Фудбал

Песна на колото во англиска трета лига

Некогашниот освојувач на ФА Купот (1938/39 и 2007/2008) Портсмут некогаш беше редовен премиерлигаш. Сега игра во трета лига, на 17. место се со 4 победи, 3 нерешени и 6 порази. Без никакви шанси да се приклучат на врвот. Синоќа изгубија 0-4 од Ипсвич Таун а навивачите тотално ја погодија вечерта со една песна.

Елиф мешаше во соблекувална

Клупскиот колега од Косово, Амир Рахмани го снимаше Елмас и напиша дека бил роден само за на свадби. Адекватна атмосфера во соблекувална за тим кој има 8 од 8 во Серија А. Во Лига Европа играат дома против Легија.

Кои се новите три рекорди кои ги постави Кристијано Роналдо?

Навивачите на Манчстер Јунајтед синоќа почнаа да ги пакуваат куферите на Оле Гунар Солскјер за време на мечот со италијанска Аталанта. Во првиот дел Бергамашите апсолутно доминираа на теренот и сосема заслужено водеа 0:2 на полувреме.

Тимо Вернер пак

Челси со 4-0 го совлада шведски Малме за кого од 58’ минута играше новиот македонски репрезентативец Ердал Ракип. Кристенсен, Жоржињо два пати од пенал и Кај Хаверц му донесоа нови три бода на Челси ама Тимо Вернер си дозволи ново промашување пред гол и им даде нов шлагворт на редовните мајтапџии.

Охридски автогол на месецот

Спортската среда не е само Лига на шампиони. Имаш и македонски Куп на пример и автогол кој може да му парира на оној на Бразилецот од Бенфика. Додуше овој беше понежен спрема својот голман, а оној на мечот против Баерн немаше осет.

Магијата на Сане од Баерн од слободен

Баварците се бараа на почеток на сезоната и сега кога се најдоа со новиот тренер Нагелсман, Европа нека му ја мисли. Решетаат по 4, 5 гола било каде било кога. Откако го демолираа Леверкузен на гости минатиот викенд, синоќа со Бенфика до 70’ минута резултатот беше 0-0, конечен 0-4. Отвори Лирој Сане, репрезентативецот на Германија со луд слободњак.

Навивач влета на терен и му се сипа на Роналдо

Со јакиот кам бек, Кристијано Роналдо го остави во игра и Манчестер за пласман во топ 16 и Солскјер на клупата. Само нејасна е намерава на навивачот кој со жесток спринт му влета на Португалецот. Дали го сакаше дресот или?

Автогол на Бенфика кој не го бранат двајца голмани

Португалците се соочија со дебакл против германската машинерија и примија 4 гола од Баерн Минхен. Еден од стрелците беше и бразилецот Евертон Соарес кој во обид да ја спаси, душмански ја заби топката.

Спектакуларен пресврт на Манчестер во режија на Роналдо

Спласна голеадата во втората ноќ од 3. коло во ЛШ. Вчера видовме 35 гола, а вечерва 24. Јувентус и Баерн Минхен со 3 од 3 итаат кон нокаут фазата, а највозбудливата битка се водеше на Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед успеа да ја совлада Аталанта по негатива од 0:2 на полувреме. Мечот го свртија Рашфорд, Мегваер и Роналдо.

Волеј на Пике за прв триумф на Барса во ЛШ

По убедливите порази од Бенфика и Баерн, Каталонците стигнаа до првите 3 бода во ЛШ и ги задржаа шансите за осминафинале. Мечот го реши Џерард Пике кој стана најстар стрелец на Барселона во елитното натпреварување. Салцбург направи голем исчекор за влез во нокаут фаза.

Уште се раскажува еден погодок на легендарниот голман Пантелиќ кој постигна преку 30 комада

Култниот југословенски голман Драган Пантелиќ не успеа да се одбрани од коронавирусот. Српските медиуми информираат дека утринава починал во болница на 69 годишна возраст.

Како се играл фудбал овде воопшто?

Плимут Аргајл и Болтон одиграа меч од англиската Лига 1. Домаќинот победи 3-0 ама условите за игра беа незапамтени. На ваков потоп уживаат да играат островјаните, особено во пониските дивизии.

