Фудбал

Од малер во махер на колото

Јак момент имало на натпреварот меѓу вториот тим на Хановер и Минхен 1860 во германска трета лига. При водство на домаќините 1-0, гостинскиот фудбалер Тунај Дениз со несмасна реакција спречи чист гол за израмнување. Ама истиот играч после израмнил во 66-та минута и го најавил пресвртот од 1-3 на крајот за Минхен 1860.

Никој не сака толку клизачи како Диего Чоло Симеоне

Атлетико Мадрид извојува многу тешка победа во дербито со Атлетик Билбао 1:0 со нов гол на нивниот најдобар стрелец сезонава Хулиан Алварез и после поразот на Реал од Бетис (2:1) конечно изби на прво место на табелата. Овој натпревар го одбележи голема борба на теренот, многу шанси на гостите од Билбао и стартови какви што обожува Диего Симеоне.

Голмански УФЦ старт, центарфорот изваден од игра

Кристал Палас со 3-1 го совлада Милвол во ФА Купот и се пласираше во следната рунда. Овој натпревар го одбележа страшен старт на голманот на Милвол Лиам Робертс кој со копачка во глава го нокаутираше центарфорот на Палас Жан-Филип Матета. Овој прекршок се случи во 6-та минута а Матета веднаш бил пренесен во болница и хоспитализиран а од клубот соопштија дека на увото го шиеле со 25 конци. Робертс доби директен црвен картон.

Двобој меѓу Роберто Карлос и Чилаверт со најсељачки крај

Уфф какво ретро од 90-ти со две легенди на Бразил и Парагвај. Роберто Карлос и Хозе Луис Чилаверт. Океј, фудбал е, провокации има речиси на секој меч. Ама крајов бе дечки?

Грдите стартови на Матераци во време кога немаше ВАР

Валкан играч беше Марко Матераци ај ти. Плус нема потреба ние да зборуваме, клипов ќе ви покаже. Без осет беше на моменти. Сè е ова за црвен и суспензија од минимум два меча. Многу груб.

Навивач на Барса му дофрла на Лапорта да го купи Халанд

А овој му враќа со следнава реплика „Ако го платиш ти“, гестикулирајќи дека треба многу паричиња за таква ѕвезда.

Против Баерн најде Ноер да глумиш?

Баерн Минхен уште петочки си ги заврши обврските ова коло во Бундеслигата, со победа против Штутгарт на гости од 1:3. Убав гол на Штилер во 34 минута на кој му одговорија Олисе, Горецка и Коман. Многу лоша проценка на голманот на домаќините Александер Нибел. Очај.

Олд Трафорд 2035-та?

Да, до таму одат луѓе со паметот во монтажа, после долгиот 12 годишен очај на Манчестер Јуанајтед кој никако да заврши. Имаат поплави на трибини и во прес центар, глувци им лазат на терен и што е најлошо за нив, од 2013-та наваму после ерата на Ферги, заборавија да играат фудбал и да освојуваат трофеи. Клипот е за некои збунувачки, за други хумористичен.

Жестока дискусија Рој Кин - Иан Рајт за Бруно Фернандеш

Во подкастот на Гери Невил гости биле Иан Рајт, легендарниот фудбалер на Арсенал и Рој Кин долгогодишниот капитен на Манчестер Јунајтед. Кин веќе неколку години отворено и чесно ја критикува управата, тренерите и играчите на Манчестер Јунајтед за катастрофалната состојба во клубот. Сега се фатија за Бруно Фернандеш.

Дрска реплика на Џон Оби Микел до Карагер

Панданот на Европско во Африка, познат под името Афрички Куп на нации, Џејми Карагер рече дека не било големо натпреварување. Поранешниот репрезентативец на Нигерија, како и долгогодишен член на Челзи, ептен се изнервира и му врати силно.

Мурињо казнет со 4 натпревари зошто критикувал турски судии

Легендарниот португалски тренер добил суспензија од четири натпревари и парична казна од фудбалската федерација на Турција поради неговите коментари по големото дерби на Истанбул.

Турам побара фотка со навивач кој личи на Лаутаро

Хит видео во Милано. Маркус Турам застана со колата да им учини на навивачи на Интер со фотографии и автограми. Ама работава излезе обратно. Тој побара селфи со еден од нив и се изгази од смеење кога виде колку личи на неговиот соиграч Лаутаро Мартинез.

