Фудбал

Добро, пријателска е ова или финале на Европско?

По материјалот од Венеција, добивме нови убави видеа од наш драг читател. Овој пат од Варшава, каде Полска ја совлада Турција со 2:1. Да не верува човек дека вака може да изгледа атмосферата на пријателска средба. Кореографијата е на цел стадион обоен во црвно бела боја, знамињата на терен огромни, химната грми, а трибините крцаат, скоро 60.000 публика. Да гледаме и да учиме. Прекрасно.

Џереми Фримпонг со ретко видена пас мајсторија

Холандија синоќа тестираше против Исланд кој го доби убедливо со 4:0. Бекот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, воодушеви со оваа интелигентна убавица од додавање.

Скок во далечина и исчезнат селектор во Полска

Привршуваат тест средбите пред Европското во Германија. Полска играше пријателска против Турција која ја доби со 2:1. Режисерот на мечот во еден момент направи магија откако го даде во кадар селекторот Михал Пробиерц, а на Павел Давидович веќе му ја одредивме дисциплината во која треба да се такмичи.

Премиер лига ги собра најголемите утки на сезоната на едно место

Зицер до зицер и тоа од првокласни врвни центарфори. Промашувања какви што се незамисливи ниту на видео игрица.

Видовте ли тинејџерот на Реал како го реши Мексико во 96-та минута?

Ендрик од Палмеирас кој е роден 2006-та и кој следниот месец ќе му се приклучи на Реал Мадрид е прв Бразилец после Пеле со 3 гола на првите 5 настапи постигнати под 18 години. Голот за конечни Мексико - Бразил 2:3 го прослави во стилот на Меси, а му асистираше Винисиус.

Утка на колото

На мечот меѓу женските тимови на Хакен и Кристијанштад од Шведска кои се на второ и трето место на табела гледачите можеле да видат 4 гола (2:2), но и шанса пред празен гол каква што не се пружа секој ден.

За прочуеното „Пургеру“ на Дејо Савичевиќ и како реагирал кога новинарот му пратил касета

„Новинарот кој ми го правеше интервјуто ми вети дека ќе го исече тој дел. Ми се јави после седум дена и можете да замислите што сè му реков на него“. Миха? Најхуман човек од наша генерација. Парите ги гледаше само како хартија. Срце ме боли за него.

Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со сите репрезентации

Од 14-ти јуни до 14-ти јули во една од најфудбалските земји на светот, Германија, ќе се игра Европско првенство 2024. Одиме по ред со запознавање со најдобрите селекции на континентот кои обезбедија пласман. Почнувајќи од денес, во следните денови ќе се сретнеме со секоја група на Евро 2024.

Него што правиме сега, фудбалот е за жени или не?

Наш фудбалски судија кој суди втора лига мажи и прва жени, скоро ни раскажа како бил сведок на инцидент кој скроз не го очекувал додека бил на должност. Се лупале наши фудбалерки со боксови. Во пар денови после тој муабет налетуваме на два такви настани во други земји. Се разбира дека одма го прашавме за видео. Да имаше, до сега веќе ќе го објавевме.

Чешки фудбалер пропушта Европско поради пад од велосипед

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18:00 часот ќе игра против Чешка пријателски натпревар кој за Чесите ќе биде генерална проба пред големото Евро 2024 кое се игра од 14-ти јуни до 14-ти јули во Германија. Но Чесите ќе играат без одличниот Михал Садилек.

Мал фудбал на денот

Се случува вакво нешто обично пред крај на термин, кога се изморени и едните и другите.

Чудниот ритуал пред секој прекин

Нешто налик ринге-ринге-раја, со тоа што голманот не знае од кај ќе му дојде топката и кој ќе му шутира. Зезнато ај ти.

Фоден, Белингем и Саутгејт играат без да тапне

Фил има 23 години, Џуд 20, а нивниот селектор 53. Кој би рекол? Па како да тренираат тројца репрезентативци на Англија. Плус шланг е човекот.

Голманиште број 1 во Македонија

Спиете ли мирно Џиџи Буфон, Франческо Толдо, Џанлука Паљука, Оливер Кан, Мануел Ноер и Столе Димитриевски?

Срдечна средба на Ибра и Пикси

„Да не ти треба играч?“ му се понуди Златан на Стојковиќ после пријателската која Србија ја доби на гости против Шведска со 0:3. Му посака среќа на Европското и му порача дека важно е да има дисциплина во тимот, а овој се сложи со него и рече дека е добро што нема повредени. Инаку шведската легенда додаде дека ако го ставеле, ќе можел да одигра 20 минути.

Шведска му се поклони на Златан Ибрахимовиќ

Една година откако и стави крај на играчката кариера во Милан, Ибракадабра и официјално беше испратен и во репрезентативна пензија со шоу организирано во својата земја.

Мурињо со прашања до Чет Џи-пи-ти

Фенербахче многу добро знае каков шоумен донесе. Тренер со кој е доста забавно и надвор од тие 90 минути фудбал. Клубот веќе почна да снима штосни видеа со него.

На јако видео налетавме

Автобуска прослава после Бари 1991. Роби ѕенѕа во позадина, а Дејо и Миха урлаат на микрофон. Бесценети моменти.

Фудбалскиот летен празник со преноси на МТВ

17. издание на Европските првенства кое ќе ни го разубави летото и ќе ни ја зголеми желбата за пиво, ќе се одржи со 24 земји учеснички, во 10 германски градови,  во периодот 14 јуни - 14 јули и со преноси на МТВ. Загревајте се за спектакл.

Кои се најскапо а кои најслабо платени селектори на Европското?

Селекторите на Хрватска и Србија заработуваат повеќе годишно од селекторите на Данска, Шпанија, Унгарија и многу други. Вили Сањол направи чудо со Грузија но остана на дно по заработки од селекторите на Евро 2024.

Ал Ахли, тимот кој знае само да победува и брои 151 трофеј во 117 години

За да нема забуни, уште на старт да расчистиме. Не е ова Ал Ахил од Саудиска Арабија каде игра Џани Алиоски, туку Ал Ахил од Египет. Освои Лига на шампиони во Африка, по 20-ти пат во историјата.

Египетско додавање на денот

Во квалификациите за Светско првенство 2026, Египет со 2-1 ја победил Буркина Фасо. Египќаните уште до 6-та минута воделе со 2-0 а имале и други шанси за поубедлив триумф. Особено после оваа акција со невозможен пас.

На баци нога кај Тони

Да, до толку вреди Тони Крос, архитектот во играта на Реал Мадрид во изминативе 10 години. Нозете му ги бацуваа Рудигер и Винисиус, ама буквално.