Фудбал

Кога голман пиел претходната вечер

Некогашниот македонски репрезентативец Душан Савиќ кој играше за неколку овдешни клубови, сега настапува за ФК Дубочица од Лесковац. На мечот против Раднички Пирот во втората српска лига Савиќ постигнал хет-трик а еден од головите му бил поклон од гостинскиот голман Растко Шуљагиќ.

Диего и Хернан, од срце

Куса сторија со пример колку голем беше Марадона и колкава почит имаат другите за него.

Многу емоции и солзи на Анчелоти и Симеоне за Марадона

Карло Анчелоти и Диего Марадона никогаш не играа заедно, туку беа противници како играчи на Наполи и Милан на почеток на 90-те. Но стратегот на Евертон делуваше скршено додека му оддаваше почит пред мечот со Лидс, како да го испраќа најдобриот другар.

Мислевте дека Левандовски царува само во шеснаесетник?

Важи за класична голгерска 9-ка која не простува и владее во опасната зона за шут, ама чекајте да видите како се однесува кога ќе го остават сам на 20 метри. Џабе си ги испржи прстите голманот на Штутгарт.

Кога Дуле Савиќ го однел Марадона со трубачи на сплав во Белград

Диего два пати во животот бил во Белград. Првиот во 1982 кога во дресот на Барселона постигна епски гол и 90.000 луѓе на Маракана му аплаудираа стоечки. Втор пат бил во 2005-та кога со режисерот Емир Кустурица снимале сцени за документарниот филм. Во таа прилика бил со Дуле Савиќ на еден сплав каде ги забавувале трубачи.

Чичко Дончо до Мрме: Ти си ѕвезда деница, како Мурињо ја водеше Македонија

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски седнува на интервју за австралиско радио, а од таму му прават изненадување. Во кадар се појавува Андон Дончевски, човекот кој ги удри темелите на македонската репрезентација. Три и кусур минути го фалеше.

Македонија останува 65-та на ФИФА, а дома две години игра како прав газда

Нема промени за македонската фудбалска репрезентација на најновото рангирање според ФИФА, за што многу не се потресовме со оглед на тоа што годинава остваривме епски успех за паметење.

Елмас го почувствува легендарниот број 10 на Сан Паоло

Наполи синоќа ја совлада Ријека 2:0 во Лига Европа, а домаќините на достоен начин и оддадоа почит на легендата. Мечот мина без навивачи кои може само да замислиме што чудо од кореографија ќе направеа доколку не беше короната.

Најмалиот сосед на Марадона кој го виде на последната прошетка

Изморен од бурниот живот, исцрпен од последната операција на мозокот, Диего Марадона излегува на улица придружуван од четворица луѓе од кои едниот му носи столче. Го снима комшика од прозор, а на видеото се гледа дека едвај се движи кутриот.

Најболното нешто за мажите, особено ако е од статива

Арсенал дури во вториот дел го скрши отпорот на норвешки Молде, славеше со 0:3 и се пласираше во нокаут фазата на Лига Европа. Ама сè ќе беше поинаку ако домашниот стопер Шериф Синјан во 15' минута не промашеше чист зицер. Притоа се опна кај што најмногу боли.

Његош лансираше ракета за најубав гол на колото во Европа

Црвена звезда со 0-2 го победи Гент во Белгија во групната фаза од Лига Европа. Првиот гол на овој меч падна во 53' секунда и е еден од најбрзите во историјата на ова натпреварување. Његош Петровиќ распали со сета сила од 30-ина метри и топката под пречка влезе во гол.

Мурињо од срце за разговорите со Диего

Жозе и Марадона имале посебен однос и редовно се слушале и разговарале. Мурињо вели дека многу ќе му фалат тие муабети после поразите, зошто Диего му се јавувал во тешки моменти, а не после победи.

Еврогол на Хари Винкс за Тотнем од пола терен

Победничката серија на Мурињо и лидерот во Премиер лига Тотенхем продолжи во Лига Европа каде со 4-0 го добија бугарски Лудогорец. Во 63' минута од мечот Хари Винкс постигна фантастичен погодок за 3-0 од 40-ина метри:

Поворката и погребот на Ел Диего

Аргентина е во тага и плач и не може да се помири што нивниот фудбалски Бог повеќе го нема. Колони со илјадници луѓе тргнаа и трчаа по него, а семејството и покрај тоа што бараше, не успеа да го испрати во интимна атмосфера.

Двата најпознати гола во кариерата на Марадона, 4 години по војната со Англичаните

На 22 јуни 1986-та, четири години по крајот на воениот конфликт меѓу Аргентина и Англија за Фолкландски острови, репрезентациите на овие две земји се сретнаа на Светско првенство каде падна најконтроверзниот гол во историјата.

Насловна на денот

Јасно е дека денеска насловните страници на сите спортски весници ќе бидат посветени на Марадона. Но оној кој се издвои е Лекип каде не веруваме дека претходно уредништвото воопшто помислило на ваква конструкција на реченица.

Тепачка за да се стигне до ковчегот на легендата

Аргентина тагува по човекот кој не го сметаат само за најголем фудбалер и толку, туку го сакаат на ниво на божество. Два дена збогување за Буенос Аирес е премалку.

Документарецот на Емир Кустурица за Диего

„За таков живот беа потребни две срца. Не се снајде најдобро вон фудбалскиот терен и често проаѓаше низ тешки периоди. Патеше со дрога, но и тоа го решаваше привремено како што ги решаваше најтешките ситуации во фудбал. За жал за еден таков живот беа потребни две срца, а не само едно. Ќе има побрзи играчи, подобри голгетери, но тешко ќе гледаме некој што толку ќе го сакаме“, изјавил режисерот Кустурица по смртта на Марадона.

Последниот месец мешал психотропни супстанци со алкохол, изгубил апетит и бил тажен

Здравствените проблеми на Диего Марадона не беа нови со оглед на неговиот начин на живот, а ситуацијата му се влошила во последните година дена.

Браќата Македонци кои имаа чест да играат против Марадона

За некого можеби е непознат факт, но Марадона има гостувано на Маракана во Белград со тимот на Барселона. Прилика за двајца македонски репрезентативци да се најдат рамо до рамо со аргентинската икона.

Непознати моменти од животот на Марадона

Светот уште полека ја прима веста за смртта на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, човек чие име го спомнуваше секое дете кога ќе прославеше гол или добар дриблинг во школскиот двор. За кариерата на Марадона е пишано многу, но за неговиот живот се знае помалку.

Кралскиот пречек на Диего на Ла Бомбонера

Вториот негов клуб во кариерата беше Бока Јуниорс, каде 15 години подоцна ја заврши и кариерата. Годинава за последен пат им се појави, но во тренерска улога на друг клуб. Побудалеа навивачите.

Тридневна жалост во Аргентина, ќе се преименува стадионот на Наполи, едноминутен молк во ЛШ и ЛЕ

Сите натпревари од Лига на шампиони започнаа со едноминутен молк, така ќе биде и вечерва во Лига Европа. Во Аргентина прогласена тродневна жалост. Диего Марадона почина од срцев удар на 60 години.