Реклама за чипс со Меси, Суарез и Анри

Екипите се поделени на две места, Мајами и Барселона. Само тој што држи таков чипс ќе има привилегија да гледа фудбал со нив.

Пандев: Работата во ФФМ ме радува исто како кога давав голови

„Никогаш не сум сакал да бидам тренер. Сега сум спортски директор во ФФМ и многу се забавувам. Поминувам многу време во Македонија. Откривањето на таленти ме прави среќен, исто како кога ја гледав топката додека влегува во гол. Елмас во Наполи? Во секунда го убедив да оди.

Клупскиот автобус на Њукасл грми

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ за своите фудбалери набавил нов клупски автобус марка Vanhool TDX21 Altano Coach. Цената? 500.000 фунти! Внатре мислиш си во атомски брод. Да ти е мерак да се возиш.

Добро, што е со тревата на Градски, да не ја пуши некој?

Тревата па тревата. Секоја година вади ставај и пак не ја бива. Да ги викнеме Германците. Ем дупло поевтино, ем веројатно поквалитетно.

Канаваро не си ги знае играчите, го внесе Ристовски, ама извади погрешен фудбалер

Славниот италијански стопер нешто слабо се снаоѓа како тренер. Синоќа неговиот Динамо Загреб е елиминиран во Купот од Осијек кој славеше на Максимир 0:1. Згора на сè Фабио Канаваро и измената ја утна кога го внесуваше Рики во игра. Ни во првенство не му оди, заостанува -7 од лидерот Ријека.

Моментот кога Антони дозна дека му е поништен црвениот картон за Реал

Бетис во сабота од 18:30 го пречека Реал Мадрид, натпревар кој Антони требаше да го рипне поради црвен картон. Но дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација донесе одлука да го поништи, што значи укината му суспензијата. На снимката установиле дека елементи за црвен. Одма му се смени расположението.

Во Полска веројатно не е виден до сега ваков гол

Погон Шчечин го исфрли Пјаст Гливице во четвртфиналето од Купот на Полска, со голови во 106-та и 123-та минута. Погледнете го што направи во шеснаесетник Гркот Ефтимис Кулурис. Ги збуни сите со потегов. Многу мајсторски.

Хрватот Иван Јуриќ најлош тренер во историјата на Премиер лига

Некогашниот тренер на Мантова, Кротоне, Џенова, Верона и Торино, Хрватот Иван Јуриќ кој имаше и неколкунеделен ангажман во Рома пред да биде отпуштен, сега е исмеван во англиските медиуми како најлошиот тренер во тамошниот фудбал.

На Атлетико Мадрид идоли им се Баер Леверкузен

Знаете како играше лани Баер Леверкузен фудбал? До крај. Не до 90-та, туку до 90+. Куп бодови собраа така. По тој рецепт сезонава игра и Атлетико. Дури 16 гола дале во судиско.

Затворај наградата „Пушкаш“, во Кенија падна чудесија од гол

На дуел меѓу АФЦ Леопардс и КЦБ во една од пониските лиги на африканската земја Кенија, фудбалерот Овела Очиенг постигнал гол кој влегува на листата кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“. Ај голот, туку прославата е уште полуда, како Обафеми Мартинс на времето.

Пак глушец на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед веќе подолго време е негледлива екипа. Се наоѓаат во долниот дел од табелата, играат катастрофална сезона а капак на сè е состојбата на култниот стадион „Олд Трафорд“. Јунајтед синоќа во натпревар од 27. коло на Премиер лига едвај после пресврт го совлада слабиот Ипсвич Таун. Пред натпреварот на теренот фоторепортерите снимиле глушец, честа појава на стадионот на кој му треба сериозно реновирање или изградба на нов наместо него.

Хари Мегваер ја реши за Манчестер

Манчестер Јунајтед се феномени. Го победија Ипсвич, кој инаку се бори за опстанок, со помош на Мегваер и Де Лихт (стопери) и со автогол, како и со црвен картон уште во 43 минута. И тоа губеа 0:1, на полувреме беше 2:2, а најисмејуваниот играч во историјата на интернетот ја реши уште во 2 минута од вториот дел. Сега се 14-ти на табела со 9 победи, 6 нерешени и 12 порази. Свесен ли е Аморим каде е дојден?