По инцидентот во ФК Парк, Ѓорги Христов се огласи во улога на директор на академијата и бил нападнат заедно со уште еден поранешен репрезентативец, Миле Крстев.
Вели дека сцените биле хаотични и стресни за децата од седум годишна возраст и апелира сторителите да бидат најстрого казни.
„Човек што се претстави како в.д. амбасадор на Катар дојде со своето обезбедување и почна да бара некоја правда. Прво ме нападна мене, па потоа и тренерот Миле Крстев. За веднаш потоа да извади нешто налик на пендрек и да почне да мавта со него на сите страни. Се случи хаос, децата се извадија од памет, како сега да ги вратиме во колосек седумгодишни момчиња кои беа сведоци на тој настан. Дечиња кои се виновни што сакале да бидат новите Барди, Елмас, Ристовски видоа грозна глетка.
Едвај ги смиривме синоќа, а сигурно ќе имаат последици од тоа. Замислете во тоа дивеење, да беше удрено некое детенце. Апелирам сторителите да бидат казнети најстрого иако според тоа што досега се случува не верувам во такво нешто. Ако имаме нормална држава ова одамна ќе беше разрешено, без јавувања и протекции од највисоките ешалони на власта", вели Христов.
Инаку академијата ФК Парк е во сопственост на Сергеј Самсоненко и се работи за поранешна Академија Вардар, веднаш до Градски стадион.