Малиот што го ангажирале да собира топки на мечот Сент Мирен - Глазгов Ренџерс е скаран е и со културата и со берберот. Само Ел Шарави му прави муабет.
Виктор Ѓекереш е најинтересниот фудбалер од сенка во најдобрите Топ лиги во Европа сезонава. Унгарецот кој игра за репрезентацијата на Шведска го води Спортинг Лисабон кон нова титула во домашното првенство.
Фудбалерите на ПСЖ ја продолжија хегемонијата во француската Лига 1 откако синоќа со освоен бод на домашен терен против Ле Авр (3:3) во 90+5’ минута и теоретски ја заверија титулата во што им помогна и Лион со триумф над Монако.
Дензел Дамфрис и Тео Хернандез се вратија за врат на последното градско дерби и добија црвени картони. Навивачите на Интер го продолжија тоа кошкање и го измонтираа ликот на Тео како да е куче, малтретирано од Дамфрис. Па уште и му ја дадоа фотографијата да ја мавта на автобус.
Комедијата на колото ни доаѓа од втората германска лига на мечот меѓу Вехен Визбаден и Гројтер Фирт. Дупка им се појави покрај аут линија, па фатија да ја крпат.
ПАОК и АЕК одиграа лудо дерби кое после голем пресврт го добија домаќините 3:2 со голови во 81-ва и 90-та минута. Гостинскиот тренер Матијас Алмеида после мечот буквално за врат давеше службено полициско лице задолжено за безбедност. Едвај го смирија. АЕК и натаму е прв на табела во грчката Суперлига со 75 бода, а ПАОК и Панатинаикос имаат по 71 на две гола пред крајот.
Трабзонспор го доби Газијантеп со 4:2 и тоа после голем пресврт во вториот дел. Гостите на полувреме имаа 0:2, но примија 4 комада за само 18 минути. Онуачу постигна хет-трик, а Енис Барди со прекрасен удар го матираше голманот кој немаше шанси.
Едно коло ако не повнимава човек на Бундеслигата може да пропушти нова перверзија од неверојатниот Чаби Алонсо и негови пулени кои се печени за Нетфликс.
Нема човек кој следи фудбал последниве 30 години, а да не знае кој е Роберто Баџо, симбол на италијанскиот фудбал, според некои најголем играч во историјата на оваа земја.
Нов натпревар на Интер Мајами, ново шоу на ѕвездите од Барселона кои привлекоа 65.000 гледачи на гостувањето против Њу Ингланд во Масачусетс, што е рекорд за овој стадион.
Ниту го знаеме името на голманот, ниту на клубот, само знаеме дека се работи за Куп натпревар во Либан. Рене Игита да ја види оваа луда храброст, која потсеќа само на неговата епска одбрана со две нозе.
Динамо Загреб води грчевита битка за титулата со Ријека, а следниот викенд, на 5 мај им одат на гости и тоа веројатно ќе биде клучен меч. Ова коло го совладаа Вараждин, а аплаузите ги собра Стефан Ристовски со гест во негов стил.
Фудбалот на Балканот отсекогаш имал потенцијал за создавање на нестварни сцени, а инаку и од што би живеела Фејсбук страна „Seoski fudbal“. Будуќност и Сутјеска одиграа 2:2 во најголемото црногорско дерби, а потоа играчите на Будуќност биле на отчет кај навивачите кои побарале да ги соблечат дресовите. Понатаму не е јасно.
Пред точно 10 години на мечот Виљареал - Барселона, тапчо од трибини фрли банана на терен во моментот додека Дани Алвеш се местеше да изведе корнер. На расистичкиот напад, бразилски бек возврати со изненадувачки одговор.
За најславното скандирање во историјата на мак фудбал кое стана популарно и во градинки, никој никогаш не го објаснил потеклото. Вината во една прилика ја презеде Џаро. Ќе ви објасни и како додека бил директор на Слога Југомагнат, успеал да ја смири тензијата меѓу Комити и Шверцери.
Реал Мадрид петочки го совлада Реал Сосиедад на гости со 0:1 и веќе прашање на денови е кога ќе ја освои титулата. Мечот го реши големиот турски талент, 19 годишниот Арда Ѓулер кој до сезонава доби само 8 можности за настап на сите натпреварувања. Прекрасната акција и завршница одеше преку триото Чуамени - Карвахал - Ѓулер.
Секој лудо изведен аут нè потсеќа на легендарниот Рори Делап, еден од рекордерите на вечна листа со најмногу настапи во англискиот фудбал кој се прослави по лудачките аути. Фрлаше од кај сака до кај сака на теренот. Сега во Копа Либертадорес асистенција од аут како оние на Рори направил извесен Жоан Ернандез од колумбиски Милонариос против Палестино на гости во Чиле. Стрелец: Леонардо Кастро.
Реал Мадрид во вторник го очекува првиот дуел од полуфиналето во Лига на шампиони, класикот со Баерн Минхен. До тогаш „кралевите“ вечерва ќе играат против Реал Сосиедад на гости и ќе имаат неколку тренинзи. На еден таков Крос покажа како изгледа совршен слободен удар.
Латино заедницата, бројната аргентинска дијаспора во Калифорнија просто уживаат со Лионел Меси во Мајами, а ужива и тој со семејството и како играч на Интер Мајами. Уште па и кога му дојде Луис Суарез, сè е подредено за да се распали скара.
Само четири дена откако го сместија во тимот на сезоната, пристигна ново признание за македонскиот центарфор кој ја игра сезоната на кариерата во Шкотска.
Манчестер Сити го збриша Брајтон на гости со 0:4 и сега со еден натпревар помалку е на -1 од Арсенал и +2 од Ливерпул. Кевин Де Брујн со потег кој потсети на едно славно голчиште на Робин Ван Перси. Инаку меѓу стрелците повторно е Фил Фоден, кој растури сезонава и тоа со два комада, од кои едниот од слободен.
Каталонците за малце ќе ја утнеа со Чави и прерано ќе го испуштеа, но го седнаа, му ја дадоа целосната поддршка и го убедија да остане во клубот каде има уште многу да дава. Да погледнеме снимка од тоа како ги мотивирал пред неговото деби.
Јаки сцени пристигнуваат од последниот меч на Цирих кој се сретна со Сент Гален. Лудиот април се обиде да им ја расипе фудбалската претстава со снег, ама не им успеа. На терен се симнаа навивачите кои создадоа услови за игра.
Насионал Монтевидео победил 2-1 против Депортиво Тахира во Копа Либертадорес а во самиот финиш можело да биде и поубедливо да не се правел Рубен Бентакур курнас.