Навивачите често знаат да претераат со изигравање бесни глисти на терен, ама понекогаш и редарите губат памет. На дербито Интер - Милан му се сипаа на навивач и му направија туш како да е Ел Чапо во прашање, а еден од нив му влезе со боксови. Тео Хернандес и Ромањоли тргнаа да ги смират.
Садио Мане ја доби битката против Мохамед Салах во финалето на Африканскиот Куп на Нации. Прва титула во третото финале за Сенегал против рекордерот Египет со седум титули.
Во ситуација кога Реал вечерва го немаше ударното напаѓачко дуо Бензема - Винисиус, за трите бодови против Гранада се погрижи Марко Асенсио со опасен и неодбранлив удар.
Ете толку му требаше на 75 милионското засилување на Јуве кој го одбележа јануарскиот преоден рок со трансферот од Фиорентина. Само неколку дена по промоцијата, го облече дресот на најтрофејниот италијански клуб и со мајсторски лоб го матираше голманот на Верона. 18-ти сезонски погодок за Душан Влаховиќ, исто колку Имобиле со кој се бркаат секое коло.
Борбата за врвот во Серија А допрва ќе станува возбудлива и неизвесна по конечниот исход на миланското дерби. Го нема Ибра, ама има друг ветеран кој со гол шоу направи спектакуларен пресврт.
Навивачите и фудбалерите на Ренџерс ќе треба што поскоро да го заборават дебаклот на Селтик Парк. По заминувањето на тренерот Стивен Џерард во Астон Вила, Ренџерите паднаа во форма а Селтик е во победничка серија и на табелата сега води со 1 бод повеќе. А коментаторот на клупската ТВ на Ренџерс, Том Милер како да пренесуваше од гробишта.
Со 22 чисти одбрани на четири премиерлигашки дуели во јануари од кои блескаше најмногу против Вест Хем и Брентфорд, Де Хеа заслужено ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лига за првиот месец во годината. Шпанскиот голман го доби истото признание и во клубот во избор на навивачите што значи дека ја добива трет месец по ред.
По голема и жестока борба на секогаш жешкиот „Сан Мамеш“ во Билбао, домашниот Атлетик со гол во самиот финиш го совлада Реал Мадрид 1:0 и се пласираше во полуфиналето на Кралскиот Куп. На овој начин Баскијците им се омаздија на „кралевите“ за поразот во финалето на Суперкупот пред еден месец во Саудиска Арабија.
Во квалификациите за Светско 2022 Канада е прва во КОНКАКАФ зоната со 4 бода пред САД и Мексико на три кола пред крајот. Канаѓаните синоќа го совладаа Ел Салвадор на гости со 0:2. Мечот го отвори ветеранот од Бешикташ Атиба Хатчисон (38) со најчудниот гол кој паднал сезонава.
Откако Канаѓаните, покрај одличната игра со која се на добар пат да одат на прво Светско првенство после 1986-та, смислија рецепт да ги носат ривалите во градови каде поради минусни температури мачки и глувци спијат заедно, сега истото тоа го направија и Американците.
Можно е само да замислиме каков тактички генијалец е Марсело Бјелса кога величини како Јирген Клоп и Пеп Гвардиола во него покажуваат со прст на новинарски прашања кој е за нив пример за следење од кого научиле многу. Сега Бјелса има збор-два за разликите и сличностите на двајцата најдобри тренери на денешницата.
Во рамки од португалската Примеира Лига, Спортинг Лисабон славеше убедливо 1-4 на гости кај Белененшеш и со 50 освоени бода ја продолжи трката за титулата со Порто кој има 56 бода на првото место. Од сите пет гола најубав беше оној на домаќинот преку капитенот Абел Камара.
Љубителите на шпанскиот фудбал веќе се зажелеа да гледаат Ла Лига. Барселона на пример на својот „Камп Ноу“ нема играно уште од 18 декември. После тоа имаа серија гостински мечеви, далечен пат до Саудиска Арабија за Суперкупот на Шпанија и одложен меч со Рајо Ваљекано. Ако е се според планот на 6 февруари Каталонците се враќаат во својот дом и тоа за дербито со Атлетико Мадрид.
Чиле ја совлада Боливија 2:3 на едно од најтешките гостувања во јужно-американските квалификации и остана во игра за местото кое води во интерконтиненталниот бараж. Мечот кој се играше на стадионот кој се наоѓа на најголема надморска висина од сите други стадиони - 3.637 мнв доцнеше поради обилни врнежи и поплавен терен. А го отвори Санчез со прекрасен гол за 0-1.
Аргентина обезбеди пласман на Светско првенство а со селекторот Лионел Скалони имаат неверојатна серија од 29 меча без пораз во сите натпреварувања. На голот на гаучосите стандарден и незаменлив е голманот на Астон Вила, високиот Емилијано Мартинез кој секој меч прави некоја будалаштина.
Бразил и Аргентина ја продолжија победничката серија во квалификациите за Светско 2022. И едните и другите веќе пред неколку кола обезбедија пласман, но немаат милост за ривалите. Кариоките со 4-0 го совладаа Парагвај а најубавиот гол на мечот го даде Филипе Кутињо во 62’ минута. Аргентина минимално славеше 1-0 против Колумбија.
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња ќе ја продолжи сезонава во второлигашот Парма. Бројот 19, омилен на Гоче веќе е зафатен во екипата, па легендата се одлучи за број со кој во Интер ги освои сите можни трофеи под водство на Мурињо.
Англискиот гигант Ливерпул мируваше до пред самиот крај на зимскиот преоден рок. Се чинеше дека се чуваат за летово. Но овој јануари го израдуваа менаџерот Јирген Клоп и за 45 милиони евра плус 15 милиони евра во бонуси го купија колумбискиот крилен напаѓач Луис Диаз од Порто.
Верувале или не, 34-годишниот Лионел Меси после 17 сезони во кариерата и 796 натпревари во клупски фудбал, првпат беше дел од пенал серија. Во 1/8 финалето од францускиот Куп ПСЖ изгуби од Ница 5:6 на пенали откако во регуларниот дел и продолженијата беше 0:0.
Првпат после осум години Пари Сен Жермен нема да игра во финалето на францускиот Куп. И покрај тоа што играа со Меси, Мбапе, Верати, Икарди и сите други ѕвезди, Парижаните не можеа да ѝ дадат гол на Ница која го однесе мечот на пенали.