Фудбал

Во Белгија донесен закон да можеш без проблем да си ја земеш топката од двор кај комшијата

Многумина од вас ќе се сетат како во детството топката им летнала во двор кај лутиот комшија кој неколку пати бесно вика дека ќе ја распара ако ја начека. А вие играте „кој даде гол победник“ и се решава мечот кој трае со саати.

Физиотерапевтот на Марсеј што нокаутираше навивач на Ница, може да се прости со фудбал

Ница и Марсеј се соочуваат со големи казни по хаосот кој го направија во Лига 1. Еден учесник во тепачката со навивачите на домаќинот сега го чека долгогодишна суспензија.

Во Битола Иниеста би го викале Сефо

Јапонците се привилегирани веќе четврта сезона во живо да го гледаат доктор Андрес Иниеста кој на 37 години меша на терен како да е едно 10 години помлад. Сите негови убави потези од дуелот Висел Кобе - Оита Тринита ги стокмиле во 83 секунди.

Монако со ужасно несреќен автогол се елиминираше од ЛШ

Рубен Агилар тешко дека успеал да заспие синоќа после оваа случка на реванш плејофот за ЛШ меѓу Шахтјор и Монако. Во обид да скрати додавање, ни крив ни должен си ја закопа во гол и тоа во 114-та минута.

Како студениот Норвежанец од крајниот север стана крал во топлиот турски Трабзон

Престојот на младиот норвешки центарфор Александер Сорлот во северо-источна Турција дефинитивно заслужува документарка на Нетфликс. Фудбалот стварно чуда прави.

Срцето на Пелисие чука за Киево, ќе формира нов клуб со исто име

Дојдоа од втора лига, 8 кола беа први на табела и стигнаа до квалификации во ЛШ. Немаше љубител на италијанско, кој не го величаше малиот клуб од Верона. Со напаѓачки фудбал правеше сензации против Интер, Милан, Јуве...и привлекуваше големи симпатии.

Двометарски ролинг на колото од џинот на Баерн

Никлас Зиле е висок едно метро и 95 сантиметри. Игра стопер за Баерн и репрезентацијата на Германија а чудно со него е што често знае да тргне во напад и залетан да влегува во дриблинг. Некогаш му успева некогаш не. Минатиот викенд против Келн направи и ролинг ама изгледаше чудно:

Тројца дебитанти и четири повратници во реконструкцијата на Милевски

По пауза од околу два месеци Македонија се враќа на фудбалската сцена со нов предизвик, нов селектор и подмладување. Ќе имаме нов напад и проблеми во средина. Адеми е повреден, а Николов позитивен.

Нов Зеланд ќе го менува прекарот, некого потсеќал на расизам

Многу фудбалски, кошаркарски, одбојкарски, ватерполо селекции имаат свои прекари кои најчесто се поврзани со некаква симболика или успеси на националниот тим. Сега некои поборници на рамноправноста му се навртеле на прекарот на Нов Зеланд.

Во Шпанија нашле нов диносаурус и го нарекле по Иниеста

Легендарниот фудбалер на Барселона и репрезенацијата на Шпанија веќе одамна влезе во легендите.

Полека друже покривот ќе го срушиш

Англискиот четвртолигаш Бароу не можеше да се носи со Астон Вила и мина со пораз од 0:6. Бележиме три занимливи ситуации од мечот.

Српски Жунињо го однесе Малме во Лига на шампиони

Шведскиот претставник кој пред четири години во второто квалификациско коло нагази на македонската мина Вардар, ќе игра во групната фаза оделитата. После триумфот од 2:0, на гости загуби 2:1 од Лудогорец, а голот кој ќе им донесе скоро 10 милиони само од пласманот е оваа бомба на 23 годишниот Вељко Бирманчевиќ кого го купија годинава од Чукарички.

Несфатливо промашување на празен гол вредно ЛШ за ПСВ

Јанг Бојс, Малме и Бенфика синоќа обезбедија пласман во Лига шампиони преку мечевите од плејофот. Португалскиот претставник одигра без голови после триумфот од 2:1 против ПСВ дома, а едно големо благодарам му должат на Еран Захави кој со оваа голема утка го носи својот тим во Лига Европа.

Кој е малиот Јусуф Демир кој треба да ги утеши навивачите и управата на Барселона?

Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.

Ќе ти платиме ако треба, ти само играј од наша

Ќе играме вечер во балон? Да, само ќе мора сите да имаме сертификати за Ковид вакцинација. Петмина од наша екипа имаат, а на шестиот му дише мозокот.

Супер почеток на Елмас во Серија А, го ставија во најдобриот тим на колото

Елиф Елмас со гол ја стартуваше новата сезона во Италија и доби висока оценка за настапот, а тоа го радува не само Лучано Спалети, туку и Благоја Милевски. Следната недела Македонија игра мундијалски квалификации.

Фудбалер на Лидс ќе ви покаже како се држи топка

Еден го нападна од позади и го бутна, па го нападна втор, па трет. Но Џек Харисон им рече џабе се трудите, дома ќе ја носам.

Кај може Бебе да даде гол од далеку

На фудбалерот од Рајо Ваљекано, Тијаго Кореа, кој има малку необичен прекар „Бебе“ му направиле компилација на удари од последниот меч против Реал Сосиедад, со која не може никаде и никако да се прослави. Се гледа дека гори од желба да постигне гол за најавни шпици, ама прегоре од обиди.

Коментар на деценијата за германски судија

Феликс Брих некогаш беше меѓу првите десет најдобри судии во Европа но по низа погрешни проценки и слаби настапи, сега суди и во втората германска Бундеслига. Коментатор на Спортклуб, револтиран од претходни арбитражи на Брих, даде коментар за него.

Гол и асистенција на новиот избраник на Благоја Милевски

Македонската фудбалска репрезентација за 10 дена стартува со септемвриските натпревари од квалификациите за СП, а во пресрет на трите дуели имаме добра најава од новото засилување во напад.

Мурињо се врати и направи зафрканција на терен

Рома и Фиорентина одиграа луд меч во првото коло од Серија А. На „Олимпико“ во Рим „волчицата“ славеше 3-1, а на дуелот имаше два црвени картони (гостинскиот голман Дронговски во 17’ минута и Ѕаниоло во 52’ минута). Мурињо при водство на Рома низ нозе пропушти една топка пред Нико Гонзалес кој се изнасмеа на потегот на Жозе.

Како зглобот Тони?

Фудбалските викенди ретко поминуваат без некое смешно и нелогично промашување, а овој пат такво имаше во Португалија. Порто одигра 1:1 на гостувањето против Маритимо, а шпанскиот напаѓач Тони Мартинез не ни успеа да шутне на метро од гол.

Најчудна судиска реакција на сезоната се случи во Данска

Судија на меч од втората фудбалска лига на Данска меѓу Вендсисесел и Фредериција при еден напад гостите кои имаа шанса за гол, реши да не пушти предност после очигледен прекршок, досуди фаул, па во ист момент жив се изеде зошто не пуштил игра и направил грешка.

Вие ќе останете на аут линија, јас отидов

Со две победи од по 1:0, Нуно Еспирито Санто бележи убав старт во Тотенхем. Прво против Сити, а синоќа против Вулверхемптон од каде дојде. Внимавајте добро што им направи на двајца, крилото Стивен Бергвијн кој во јануари 2020-та пристигна од ПСВ.