Фудбал

За химната на ЛШ царов се претвори во оркестар

За да не се збуните, уште на старт да расчистиме. Типов заменува петмина музичари и со помош на монтажа го има во видеово со пет различни дресови. Свири на четири виолини и една виола. Филхармонија на отворено.

Видео што треба да го видат Овермарс и Ван дер Сар

Роден на 23 март, 2001 година, Јарно Деуринг има само 18 и се прослави на меч од една од холандските аматерски лиги. Тргна во слалом како Алберто Томба, а на крај фалеше уште и редарот позади гол да го издрибла.

Глупчо на денот

Се мислевме дали да пишеме глума на денот, ама сепак прво мора да се потенцира дека е глупчо, бидејќи откако падна на земја НАМЕРНО, не сме сигурни дали стварно глуми кога се држи за глава или од ударот му е. Како и да ја вртиме сепак е глупчо.

Пет прашања за Клоп од БиБиСи

За него фактите велат дека е лидер во Премиер лигата со 10 бода зад вториот, брани европска титула, а утре во Катар ќе атакува и на светска. Но ова кусо интервју не е за овие теми. Со него било кој агол да го фатите не е здодевно и ќе ви даде оригинални одговори.

Двајца другари почнале да продаваат ретро копачки, први муштерии Бензема, Мората и Ракитиќ

Има многу вистина во она ништо не е невозможно. За оваа крилатица и тоа како може да раскажат двајца млади другари од Англија кои во краток временски период стигнале до врвот.

Татковско изненадување на годината

Одиш на Светско клупско првенство и тоа на финале од Бразил до Катар за да го гледаш твојот Фламенго против Ливерпул. Го носиш и син ти на аеродром и моментот пред да се поздравите го снимаш. Вадиш авионска карта, ама и за двајцата. Малиот уште не конта.

Нигериецот кој го местеа дека шутирал во погрешен гол

Содржината на приказната која доаѓа од словенечкиот фудбал не треба да е спорна, љубов е љубов нели, на Берлускони на пример зет му беше Пато. Туку спорното е што некој ја измислил во Нигерија за нивни човек кој игра во Словенија.

Битно ти ножички проба, а глава што му дупна не е важно

Зе Луис, напаѓачот на Порто сакаше да фати ултра атрактивни ножички и да даде еврогол, ама на пат му се најде Нене од Санта Клара против која играа во Купот на Португалија и победија 1:0. Нене го извадија од игра и веднаш бил префрлен во болница на компјутерска томографија на главата.

Да е Македонец би го викале Добре

Во трка по тираж, англискиот жолт печат непрекинато пишуваше за некаков си конфилкт меѓу Мо Салах и Садио Мане, творците на најмоќниот Ливерпул во историјата. Некои египетски навивачи кои се дојдени на Светското клупско првенство во Катар, го прашаа Сенегалецот дали стварно има проблем со Мохамед?

Евроголови кои ја одбележаа 2019-та

Лукаку, Меси, Салах, Зијеш, Паје, Кејн, Деле Али, Суарез, Кутињо, Дибала, па пак Меси, па Мане, па пак Салах, па Дибала, па пак Суарез и така натаму.

Рабио на часови по италијански кај професор Џиџи

Французинот потпиша за Јуве на 1 јули годинава, па по шест месеци престој во Италија Буфон седна да го испраша барем за основи работи од типот дали знае што значи „Fino alla fine“. Ама професорот мислеше така ќе помине, па мораше и тој да одговара за Франција.

Анчелоти, го виде ли стариот добар Лејтон?

Ветеранот и поранешен англиски репрезентативец, левиот бек Лејтон Бејнс со еврогол му донесе продолженија на Евертон во Купот против Лестер (на крај конечни 2:4). Веројатно Карло ќе го мрдне малку од клупата за резерви.

Што прави Роналдо на полноќ ако вечерта не го стават во игра

Секој што прати и чита повеќе фудбал, треба, а веројатно знае дека за да стане Кристијано Роналдо тоа што е денес се убил од работа, што подразбира тренинг, тренинг и само тренинг, секогаш повеќе од другите.

Дојди кај чичко ти Лео да те направи Јап Стам

Секогаш е убаво кога ќе излезе по некое видео од зад сцената, како што е ова со Јуве. Во интерес на времето, приајтелскиот дух, па и парите за бербер, човекот задолжен за опрема се реши да се шиша, односно бричи кај Бонучи.

Лизгачки старт за 30 дневен притвор

Она што не ни е јасно во видеово од аргентинскиот фудбал е зошто малоумников се решил воопшто да игра фудбал, кога можел да одбере некој спорт со кршење нозе, ако постои такво нешто воопшто.

Годината ја завршуваме со 47 места пред Косово

Со оглед на тоа што немаше никакви активности, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција како на претходното рангирање на ФИФА.

Жестоки нереди на улиците на Барселона, Ел Класико во втор план

Сигурно приметивте дека почетокот на вториот дел од мечот Барселона - Реал Мадрид се одложи на кратко. Во кадарот од преносот не дадоа како стјуардите ги собираа топките кои летаа на терен од трибините во знак на протест.

Кристијано ер Џордан и неговите четири најголеми скокови

Овие 256 см против Сампдорија не му се рекорд во кариерата. Кој памети колку скокна против Манчестер Јунајтед, знае за што зборуваме.

Имаше ли пенал за Реал по фаулот од Ракитиќ?

Во првите 20-ина минути од Ел Класико Реал Мадрид изведе неколку корнери по ред благодарение на викторијата пред голот на Барселона. При еден корнер Иван Ракитиќ го влечеше за дрес Рафаел Варан и го спречи во намерата да стигне до топката. Судијата не повика ВАР ниту гледаше снимка.

Нов хит од Клоп - му се плезеше на тренерот на Монтереј

Полуфиналето на клупско СП не беше баш најлесно по Ливерпул, зошто резултатот до самиот финиш беше 1:1. Алисон одбрани 7 чисти удари и беше прогласен за најдобар играч а во 91’ минута Фирмино го однесе Ливерпул во финале.

Кој те учел вака бе цреп?

Жоао Кансело изгледа е скаран со фер плејот. Погледне го ова бесрамно однесување синоќа во Лига купот против Оксфорд. Прво почнува да се закача, а потоа глуми жртва без никој да го пипне.

Пред да почне Барса - Реал, Роналдо даде небесен гол за Јуве

Фудбалерите на Јувентус со 1:2 ја победија Сампдорија на „Мараси“ во Џенова. Вториот гол за Јуве дојде по спектакуларниот скок на Кристијано Роналдо кој медиумите пресметаа дека се одразил цели 71 сантиметри од земја и ја заковал топката во мрежа од висина на 2.52 метри што е надчовечки.

Сега појасно ви е зошто Анчелоти ќе шиба во Евертон?

После славна кариера во славни клубови, Карло Анчелоти од Наполи заминува во Евертон за што веќе пристигнуваат вести од Англија дека постигнат е договор. Епа како нема да биде кога 16-то пласираниот тим од Премиер лигата ќе му кешира секој ден по 31.593 фунти.

Толку е цар што не се срами да праша и каде е Мексико

Ливерпул вечерва во Доха го игра полуфиналниот дуел од Светското клупско првенство против Монтереј од Мексико. Е сега Клоп бил таму на одмор, ама нешто пак е збунка во која Америка припаѓа, па начека Мексиканец меѓу новинарите и го праша.