Фудбал

Топ 5 гола на Панчев за Црвена Звезда

Не умираат овие видеа со нашиот расен голгетер кој стана европски првак, прв и единствен Македонец со Златна копачка и прв од кај нас кој заигра во Серија А. Ги има и двете мајстории против Панатинаикос со кои “ги закопа“ Грците.

Барселона за хуманитарни цели ги продава правата за спонзорско име на стадионот „Камп Ноу“

Првите назнаки од Камп Ноу се дека клубот се решил на ваков потег со цел да помогне во борбата против коронавирусот. Проджабата на правата на име на стадионот може да донесе и до негова реконструкција.

Робин, што волеи беа ова?

Класниот Холанѓанец во кариерата даде баш многу преубави голови, ама некои се двојат по убавина. Пример со Арсенал против Чарлтон, па после во дресот на Јунајтед против Евертон. Страшни голови.

23 години пред чудесниот гол на Бергкамп паднал уште појак погодок

Френк Вортингтон бајаги долго играл во англискиот фудбал. Од 1966 до 1991 сменил преку 23 клуба. Секаде бил расен стрелец, особено во Лестер и Болтон. На еден меч за Болтон против Ипсвич (2:3), го постигнува еден од најубавите голови на Островот.

Интересна идеја на лидерот во Данска

Фудбалскиот клуб Мидтјиланд, прв на табела во тамошното првенство, смислил како да ги приближи навивачите кога фудбалот ќе продолжи со мерки за растојание, пред празни трибини.

На Кандрева му дојде преку дур

Шибам на гостување во Лига на шампиони, вторник е. Не можам веќе, скапавме дома месец и кусур. Па ако треба со жена и деца ќе земам со мене. Отидов, поздрав.

Неповторливиот трик на Роби Фаулер

Ова што го направи шпицот на Ливерпул нема шанса да го предвидиш, а ниту да го спречиш. Неговиот чувар како да се помири и реши да се претвори во гледач. Изгледа не му беше јасно.

Еднаш бев на журка кај Роналдо, доаѓаа автобуси со жени

Иван Елгера беше член на славната генерација фудбалери на Реал Мадрид, позната како „Галактикос“. Во јавување во живо на Инстаграм раскажа една анегдота од тоа време.

Кројф го учи Стоичков како да се загрева со јаже

Ице тука 29 години, а Јохан 48. Ама не ќе да е до годините а?

Можеби најјакиот состав на ФК Вардар на сите времиња

Ја имаме фотографијата на денот за која постарите го тврдат тоа од насловот. Ама и да не е така, ова е екипиште за почит и за сите времиња. Се работи за сезоната 1987/1988 или една година по шампионската титула на ФК Вардар во Југославија.

Чилената на Ривалдо против Манчестер Јунајтед

Бразилецот кој стекна огромна слава на „Камп Ноу“ во неделата наполни 48 години. Кога се спомнува неговото име, сите се сеќаваат на епските ножички против Валенсија. Ретко кој памети дека во 1998-ма и против Манчестер Јунајтед направи чилена.

Не е лесно да си голман во карантин

Познати како хиперактивни, помалку позитивно блесави, голманите си бркаат работа во карантин и во изолација. Нив им е потешко зошто мора да најдат некои кои ќе им шутира, а да не се жените и децата. Пример за тоа е Чилеанецот Клаудио Браво.

Фаустино Асприља со дрон ќе доставува презервативи

Во целиот свет жителите остануваат по дома и тоа доведе до криза во многу сектори, па така и во оној за производство на контрацепција.

Тркот на Бејл од 35км/час кога Бартра делуваше како полжав

Пред 6 години, на 17-ти април во големото финале на шпанскиот кралски Куп се сретнаа Барселона и Реал. Финалето се играше на преполна Местаља (52,953 гледачи), а Реал славеше 2-1.

Гол од пола терен со лижгачки старт

Пред 23.500 гледачи, Карлсруе во една од ретките сезони кога беше бундеслигаш, му гостува на Баер Леверкузен. И 72 минути немаше голови, додека Себастијан Лангкамп не реши да уклиза на средина на терен.

Ремек делото на Меси кој никој повеќе не го повтори

Тоа беше натпревар од Купот на Шпанија, сезона 2006/2007 на кој Барса го декласираше Хетафе со 5:2. Лео имаше само 19 години и направи чудесија претходно видена само од Марадона. Соло продор за аналите.

Њукасл станува нов Манчестер Сити, Саудиска Арабија доаѓа на „Сент Џејмс парк“

Најомразениот човек во секое ќоше од Њукасл, Мајк Ешли после долги години конечно ќе се спаси од гневот на навивачите, а богами и тие од неговото апатично водење на клубот од Тајнсајд.

Канаваро до Тоти: Син ти стварно за Лацио навива?

Син му на Тоти прашувал по дома, како тоа Фабио Канаваро освоил Златна топка, а ти немаш освоено? Тоти му објаснувал дека се различен тип на играчи и дека без Фабио немале да го освојат Мундијалот 2006.

Голот на Шаќири против Баскија

Потсетивме на едно подзаборавено ретро, со фотки, кусо инфо и секако состав од тоа гостување на македонската фудбалска репрезентација во Билбао. Но го немавме голот, ама сега го имаме благодарение на Панче Ќумбев.

Ве поздрави Пепе Реина

Велигден доаѓа, јајца треба да се вапсаат, така што одиме празнично и весело со овој добар штос на шпанскиот голман.

Најмалиот стрелец на гол на „Стемфорд Бриџ“

Во последното коло од сезоната 2012/2013, Челси го совлада Евертон со 2:1. Таа сезона „сините“ ја освоија Лига Европа и обезбедија место во Лига на шампиони. После 9 години во клубот, од навивачите со проштален говор се прости бекот Пауло Фереира. За тоа време на цел стадион поинтересен му беше малиот Џош Трнбал, син на резервниот голман на Челси Рос Трнбал.

Фото на денот од една пријателска на Македонија пред 18 години

Ја објави Панчев Ќумбев на Фејсбук кој потсети на една силна и перспективна репрезентација која можеше многу повеќе. Се работи за селекцијата која два месеци претходно и ги одигра оние историски 2:2 на Англија на гости.

Не дечки, Мекалистер нема да нафрла, туку ќе ја реши

Градско дерби кое Ливерпул го памети и ќе го памети. Се играше на денешен ден пред 19 години, а Црвените немаа 10 сезони победа на гости против Евертон. При резултат 2:2 во 94-та минута, Гери Мекалистер застана да изведува слободен удар од далеку. Сите мислеа дека ќе нафрла.