Зошто Симеоне избега и не се поздрави со Клоп?

Атлетико Мадрид и Ливерпул го одиграа најдобриот меч досега после три кола во Лига на шампиони. Имаше голови, стартови, картони, шанси, драма. Црвените на крај славеа 2:3 а на крајот од мечот Диего Симеоне само истрча брзински кон соблекувалните без да се поздрави со Клоп.

Остај ти паненката на Меси, чекај да видиш еден пенал во англиско подземје

Додека Лионел правеше шоу во Париз и го крена „Парк на Принцови“ на нозе за победа после пресврт со РБ Лајпциг, на мечот Јеовил - Вејмут (1:1) од англискиот ФА Куп се изведуваа пенали. Домаќините промашија 4 пенали, гостите 2. Еве како изгледаше еден од изведените удари.

Спектакуларно пиро-шоу на дербито Ајакс - Борусија Дортмунд

Навивачите на Ајакс и на Борусија Дортмунд направија неверојатно пиротехничко шоу на стадионот во Амстердам. И домашните и гостите во нивниот сектор распалија еден куп бакљи и огномети и се придружија на барањата до УЕФА, да се легализира пиротехниката.

Шериф загуби за прв пат во ЛШ, ама видовте ли каков гол даде поранешниот градинар?

Разврската во групата Д од ЛШ ќе биде супер занимлива за следење. И по 3 кола дебитантот од Молдавија каде игра наш Боби, е прв со 6 бода, исто колку што има и Реал. Интер е трет со 4, а Шахтјор има 1. Хитот од Луксембург, Себастијан Тил кој го закопа Реал, очигледно дека е претплатен само на евроголови.

Немилосрдниот Мбапе им кршеше кичми на Германците

Никој после овие клипови нема да зборува за пеналот кој го промаши на крај, затоа што ПСЖ победи, Килијан даде гол во негов стил и ги вадеше од колосек противниците.

Двете најјаки одбрани се случија во Мадрид и Амстердам

На 8 средби паднаа дури 35 гола во Лига на шампиони, а да немаше вакви паради ќе беа и повеќе. Внимавајте добро на 37 годишниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер и на Алисон Бекер. УЕФА прашува која е за број 1? Спречени егзекутори беа Халанд и Гризман.

Банерот за Меси и средбата со Роналдињо

ПСЖ ја задржа лидерската позиција во групата А на бод пред Сити, а најголемиот дел од заслугите одат кај Меси, кој за 7 минути ја сврте и ја затвори против Лајпциг. Во центарот на вниманието - Лео Меси. 

Меси го спаси ПСЖ со два гола, Ливерпул го освои Мадрид

Супер ефикасна вечер во 3. коло од Лигата на шампионите. Голови паѓаа како дожд во Бриж, во Истанбул, во Мадрид, во Амстердам, во Доњецк, во Париз. Гризман даде два гола против Ливерпул за брзо израмнување на резултатот, ама после направи глупост и доби црвен картон со што го чинеше тимот пораз.

Петарда на Сити во Белгија, гол даде ново дете на Пеп

Во првите дуели од 3. коло од групната фаза на Лига на шампиони, Манчестер Сити го растури Клуб Бриж на гости со 1:5, а Спортинг Лисабон го декласираше Бешикташ среде Истанбул 1:4.

Има 9 години и 470.000 лајка за лудите потези

Рејлон Тонг Џуниор има само девет години ама она што го прави на мал фудбал во САД веќе на големо го пренесуваат најпознатите спортски медиуми во светот. Не се гледа баш секој ден вакво нешто.

Кој и да гази на старт во Серија А, Јуве пак е шампион

Серијата на Наполитанците од 8 победи по првите 8 кола, отвори интересна тема која низ статистика демонстрира една работа. Моќта на Јувентус.

Како шпанскиот бек од Тотенхем приметил дека некој се бори за живот на трибините во Њукасл

Фудбалерите на Тотенхем, Серхио Регилон и Ерик Дајер се јунаци на колото откако први брзо реагираа кај судијата да го прекине мечот и лекарите од клупите да реагираат на трибините каде на некој навивач му се пружала прва помош.