенот на успех бил различен и сосема поинаков од голманчево кое е дел од академијата на Спарта Прага. Струја е малиов.

Во меѓувреме одиме во Австралија

Паметите ли појака голманска проценка и игра со глава? Па овој речиси со бековска му даде гол. Дебелиот во секое маало задолжен за бранење, не прави вакви глупости.

Голот на Жота кој никој не ни претпоставуваше дека ќе му биде последен

2 април 2025 е датумот на кој Диого Жота го постигна последниот гол во кариерата и животот. Важен гол, преважен, бидејќи беше единствен за победа на Ливерпул на дербито против Евертон. Тој гол, прославен со страст, несвесно му стана последен. Постигнат е од играч кој секогаш се истакнуваше во големите моменти.

Минута молк од Реал Мадрид, ПСЖ, Челси и Баерн за Диого Жота

Фудбалскиот свет и општо спортот се простува со португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва кои загинаа во трагична сообраќајка. Реал Мадрид на еден од своите тренинзи и Баерн Минхен, одржале минута молк во знак на сеќавање на браќата.

Салах со трогателни зборови се прости од Жота

Ако некој беше во најнепосредна близина на Диого Жота на теренот, тоа често беше Мохамед Салах, најдобриот фудбалер во англиската Премиер лига кој стана најдобар стрелец сезонава кога ја освоија титулата. По капитенот и заменик капитенот Вирџил ван Дајк и Робертсон, сега од Жота се прости и Мо.

Го повлекува ли Ливерпул бројот 20?

Бројот 20 стана симбол за Диого Жота во Ливерпул: тој дојде на „Енфилд Роуд“ во 2020, играше со број 20 на дресот и неодамна му помогна на клубот да ја освои 20-та титула која бурно ја славеше со соиграчите и навивачите.

Атлетик Билбао на интересен начин најави дека Нико останува

Европскиот шампион со Шпанија, Нико Вилијамс, брат на Ињаки Вилијамс, реши да стави крај на гласините и нагаѓањата за негов трансфер летово во Барселона. Тој наводно дал рок до Каталонците да види дали ќе можат да го регистрираат а откако Барселона не можела да даде никакви гаранции, Нико Вилијамс решил да остане таму каде што вели дека му е срцето. Го продолжил договорот со Атлетик Билбао до 2035-та година!

Тренерот на Ливерпул скршен од болка за загинатиот Жота

Летото од соништата на Португалецот Диого Жота се претвори во трагедија. Фудбалерот на Ливерпул кој во само неколку недели освои шампионска титула во Премиер лига и пехар во Лига на Нации со Португалија, загина трагично во сообраќајка во Шпанија. Цел фудбалски свет е во шок а најмногу во неговиот клуб.

Емотивно простување на Ливерпул со Жота

„Нашето момче од Португалија. Засекогаш Диого Жота“ е насловено видеото кое Ливерпул го направи во чест на трагично загинатиот фудбалер кој 5 сезони го потеше дресот на Енфилд. Преку 600.000 прегледи има во првите 8 часа.

Жота со децата на Енфилд

Не престануваат да се вртат видеа од Диого Жота. Загина после тазе направена свадба и шампионска титула со Ливерпул. Три деца остави.

Пред Енфилд e полно со цвеќиња, знамето на Ливерпул на пола копје

Навивачите на Ливерпул се скршени и веќе почнаа да се собираат пред Енфилд Роуд за да му оддадат почит на Диого Жота, кој заедно со брат му загинаа со кола излетувајќи од пат. 

Кои два клуба ќе палат и гасат во Европа во новата сезона?

Имавме ултра набиена сезона, со многу репрезентативни настапи, Лига на Нации + Квалификации за СП и дополнително, ова смешно и промашено Клупско Светско што дополнително ги измрцвари ултрасилните екипи. Фудбалерите не се роботи.

Како Енфилд му пееше на Жота

На 28 години згасна животот на славниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота кој загина во сообраќајна несреќа во Шпанија на автопат близу граница со Португалија...

Најлудиот голмански гол во историја е дело на Оливер Кан

Остајте вие тоа гол на голман од пенал, слободен удар или со глава. Сте виделе ли некој да ја забие топката во гол со раце? И тоа мртов ладен, со смеч како на одбојка. Кан дами и господа, како никој никогаш претходно. Па уште Јанкер и Куфур бараат некаква си правдина кај судијата :).