Адалберто Пењаранда е репрезентативец на Венецуела за кој можеби сте слушнале поради клупската кариера во најсилните европски лиги.
Но и да не е така, еве повод да слушнете и да видите како се обидува да си ја “развие“ кариерата. Член е на Вотфорд и како напаѓач брои само 10 гола на 103 меча во седум години кариера.
Виде изгледа дека ниту еден клуб не му лежи, па почна да се фали како му лежат жените.
Пењаранда објави скандалозно видео на Инстаграм по кое англиските медиуми тврдат дека Вотфорд веднаш ќе му го раскине договорот.
Инаку во 2016-та тој направи трансфер од Удинезе во Вотфорд за 9,5 милиони фунти, но имаше само три настапи на островот, два во ФА купот и еден во Лига купот.
Потоа англискиот тим го праќаше на позајмици во Гранада, Удинезе, Малага и Еупен во Белгија.
23 годишниот венецуелскиот репрезентативец сметале дека може да напредува во Англија, но со ова видео кое го сподели, сега тешко дека ќе може да направи трансфер во силен клуб.