Фудбал

Пуштете го Баерн во друга лига, не е хумано ова што им го прави

Под водство на Ханси Флик, човекот кој првично требаше само привремено да го води Баерн како в.д. тренер, Баварците досега сезонава на 25 меча имаат 22 победи, 1 нерешена и само 2 порази. 80 постигнати голови (клупски рекорд), 16 примени, 67 освоени бодови. Во саботата ја декласираа Фортуна Дизелдорф со 5:0, а Левандовски стана најефикасен напаѓач на светот сезонава.

По 81 ден пауза, Хрватите почнаа и одма падна еврогол

Синоќа во Копривница се одигра првиот полуфинален меч од хрватскиот Куп со што и официјално се врати натпреварувачки фудбал во Хрватска. Играа Славен Белупо и Локомотива Загреб, гостите славеа после пресврт 1-3, ама голот што младиот Бруно Года уште во 6' минута беше чудесија

Хигиенскиот концепт на Бундеслига од позадина

Врти-сучи, Германците веќе одиграа 4 комплетни кола додека останатиот дел од Европа уште се спрема да продолжи по паузата поради глобалната пандемија. Ама па, тоа е Германија.

Прослава на освоен пехар во време на корона

Фудбалот се врати во Германија, Јужна Кореа и Чешка, наскоро ќе се возобноват Премиер лига, Ла Лига и Серија А, но првиот трофеј во ера на коронавирус го освои Ред Бул Салцбург.

Мајсторија на денот

Во четвртото коло од корејската Кеј-Лига, Даегу и Сангжу одиграа 1-1. Бразилецот Цесиња во 51' минута ја поремети гостинската одбрана и голман со маестрален потег со пета.

Во шпанска Ла Лига ќе има фудбал 32 дена по ред, Серија А се враќа од 20 јуни

На 11-ти јуни во Севиља ќе се случи рестартот на најдобриот шпански клупски фудбал. Фудбалските власти во оваа земја решија да има предозирање со оваа убава игра.

Во 2009-та Реал направи многу чудна зделка, а агентот го нарекле Коперфилд

Фудбалерот кој секогаш се наоѓа на листите за најлоши и најслаби фудбалери кои некогаш играле во Реал Мадрид и Ла Лига воопшто, раскажа како дознал дека го бара „кралскиот клуб“ и како мислел дека го мајтапат.

Падна компромис - Премиер лига се враќа на 17-ти јуни

Англиската Премиер лига се враќа и тоа во среда на 17. јуни кога ќе се одиграат два одложени меча од 28. коло.

Најдобрата сезона во целата кариера на Буфон

Најдобриот италијански голман на сите времиња, Џанлуиџи Буфон во сезоната 2002/2003 бранеше абнормално. Немаше натпревар а да не направи спектакуларна парада или да го одбрани голот после еден-на-еден со противнички напаѓач. Најзаслужен беше што Јувентус стигна до финалето на Лигата на шампионите таа 2003-та.

Лудиот корнер на Мексико - Тринидад

КОНКАКАФ Голден Куп 2015-та. Во групната фаза, во Шарлот играат Мексико и Тринидад и Тобаго. На стадионот 50.000 Мексиканци кои при резултат 4-3 во 90+3' минута фрлаат сè и сешто за време на еден корнер на Тринидад. И паѓа гол за 4-4.

Дриблингот на Караско со кој се завршува кариера

Атлетико Мадрид против ПСВ Ајндховен во групна фаза од Лига на шампиони. Јаник Фереира-Караско во еден момент шина еден противнички бек.

И тоа има - шкотски клуб со Твитер анкета прашува дали да го задржи голманот

Шкотскиот фудбалски клуб Ливингстон, познат во овие краишта преку обложувалниците, реши да се консултира со своите навивачи околу останокот на еден од голманите во клубот

Светска класа бек - трчаше 35 км/час и го скроти Халанд

Баерн ја победи Борусија во Дортмунд со 0-1 по фантастичниот лоб-гол на Џошуа Кимих, ама Баварците за трите бода и сега +7 пред Борусија треба да му се благодарни најмногу на левиот бек Алфонсо Дејвис.

Карамбол па смешен автогол

Буквално во последните секунди од мечот Јан Регензбург - Нирнберг (2:2) во германската втора Бундеслига, по еден циркус во домашниот шеснаесетник, Тим Книпинг си даде ефектен автогол со глава и му дозволи на Нирнберг да однесе вреден бод во борбата за опстанок.

А Суарез кога бараше игра со рака од голманот?

На Копа Америка 2019, големо дерби Чиле против Уругвај. На теренот ѕвезди како Форлан, Кавани, Суарез, Алексис Санчез, Видал, Клаудио Браво. Во еден момент од првиот дел, Суарез пробува да го зезне Браво па уште и бара играње со рака од него.

Како лисецот со кој Јувентус освои 15 трофеи за 12 години го насамарил Интер

Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.

Фудбал се игра и во Чаир и во Стразбур

Француските власти се во шок откако на Интернет се појавија видеа и фотографии на кои се гледа како стотици навивачи гледаат нелегален фудбалски меч и влетуваат во терен.

Кристијано веќе прави шоу на тренинг

По скоро два месеци пауза без тренинзи во клубот, Кристијано се врати од Португалија и веќе неколку дена тренира во базата на Јуве каде се спремаат за продолжување на Серија А.

После цели 76 дена, вечерва ќе има јак фудбал и големо дерби

Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата

Бејл нит дал нит ќе даде поубав гол

Финале на Лига на шампиони 2018-та. Реал Мадрид го издоминира Ливерпул во Киев а круна на доминацијата беше страшниот гол на Велшанецот само 3 минути откако влезе во игра. Ова чудо од голчиште беше за 2:1 во 64“, а Бејл до крај даде уште еден во 83' минута за конечни 3-1.

Ден денес не е јасно како Дудек му одбрани на Шева

На епското финале во Истанбул на денешен ден во 2005-та година, на стадионот „Ататурк“, Јиржи Дудек во продолженија при резултат 3:3 прави нешто необјасниво. После на пенали бранеше како луд и Ливерпул стана европски шампион.

Штета што нема публика да го види ремек делото во Бундес

Викендов се одигрува ново коло по рестартот на Бундеслигата. Во саботата 5 меча, денес 3. На дуелот Шалке - Аугзбург уште во 5' минута гостинскиот играч Едуард Ловен имаше мајсторија од слободен удар.

Ефето на Ван Дајк момент на денот во Ливерпул

Фудбалерите на европскиот шампион Ливерпул меѓу првите клубови во Топ5 лигите во Европа започнаа со активни тренинзи и се спремаат за продолжение на Премиер лигата во јуни. Главен лик на тренинзите за сега е Вирџил Ван Дајк.

Акробација на Енис Барди на тренинг

Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.